Започна новогодишното украсување, Центар е прва општина што украсува


  Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека синоќа почна новогодишното украсување на улиците во Општина Центар. „И оваа година со празнично украсување внесуваме новогодишна магија во секое катче на нашата општина. Со внимателно одбрани декорации, елки, светлосни фигури и уникатни украси, целта е да создадеме атмосфера што ќе ги инспирира и обедини сите […]

Малолетници обиле багер и со него оштетиле паркирано возило во Центар


Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило. Дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета. Полицијата веднаш изврши увид и ги презема сите мерки за утврдување на одговорноста. Градоначалникот Горан Герасимовски апелира до […]

Герасимовски: 2.500 денари за пензионери во социјален ризик и приматели на социјална помош


Трета година по ред Општина Центар распишува Јавен повик за доделување еднократна парична помош за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари. Јавниот повик е објавен денеска и важи до 29.11.2024 година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакнува дека висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.500,00 денари […]

Ако живеете во Центар, може да учествувате во креирањето на општинскиот буџет


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на буџетскиот форум за 2025 година, кој ќе се одржи во понеделник, 21 октомври 2024 година, во ООУ „Ј.Х. Песталоци“ со почеток во 19 часот. Овој форум претставува можност граѓаните директно да влијаат врз креирањето на општинскиот буџет, предлагajќи проекти и […]

Финансиска поддршка за поправка и санација на кровови и лифтови во Општина Центар


Општина Центар распиша Jавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постојните кровни конструкции и постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар што се во согласност со Програмата за комунални дејности за 2024 година. Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и […]

Герасимовски: ООУ „Свети Кирил и Методиј“ ја започнува учебната година со нови смарт табли и клима уреди


Во текот на летниот период, Општина Центар спроведе бројни реконструкции, реновирања и набавка на дигитална опрема во сите осум општински основни училишта. ООУ „ Свети Кирил и Методиј“ исто така доби нова опрема – седум смарт табли и десет клима уреди. Со оваа инвестиција, речиси сите училници сега се опремени со клима уреди и со […]

Герасимовски: Стартува јавниот повик за проектот „Нега на стари лица во домашни услови“


Започнува Јавниот повик за проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ кој опфаќа 90 корисници, жители на Општина Центар. Преку овој проект граѓаните корисници во сопствениот дом бесплатно добиваат помош и поддршка од страна на стручни и обучени лица. Три пати во неделата по два часа ги посетува негувател кој им помага во извршување […]

Општина Центар распиша јавен повик за лични асистенти за 25 ученици со посебни образовни потреби


Општина Центар во рамки на проектот „Образование за сите“ и во учебната 2024/25 година ќе ангажира 25 лични асистенти за поддршка на учениците со посебни образовни потреби и индиректно на нивните семејства. Во таа насока, велат од Општина Центар, распишан е јавен повик  за работно ангажирање на невработени лица кои во период од девет месеци, колку што […]

Полицијата шест дена не може да ги најде вандалите од Центар


  Полицијата интензивно работи на откривање на малолетните вандали, кои пред речиси една недела кршеа реквизити на детско игралиште во скопски капиштец, а видео-снимката ја сподели градоначалникот на Општина Центар. – Во Полициската станица од општа надлежност „Центар“ се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. […]

Герасимовски за справување со вандализмот побара помош од професионалци


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски иницираше средба со проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова од Институт за социологија при Филозофскиот факултет на која разговараше за девијантните појави и вандализмот во Капиштец. На средбата беше потенцирано дека вандализмот и деструкцијата кај младите е проблем кој мора да се адресира со соодветни законски решенија и стратегија. -После […]

Герасимовски до Град Скопје: Преполните контејнери се потенцијална зараза, чистете ги навреме


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го повикува Град Скопје редовно да го чисти ѓубрето во општината особено за време на високите температури. Герасимовски алармира дека вреќи и купишта ѓубре има на многу делови во општината од кои се шири неподнослива миризба. „Вреќи и куп ѓубре околу контејнерите не само што е лоша слика за […]

Во општина Центар засилено полициско присуство за поголема безбедност


Синоќа, полициски службеници од СВР Скопје почнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата. Целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен […]

Деца кршат и дивеат со дувалка за лисје во Центар – градоначалникот побара помош од полицијата (видео)


Општина Центар откако неколкупати досега алармираше за дивеењето на делови во општината денеска до јавноста испраќа видео снимки со цел да се види загрижувачкото однесување на младите. Видео снимките на кои се гледаат сцени на деструкција, вандализам и тероризирање на јавниот простор наменет за деца, до општината ги испратија исплашени граѓани од околните згради близу детското […]

Утре бесплатен паркинг во Центар


По повод претстојниот празник „Духовден“ од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека утре (петок) паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 22.06.2024 година (сабота) со вообичаено работно време, додаваат оттаму. 

Обновена хоризонталната сигнализација во Буњаковец


Службата за бележење на хоризонтална сигнализација на ЈП Паркинзи на Општина Центар изврши обновување на сигнализацијата во сектор Буњаковец во околината на Општинското Основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ и градинката „13 Ноември“ како и во сектор Пролет ООУ „11 Октомври“. – Во наредниот период службите продолжуваат со бележење во зоните на образовните институции кои се […]

Уништена урбана опрема и реквизити на детско игралиште во Центар


Во текот на изминатите денови непознати сторители уништиле дел од урбаната опрема во Капиштец , Водно и Дебар Маало. Станува збор за клупа и дел од реквизити од детските игралишта „Партение Зоографски“, Славка Недиќ и новото игралиште близу т.ц Зебра. Искинати се кабли и уништени се лулашки и огради, а со тоа и оневозможена е […]

Фото-провокација: Покажете ни го Скопје во поубаво светло!


Утописки, надреални сцени може да забележаите ако сакате, со само една кратка прошетка во строгиот центар на главниот град – по кејот на Вардар и плоштадот „Маледонија“. Ваков е погледот кон кулите во изградба спроти хотелот „Холидеј Ин“, ако се шетате по кејот на Вардар. Суво дрво, исчкратн потпорен ѕид и скудна ограда по пристапната […]

Филмска вечер пред „Рамстор мол“ – на репертоарот и два екодокументарци


Општина Центар и „Рамстор мол“ ја продолжуваат соработката во насока на збогатување на културниот и социјалниот живот на граѓаните. Затоа, оваа среда, на 12 јуни, со почеток од 19 ч, организираме филмска вечер пред платото на Трговскиот центар „Рамстор мол“. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува граѓаните на филмско дружење под отворено небо. […]

Дел од општина Центар без вода


Без вода денеска од 9 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ бр.22, во општина Центар.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок од Ф-80 милиметри на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ бр.22. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Заедничко дружење и дегустација на храна во паркот на франкофонијата


Во организација на Општина Центар утре, во Паркот на франкофонијата од 17 до 19 часот ќе се одржи манифестацијата „Нож и вилушка на европска чинија“. Општина Центар како домаќин на овој настан на посетителите ќе им понуди квалитетно после работно дружење, преку уникатно музичко и гастрономско доживување.   Паркот на франкофонијата ќе биде точка каде ќе […]