Мицкоски на средба со европратениците Вајгл, Кукан и Флекејштајн


Христијан Мицкоски денес (26 февруари 2018та година) заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот Комитет, Драган Данев оствари средба со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекејштајн. На средбата се разговараше за актуелните состојби, за застојот со европските интеграции и предизвиците на државата на општетсвен и политички план. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски […]

Мицкоски: Граѓаните се за 11 проценти посиромашни споредено со 2016 година


Во текот на денешниот ден ќе остварам средба со тројцата европратеници, господата Кукан, Вајгал и Флекенштајн. На средбата ќе стане збор за актуелната политичка ситуација во државата. Но, она што е поважно за граѓаните е лошата економска состојба на секој од нив поединечно, која што е резултат на погрешните и лоши политики кои што владата […]

Мицкоски на средби со Јанша, Вучиќ и Пленковиќ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски заминуваат на мини турнеја во регионот, јави МИА. Тие ќе остварат средби со политичари од Словенија, Хрватска и Србија. Предвидени се средби со претседателот на СДС и поранешен премиер на Словенија Јанез Јанша, претседателот на ХДЗ и премиер на Хрватска Андреј Пленковиќ и Претседателот на СНС […]

Мицкоски и Ѓорчев на молитвен појадок кај Трамп


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (08 февруари 2018та година) заедно со членот на Извршниот Комитет, Влатко Ѓорчев присуствуваше на 66-тиот молитвен  појадок кој во Вашингтон беше организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп. Настанот беше искористен за разговори со повеќе претставници на Белата Куќа, сенатори и конгресмени, како и влијателни политичари од целиот Свет […]

Мицкоски отпатува во Вашингтон


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на Конференција за безбедност организирана од американскиот Конгресот на САД, во рамки на неговата посетата на Вашингтон На конференцијата се обратил и Сенаторот Роџер Викер, како и конгресмените Роберт Атерхолт и Роберт Питинџер. Во нивните обраќања тие ја нагласиле посветеноста на САД во борбата против теориризмот како и […]

Средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со унгарскиот премиер Орбан


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот Александар Николоски, денеска оствари средба со Премиерот на Република Унгарија и лидер на владејачката партија ФИДЕЗ, г-дин Виктор Орбан, кој беше придружуван од министерот Антал Роган. На средбата,  како соопштила  досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ беше оценета како одлична и од двете страни се потенцираше дека […]

Мицкоски: Политички дијалог за надминување на разликите за клучните прашања


Потребен е политички дијалог за надминување на разликите во однос на клучните процеси во државата, а за негово воспоставување потребна е волја од владејачкото мнозинство, истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со европратениците од групата на Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент, Виктор Боштинару, Тања Фајон и Тонино Пицула. На […]

Средба Мицкоски-Нимиц: Заштита на националниот идентитет на Македонците


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со медијаторот на ООН за прашањето за името Метју Нимиц рекол дека разговорите за името треба да продолжат да се водат во рамката утврдена од Обединетите нации, почитувајќи ги документите и принципите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. […]

На координацијата за предлозите на Нимиц ќе присуствуваат и Иванов и Мицкоски


Координацијата за предложената рамка на медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц ќе се одржи в сабота попладне во Клубот на пратеници. На средбата која е иницирана од МНР, како што потврдија за МИА, ќе присуствуваат претседателот Ѓорѓе Иванов и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. – Министерството за надворешни работи е иницијатор […]

(ВИДЕО) Мицкоски за грчка телевизија: Γо очекуваме предлогот за името


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за грчката телевизија „Антена“ вели дека неговата партија го очекува предлогот за името, но оти не сакаат да се мешаат за да не влијаат на самиот процес. Мицкоски нагласува дека има позитивна атмосфера, но не ја знае причината за тоа, бидејќи со доаѓањето на новата влада немаат никакви […]

Мицкоски: Новиот Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ е со силно мотивирани лица


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека новиот состав на Извршниот комитет (ИК) на партијата избран на вечерашната седница на Централниот комитет (ЦК) го сочинуваат силно мотивирани лица кои ќе имаат позитивен придонес во делувањето на партијата. „Станува збор за силно мотивирани индивидуи, луѓе кои поголем дел од својот живот поминале во партиските структури и искусни […]

Груевски му составил листа на Мицкоски: Кој е „избришан“, а кој влегува во ИК на ВМРО-ДПМНЕ


Поранешниот премиер Никола Груевски замина од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, ама останува во новиот раководен тим на партијата, според неофицијалните информации што доаѓаат оттаму пред најавениот избор на извршниот комитет. Очекувањата се дека во најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе влезат некои од досегашните функционери, повеќе нови имиња, но и личности што во последните години не беа […]

Средба Мицкоски – Бартол: Членството во НАТО цврста определба на ВМРО-ДПМНЕ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од Владимир Ѓорчев и Александар Николоски, остварил денеска средба со делегација на НАТО, предводена од Горазд Бартол, шеф на канцеларијата за врски на Алијансата во Македонија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. На средбата се разговарало за приоритетите на Македонија за нејзино членство во НАТО, актуелните политички случувања во земјата, како и […]

Мицкоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е обединета


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не учествува во работата на Собранието сѐ додека не се создадат услови за нормално демократско функционирање на институцијата, изјави претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, по денешната координација на опозициските пратеници. Зад овој став, според Мицкоски, стои целата пратеничката група. „Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, барем оние кои се на слобода, се […]

Кои луѓе на Груевски ќе останат во тимот на Мицкоски?


Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според неофицијални информации од партијата, веќе го селектира новиот состав на извршниот комитет, кој би бил официјализиран по божикните празници или најдоцна до крајот на годинава. Тогаш, според најавите, би бил именуван и нов генерален секретар на најголемата опозициска партија – функција што во изминатите месеци ја извршуваше токму […]

Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по повод Бадник


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка по повод христијанскиот празник Раѓањето Христово – Божик до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, свештенството и монаштвото и до сите православни верници. – Да продолжиме да даруваме безусловна љубов, поддршка и помош. Овој ден од годината е ден кога во духот на Евангелието […]

Христијан Мицкоски славеше во Струмица (Фото)


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Новата година ја пречека во Струмица со своето семејство. Тој најлудата ноќ ја помина со своите синови Антониј и Јован, како и сопругата Рози која потекнува од Струмица. -Времето поминато со своите најблиски е незаменливо и скапоцено…, Среќна Нова 2018-та година…, напиша Мицкоски на својот ФБ профил.

(ВИДЕО) Новогодишно обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски: ЕУ и НАТО мора да станат достижни цели


Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во новогодишно обраќање до јавноста, негово прво по победата на партискиот Конгрес во Валандово, со низа забелешки и укажувања, но и нагласена потреба од политички дијалог на домашната сцена со цел членството во Европската унија и во НАТО да станат достижни цели за Македонија. Oбраќањето на лидерот на најголемата […]

Груевски: Мицкоски ќе каже дали пратениците ќе се вратат во Собранието


Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски смета дека за тоа дали пратениците ќе учествуваат во натамошната работа на Собранието, треба да се праша новото раководство на партијата. – Партијата има нов лидер и ново раководство и за тие прашања обратете се кај нив, рече Груевски одговарајќи на прашање денеска пред Кривичниот суд. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ […]

Мицкоски се всели во кабинетот на Груевски


Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска му го предал партискиот кабинет на новоизбраниот лидер на партијата Христијан Мицкоски. Груевски му посакал успех во работа на Мицкоски, истакнувајќи дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните очекуваат мудрост и разум во одлучувањето, како и решителност во справувањето со предизвиците наметнати од Владата, пред се, како што е […]