Подобро по 2.000 денари на сиромашните, отколку да се замрзнат цените на производите


Претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров не се согласува со одлуката за замрзнување на цените на прехранбените производи. Димитров вели дека тоа не е решение на долг план, а исто така предложи што е подобро да направи Владата во овој случај. – Некој ќе праша, ја намаливте цената на лебот, но не на лековите […]

Поскапуваат бензините, дизелот поевтинува


Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31% во однос на одлуката од 6.3.2023 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната […]

Замрзнувањето на цените почнува на 16 март, Владата бара компаниите да мислат и на граѓаните


  Ако цената на 1 март цената на млекото била 76 денари за литар, тогаш на 16 март овој производ треба најмалку да биде поевтин за 7,6 денари. Или, ако цената на некој производ опфатен во најновите владини одлуки била 80 денари, тогаш од наредниот четврток, треба да биде најмногу 72 денари. Ова се однесува […]

Ако компаниите ги намалат цените повеќе, ќе се разговара да добијат државна поддршка, вели Бектеши


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека ако компаниите од прехранбената индустрија одлучат да ги намалат цените повеќе од процентот предвиден со одлуката за замрзнување, ќе се разгледа опцијата да добијат поддршка од државата. -Донесовме одлука намалувањето да биде минимум 10 отсто, но ако компаниите одлучат и ги намалат цените за 20 отсто, […]

Бектеши од граѓаните преку анкети ќе бара решение за инфлацијата и цените


Мерките и активностите што ги презема Министерството за економија за поддршка на домаќинствата и компаниите за справување со енергетската и економската криза и подобрување на животниот стандард на граѓаните, беа тема на разговор на денешниот работен состанок на министерот за економија Крешник Бектеши со претставници од Националниот демократски институт (НДИ). На состанокот, на кој присуствуваа […]

Бектеши: Компаниите да го исполнат ветувањето за пониски цени


Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика компаниите да го одржат ветувањето за намалување на цените на производите. Ако има случаи на кризни профитери, како што најави денеска, ќе побара поддршка од пратениците да се донесе закон за солидарност, а средствата што ќе се соберат ќе се дадат на граѓаните за директна поддршка преку дополнителните […]

Европа може да очекува нормализирање на цените на гасот дури во 2025 година


Цените на природниот гас во Европа треба да се нормализираат дури во 2025 година со употреба на течен природен гас (ЛНГ) и зајакнување на заедничката инфраструктура. Според извештајот на агенцијата „Фич“ насловен „Најлошата гасна криза во Европа заврши“, обезбедувањето на течен природен гас и зајакнувањето на инфраструктурата се издвојуваат како клучни фактори за долгорочното снабдување […]

Паѓаат ли паѓаат – цените на гасот во Европа се спуштија под 800 долари


  Европскиот пазар на гас ја дочека 2023 година со нов значителен пад на цените. Поради топлото време и рекордните испораки на ЛНГ, цената на гасот во холандскиот центар ТТФ во понеделникот, 2 јануари, падна под 800 долари за илјада кубни метри за прв пат од почетокот на војната. Фјучерсите на гас за испорака во […]

Битиќи: Разумна одлуката на РКЕ, од 1 јануари поголемо намалување на цените на прехранбените и на други производи


Сметам дека од 1 јануари би требало да очекуваме уште поголемо намалување на малопродажбите цени на основните прехранбени производи, но и на другите производи, затоа што голем дел од товарот што тие навистина можеби го гледаа им го тргаме и Владата им излегува во пресрет, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на попладневното продолжение […]

Српската Влада ги ограничи цените на маслото за јадење, шеќерот и брашното


Владата на Србија денеска ја ограничи цената на основните прехранбени производи – цената на сончогледовото масло за јадење не смее да надмине 219,99 динари за литар, цената на белиот кристален шеќер не смее да биде повисока од 114,99 динари за килограм, а брашното од типот Т-400 не смее да биде повисоко од 84,7 динари за […]

Цените на нафтата во САД се вратија на нивота пред војната во Украина


  Цените на нафтата во САД во понеделникот накратко паднаа на најниското ниво од 2021 година, додека инвеститорите се подготвуваат за дополнително забавување на кинеската економија. Изненадувачкиот пад на цените на енергенсите во последните неколку месеци дополнително треба да ги намали инфлациските притисоци, потенцијално поставувајќи ја ФЕД – и другите централни банки – да го […]

Прехранбените производи ќе треба да ги поевтинат и оние кои не се пријавиле за бенефицирана струја


  Се знае какви одлуки ќе се носат на Влада ако од 1 декември нема намалување на цените на основните прехранбени производи согласно компонентата или, пак, инпутот на електрична енергија, порачуваат одговорните во власта. -За оние кои нема да користат повластена цена на струјата ќе следат други мерки кои ќе се донесат во случај да […]

Од илјада компании, до сега околу 300 побарале повластена цена за струјата, рокот истекува утре


Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика комапниите да ја искористат можноста и да поднесат документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември со оглед дека рокот истекува утре, 23 ноември.  Од околу илјада компании кои го исполнуваат условот за ваквиот премин, според шифрата на дејност која ја […]

Како да се скротат цените


Над економското небо во земјава, но и во Европа и натаму се темни облаци. Надежите дека кризата ќе попушти и дека економските текови ќе се вратат во некоја нова нормала се одложуваат за подоцна, барем ако се суди според најновите есенски економски прогнози што ги објави Европската комисија во петокот. Клучните поенти се дека инфлацијата […]

Трето поскапување на горивата за неделава – дизелот поскап за 3 денари


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59% во однос на одлуката од 5.10.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за […]

ЕУ се согласи за ограничување на цената на нафтата во новиот пакет санкции за Русија


  Амбасадорите на ЕУ постигнаа договор за нови санкции кои ќе ја погодат војната на Владимир Путин со Украина, вклучително и ограничување на цената на продажбата на руската нафта, според европските дипломати. Пакетот, кој е 8. рунда против Москва, беше предложен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен минатата недела, откако рускиот претседател […]

Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот


Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот, со цел да ги заштити домаќинствата од растечките цени на пазарот, информираше премиерот Петр Фијала. Како и други европски земји, Чешка одлучи да ги заштити граѓаните и компаниите од растот на цените на пазарот во период на намален проток на руски гас […]

Министрите на ЕУ без договор за највисоките цени на рускиот гас


Министрите за енергетика на ЕУ побараа од Европската комисија (ЕК) да подготви предлози за ограничување на цената на приходите на добавувачите на енергија кои не користат гас со цел да се намалат трошоците за крајните потрошувачи, се вели во нацрт-заклучоците од денешниот министерски самит, што Ројтерс имал пристап до, пренесува Танјуг . Министрите и препорачаа […]

Зголемувањето на каматите на централните банки ќе го „скроти“ ценовниот раст


  Зголемувањето на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување очекувања за раст на инфлацијата. Меѓународните институции очекуваат стабилизирање во следниот период, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните […]

Светските цени на храната почнаа да се намалуваат откако стигнаа до рекордни височини


  Глобалните цени на храната се намалија во јули, но сепак се многу повисоки од ова време минатата година, објави во петокот Организацијата за храна и земјоделство на ОН. Иако цените остануваат високи, тие сега се намалуваат петти месец по ред, паѓајќи за 8,6% во јули во споредба со јуни, според индексот на цените на […]