Претседателот Иванов се сретна со Мицкоски, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го прими новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, му го честитал изборот на Мицкоски и му посакал успех во вршењето на функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот Иванов изразил очекување дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, активно ќе дава придонес во процесите за […]

На ливчето немаше друг избор освен „За“ Мицкоски


За „Кинески систем“ и „византиски игри“ во Валандово, обвинуваат дел од делегатите на ВМРО – ДПМНЕ, на кои што воопшто не им се допадна начинот на кој беше организиран конгресот каде се избра наследник на Никола Груевски. Тие го сметаат конгресот за нелегитимен, посочувајќи конкретни примери, со кои, наводно, се гледа како партиската машинерија работи […]

Љубчо Георгиевски: Треба да му се даде шанса на Мицкоски


Љубчо Георгиевски, поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го поддржува изборот на Христијан Мицкоски за нов лидер на партијата. „Христијан Мицкоски од сите имиња што беа кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ сепак е најнекомпромитиран, неизвалкан со афери, најенергичен и конечно најхаризматичен. Христијан има шанса да остави свој печат во Вмро. Треба да му се даде шанса…“, напиша […]

(ВИДЕО) Мицкоски: Политичката одмазда мора да стане минато


Македонија мора да оди напред. Корупцијата, политичките притисоци, политичката одмазда мора да стане минато, изјави новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по неговиот избор. – Македонија мора да има брз и ефикасен правосуден систем, а не уценет и зависен каков што е сега. Правичноста е најбитна. Судиите наместо да бидат мета на политички притисоци, треба […]

Заврши гласањето: Христијан Мицкоски нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Христијан Мицкоски на денешниот 16. вонреден конгрес е избран за нов лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја доби довербата на делегатите со огромно мнозинство. Од 438 пријавени делегати на конгресот, 376 гласале за изборот на Мицкоски, додека 52 ливчиња се неважечки. Претходно денеска, како што пренесе „Независен весник“, Никола Груевски на конгресот во […]

Мицкоски: Ќе бидам претседател на сите


Повеќе од 400 делегати присуствуваа на првиот ден од дводневниот 16 Конгрес во Валандово на ВМРО ДПМНЕ на кој што се избира наследник на Никола Груевски. Меѓу нив се актуелниот лидер, поранешениот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, екс градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски како и еден куп други видни поранешни и […]