„Кога ќе станам премиер ќе те влечеме по улици“ – Арсовска изјави дека така ѝ се заканувал Мицкоски


  Вечерва дополнително се заостри вербалната војна меѓу градоначалничката на Скопје и партијата што ја поддржа на локалните избори – ВМРО-ДПМНЕ. Данела Арсовска во интервју на Канал 5 кажуваше со какви зборови ѝ се заканувал Христијан Мицкоски, а од партијата веднаш одговорија дека биле загрижени за психофизичката состојба на градоначалничката. Оставајќи го речиси без зборови […]

Ковачевски бара извинување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за „изнесените лаги“


  Премиерот Димитар Ковачавески денеска возврати на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ во наводната афера што тие ја нарекоа „Броило“ и побара извинување од партијата и нејзиниот лидер. Ковачевски рече дека ги има повлечено целосно финансиските удели во компанијата за соларна енергија „Пиксел груп“ и нема никакви обврски ниту интереси, ниту пак има некаква улога во нејзиното […]

Мицкоски: Ако Арсовска не се извини, директорите ќе покренат кривична пријава за клевета


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, христијан Мицкоски, кој вчера од говорницата на Советот на Град Скопје, беше прозван од градоначалничката Данела Арсовска, за состојбите во јавните претпријатија, кои во неколку дена останаа без директорите, сега вели дека ако таа не им се извини тие ќе покренат кривична за клевета против неа. – Луѓето што ме познаваат знаат […]

Мицкоски обвини сѐ на куп: СДСМ се лажни Европејци, во опозицијата има лакеи, во медиумите полусвет


  Малку зборови за Илинден, но многу реченици за власта, за нејзиното наводно предавство. За лакеи во опозицијата и што уште не. Вака денеска ги кнципира говорот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на одбележувањето на Илинден во струшкото село Ташмаруништа. За да ги отфрли наводите дека ВМРО-ДПМНЕ е антиевропска апртија Мицкоски дури зборуваше […]

Мицкоски ѝ покажувал на Фон дер Лајен слики од убиените младинци во Ваташа


  Три дилеми (или позиции) ѝ искажало лидерството на ВМРО-ДПМНЕ на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на нивната средба во мисијата на ЕУ во Скопје. И плус ѝ презентрирало фотографии од гробовите на младинците убиени во Ваташа, од Вера Циривири – Трена, како и од вагоните во кои се депортирале Евреите од […]

Мицкоски повикува на општ протест против францускиот предлог


  Споменувајќи ги Даме Груев, Гоце Делчев, Јане Сандански… Христијан Мицкоски денеска, во првата реакција по објавувањето на францускиот предлог, ги повика граѓаните утре, сабота, на протест пред Владата за да се „спаси процесот на преговори со Европската унија“. Во објавата за протест тој ги повика луѓето од цела Македонија, но и однадвор, за да […]

ВМРО-ДПМНЕ знае само да блокира, му порача Ковачевски на Мицкоски


  Премиерот Димитар Ковачевски остро ги отфрли најавите за блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и го обвини Христијан Мицкоски дека мисли само на својот личен рејтинг. Гостувајќи во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, Ковачевски го оцени однесувањето на Мицкоски како неодговорно и дека претставува мобинг врз пратениците, кои се избрани од граѓаните, а […]

Мицкоски верува во „разумен напредок“ со Бугарија


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски верува дека може да се постигне разумен напредок во врска со спорот со Бугарија без да биде потценета ниту една од двете страни. Според него, можно е разумно решение кое ќе ги рефлектира македонските европски аспирации, но и подготвеноста на нашиот источен сосед да помогне на држава сосед, на држава […]

Мицкоски се жали дека дотациите кон општините се екстремно намалени


Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се пожали дека и покрај енергетската и економската криза, дотациите кон општините се намалени во споредба со претходните години кога на чело на локалната самуправа биле градоначалници од редовите на СДСМ. „Погледајте ги трансферите и дотациите кои што оваа власт ги прави во изминативе четири години пред оваа […]

Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори за Македонија да ја вратиме на победничките патеки


 Поминавме четири години како ВМРО-ДПМНЕ на реформи, на трансформација, што беше многу важно. Денеска после четири години, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на победнички патеки. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата пратеничка група во парламентот, најголем број на градоначалници во општините, најголем број на советници, изјави денеска пред почетокот на 17. Конгрес […]

За да го загрози СЈО, Мицкоски ќе се смири и со одметнатите


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им закажа средба на осумтемина независни пратеници, со кои се раздели пред точно пет месеци кога ги исклучи од партијата и од пратеничката група. Информацијата за ненадејниот состанок што се одржал вчера во парламентот стигна преку соопштение што го испрати независната пратеничка група, во кое е наведено дека средбата била […]

Мицкоски: Пресудата за 27 април – класичен политички прогон


Пресудите за 27 април се класичен политички прогон на актуелната власт против неистомислениците, оцени денеска во Штип претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, станува збор за невиден протисок во поновата историја и, како што рече, Заев се закани на 28 април 2017 година, а речиси две години потоа судијата Кацарска и обвинителката Рускоска испорачаа. […]

Почна средбата Заев – Мицкоски


Пред петнаесетина минути во Владата вечерва почна средбата на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На лидерската средба, како што најави претходно премиерот Заев, ќе се разговара за претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата. „Мене ми е значајно да разговараме […]

Заев и Мицкоски очи во очи утре во 20 часот во Владата


Премиерот и лидер на СДСМ информира дека утревечер во 20 часот во Владата на Република Северна Македонија ќе оствари средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата, како што рече Заев, ќе бидат теми на утрешната средба. „Ќе почекам утре да видам кои […]

Мицкоски: Не сме против примена на јазиците на етничките заедници, но треба да се почитуваат Уставот и законите


Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Охрид каде присуствуваше на осветувањето на водите на Охридското Езеро во негово лично има и во име на партијата на Синодот на пресветото монаштво на МПЦ, на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Богојавление  – Водици, посакувајќи им успеси, насмевки за нив и нивните […]

Мицкоски од Гостивар: Жестоко ќе го поразиме СДСМ на претседателските избори


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на трибината во Гостивар рече дека ќе победат на следните парламентарни избори без разлика дали тие биле редовни или вонредни и дека на претстојните претседателски избори ќе излезат со кандидат со кој ќе го поразат СДСМ. „Оваа ненародна и криминална власт на СДСМ предводена со аболицираниот криминалец Зоран Заев […]

Се спрема вонреден конгрес за смена на Мицкоски?


Членови на ВМРО-ДПМНЕ веруваат дека е возможно наскоро да се одржи вонреден конгрес на партијата, на кој ќе дојде до промена на партискиот лидер, објавува „Фокус“ , повикувајќи се на статуси на социјалните мрежи на поддржувачи на опозициската партија. Според тоа, претстои сценарио за оставка на Мицкоски преку вонредниот конгрес и поставување на Митко Јанчев […]

Ќе пукне ли зора во белиот дворец


Александра М.Митевска Може само да се претпоставува дали на американскиот помошник на државниот секретар во Стејт Департментот Вес Мичел му се стемнило или му се разденило кога го прочитал ноншалантниот одговор што му го испрати Христијан Мицкоски. На пораката на Мичел дека е разочаран од позициите на водачите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски возврати со поговорка „секогаш […]

Каде оди ВМРО-ДПМНЕ? Ученикот го надмина учителот…  


Кога пред околу десет месеци Христијан Мицкоски го наследи Никола Груевски на партискиот трон, веројатно, ретко кој очекуваше дека новиот лидер на  ВМРО-ДПМНЕ ќе успее за толку кратко време да навлече толу голем револт од меѓународната заедница, за што на неговиот претходник му беше потребна безмалку една деценија владеење – и тоа со манири кои […]

СДСМ: Мицкоски му врти грб на целиот свет за да го спаси Груевски


Фејсбук статусот на Никола Груевски напишан во афект во 3 часот по полноќ, излезе низ устата на Христијан Мицкоски. Од Мицкоски ја слушнавме истата стара приказна, на нова повторувачка прес конференција, реагираше пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов, по денешното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Според Костадинов, Мицкоски сонува за две опции: Прво, Македонија да му […]