Српската Влада ги ограничи цените за брашното, зејтинот, млекото, шеќерот и ги намали акцизите за горивата


Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Владата на Република Србија соопшти дека на денешната седница на Владата биле усвоени Уредбата за ограничување на цената на основните прехранбени производи и Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати – кој се продолжува до 31 јули. Донесена е и Одлуката […]

Бектеши незадоволен од намалувањето на цените, најави проширување на одлуката за трговските маржи


Цените не се намалени согласно нашите очекувања со одлуката за замрзнување на маржите и најверојатно во текот на наредната недела ќе се прошири одлуката и ќе се менува согласно начинот на кој се прави трговијата, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -На дневна основа ја следиме состојбата и добиваме извештаи од страна на Државен […]

Рекорден раст на цените на производителите во Германија


Растот на цените на производителите во Германија се искачи на ново рекордно високо ниво во мај, поттикната од цените на енергијата, покажуваат податоците на германската статистичка канцеларија Дестатис во понеделникот. Производните цени на годишно ниво скокнаа за 33,6 отсто во мај, од 33,5 отсто во април. Претходно се проценуваше дека во мај повторно ќе порасне […]

Вицегувернерката Митреска: Се очекува стабилизирање на глобалните цени на храната и енергенсите


Шокот што го предизвика војната во Украина врз цените на примарните производи на светските берзи придонесе за поголема нагорна корекција на стапката на инфлацијата и кај нас. Aко очекувавме раст на цените на нафтата од четири отсто во октомври, сега очекувањата за оваа година се околу 50 отсто, кај храната се очекуваше главно стагнација, а […]

Дали на бранот на зголемување на цените некои се обидуваат да заработат повеќе?


  Бранот на зголемување на цените сѐ повеќе зема замав и веќе не е ограничен само на енергентите и на прехранбените производи, туку поскапува буквално сѐ. Најновите статистички податоци покажаа дека Македонија влезе во зоната на двоцифрена инфлација – таа во април достигна 10,5 отсто на годишно ниво, а само за еден месец трошоците на […]

Угостителските услуги во март поскапеа 2,7 отсто, за една година 7,1 отсто


Цените на угостителските услуги во март годинава се зголемени за 2,7 отсто во споредба со претходниот месец, а во однос на март 2021 година пораснале за 7,1 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со февруари 2022 година, зголемување на угостителските цени е забележано во групите: Храна за 3,4 отсто, Алкохолни пијалаци […]

Бектеши: Ако треба ќе донесеме дополнителни мерки за ублажување на цените


На Владата и се на располагање дополнителни автономни мерки и ако утврдиме дека дополнително може да се влијае во делот на ублажување на цените откако ќе се направат потребните анализи ќе бидат донесени, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши во гостување на ТВ Сител, досега се направени над 1100 контроли […]

РКЕ и денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати што ќе важат од полноќ. Од РКЕ информираат дека се исполнети предусловите за носење нова одлука за цената на горивата што ќе биде во сила од полноќ. Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на […]

Цена на горивата во Европа: Во 12 држави литар бензин е поскап од две евра


  Со усвојување на антикризните мерки во Собранието литар „обичен“ бензин чини 86,5, а „супер“ 88 денари. Дизелот имаше поголемо намалување и неговата цена е 88 денари за литар. Војната во Украина доведе до големи земјотреси на светските пазари, а цените на бензинот, дизелот и бензинот скокнаа насекаде во светот, во неколку европски земји цената […]

По горивата, корекции на цените и на основните производи


По поевтинувањето на горивата, се очекува од денеска да има корекции и на цените на основните прехранбени производи согласно владините антикризни мерки и законските измени за висината на акцизите и стапката на ДДВ што во петокот добија зелено светло во Собранието. Треба да се усогласат цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, […]

Пониски цени на основните производи и на горивата – почна примената на антикризните мерки


Цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата, безоловниот бензин, дизелот, црвената нафта ќе се намалат како резултат на донесените мерки за намалување на ДДВ и акцизата, изјави денеска на прес-конференција во Владата министерот за финансии Фатмир Бесими. Бесими апелираше граѓаните и стопанствениците да не веруваат во лажни вести, нагласувајќи дека […]

Во февруари регистрирани рекордно високи цени на храната во светот


Италија– Светските цени на храната во февруари беа на рекордно високо ниво, зголемени за дури 24,1 отсто во однос на претходната година, а се поттикнати од растот на цените на маслата за јадење и млечните производи, соопшти Агенцијата за храна на ОН. Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), што го […]

Нови, пониски цени за паркинг во Скопје


ЈП Градски паркинг- Скопје ги известува граѓаните и своите корисници дека од денес се воведуваат нови цени за паркинг услугите на зонско. Новите, намалени цени се однесуваат на час паркирање и ќе важат за сите зонски паркинзи со кои стопанисува претпријатието. Новите цени се: Зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, Зона А […]

Ограничени маржи наместо замрзнати цени на основните прехранбени производи


Стапи во сила одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало, што минатиот вторник ја донесе Владата на предлог на Министерството за економија, а престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Новата одлука, во која на листата на […]

Што ќе поскапи поради нападот на Русија врз Украина


Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина би можела уште повеќе да ги зголеми цените во време кога инфлацијата веќе се зголемува најбрзо во последните децении. Економистите се натпреваруваат да го проценат влијанието на нападот, кој може да ја предизвика најголемата војна во Европа од 1945 година. Малку е веројатно дека конфликтот […]

Цената на природниот гас во Европа се намали за 28 отсто


Цените на природниот гас во Европа се намалија на речиси 1.100 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE. Од почетокот на денешниот ден цената на „синото гориво“ е поевтина за над 28 проценти. Цената на мартовските фјучерси на центарот TTF за само десет минути се намали за речиси 100 долари од […]

Зголемени цените на угостителските услуги во јануари


Цените на угостителските услуги во јануари се зголемени за 2,4 проценти во споредба со декември лани. Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, зголемување има кај услугите за храна за 3,3 проценти, алкохолни пијалоци за 2,4 проценти, безалкохолни пијалоци за 0,9 проценти и ноќевањата за 0,3 проценти. Во споредба со јануари лани, забележано е […]

Европските влади со мерки поради високите цени на енергенсите


Наглиот пораст на цените на енергијата на пазарот ги активира европските влади обидувајќи се да ги заштитат граѓаните од ценовниот шок и да им помогнат во плаќањето на високите сметки.   Австрија   Австриската влада најави финансиска помош за домаќинствата кон крајот на јануари и го суспендираше паушалот за зелена струја оваа година, проценувајќи ја […]

Зголемени цените на угостителските услуги


Ииндексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во споредба со ноември 2021, е зголемен за 0,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување е забележано во групата Храна за 0,4 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,6, Безалкохолни пијалаци за 0,6 и Ноќевања за 0,6 отсто. Индексот на цените на угостителските услуги во декември […]

Утре ќе се знае колку ќе поскапи парното


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе го разгледува барањето на БЕГ, а утре се очекува да соопшти колку ќе поскапи парното. Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, ќе се бара начин да нема драстично зголемување на цената. Тоа, смета Бислимовски, не е опција, зашто корисниците на парно ќе се исклучат од […]