Александар Николоски – алтернативен шеф на дипломатијата или дури алтернативен премиер?


  Паметиме во долгите години на спорот со Грција владата во Атина секогаш имала министер за надворешни работи и алтернативен шеф на дипломатијата. Нивните улоги беа исти или слични. Главната задача им е да ја конципираат надворешната политика на Грција. Во новата македонска влада се конципира една таква улога, само што министрите се од два […]

Под товарот на Бојан Христовски може да потклекне Христијан Мицкоски


  Необјасниво е зошто со толку енергија, напор, партиска логистика, пропагандна машинерија, се користи премиерот Христијан Мицкоски да го заштити својот избор за директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. Под неговиот товар тој веќе почнува да потклекнува, како што се виде вчера на пратеничките прашања кога излезен на говорницата, дифузен, скролајќи преку телефонот, […]

Владата анализира проект за набавка на 100-120 електрични автобуси за јавниот градски превоз во Скопје и во други градови


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120  електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје, во контекст на одржливо решавање на проблемот со јавниот градски превоз во Скопје, туку  и за општини каде што има организиран јавен градски превоз. – Анализираме […]

Мицкоски го фали Отворен Балкан. Во Белград не дојде Еди Рама, но беше Милорад Додик


  Македонскиот премиер денеска имаше грст пофални зборови за Отворен Балкан и за неговата цел за поврзување на луѓето и економиите од регионот. На отворањето на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград Христијан Мицкоски рече дека настанот е доказ за моќта на соработката, визијата и посветеноста […]

Пријателот на Мицкоски, Хауард Лутник, има силни врски со Кина, а ќе треба да ги воведува тарифите на Трамп


  Изложеноста на инвестицискиот банкар Хауард Лутник на Кина се појави силно во јавноста во средата, откако новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп го предложи да ги води агенциите кои ќе ја водат трговската војна меѓу САД и Кина во следната администрација. Фирмите за финансиски услуги управувани од Лутник профитираа од врските со Кина: од BGC […]

Мицкоски ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград


Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ што ќе се одржи викендов во Белград, но оти нема договорено средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. -Таква средба нема најавено. Мислам дека претседателката се сретна (со Вучиќ) во Азербејџан на настанот ЦОП 24 што се одржан во […]

Мицкоски не знае како ќе одиме кон ЕУ, уставни измени не планира


  Оптимизмот на премиерот се претвори во исчекување кое не знае како ќе излезе. „Дали ќе има некаков напредок – не знам, дали ќе има промена на нашата позиција – нема да има“, рече денеска Христијан Мицкоски. Тој изјави дека не знае дали е можно да се направи некаков исчекор во евроинтеграциите до крајот на […]

Струјата, сепак, ќе поскапи. Најмногу до три отсто


  На неколку дена пред доставување на понудата на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за цената на електрична енергија по која ќе ја испорачува до универзалниот снабдувач ЕВН хоум, премиерот Христијан Мицкоски денеска направи чекор назад од неговите поранешни изјави и посредно најави дека струјата ќе поскапи од 1 јануари, но не повеќе од три […]

„Ќе нѐ биде“: Мицкоски од Будимпешта се враќа како уште поголем оптимист отколку од Берлин


  Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека по Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, е уште поголем оптимист за европската иднина на Македонија. Тој оптимизам премиерот го гради по повеќе средби на маргините на собирот, од која посебно ја истакна онаа со францускиот претседател Емануел Макрон. На својот Фејсбук профил Мицкоски објави фотографии од средбата […]

Предлог-буџетот за 2025 година деновиве пред пратениците


Премиерот Христијан Мицкоски очекува Предлог-буџетот за 2025 година што вчера помина на владина седница, деновиве да се најде пред пратениците. Економскиот раст проектиран на 3,7 проценти за следната година, вели дека може да биде и надминат доколку се реализираат најавените инвестиции на компаниите и капиталните инвестиции.  –  Очекувам во третиот квартал да се движиме меѓу […]

Предлог буџетот за 2025 година денеска на владина седница


Предлог буџетот за 2025 година денеска ќе биде разгледан на седница на Владата, потврди премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање Мицкоски оцени дека индикаторите се подобруваат и се раздвижуваат работите на големите инфраструктури проекти. Потенцираше дека е добро што нема драматично зголемување на дефицитот и оти постепено има изденачување со капиталните инвестиции. – Капиталните инвестиции […]

Мицкоски се одлучи – нема да пишува писмо до ЕУ. Било беспредметно


  Ништо од писмото. Премиерот Христијан Мицкоски веќе се одлучил, но денеска изгледа ги надогради барањата на македонските власти за продолжување на европскиот пат. По двонеделно премислување, Мицкоски се откажа да пишува писмо до институциите на ЕУ поврзано со евроинтеграцискиот пат и во кое требаше да ги претстави позициите на македонската влада во врска со […]

Пристапот до мрежа на сметките за струја ќе биде укинат во мандатот на оваа Влада, вели Мицкоски


За ветувањето дека ќе се укине давачката за пристап од 200 денари на сметките за потрошена електрична енергија за граѓаните, премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе биде укината во текот на мандатот на оваа Влада. -Во овој момент работиме на консолидирање на електроенергетскиот сектор и мислам дека Регулаторната комисија за енергетика ги прави пресметките. Кога […]

Орбан: Кинески пари не можеме да даваме, даваме европски


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес на прес-конференцијата со премиерот Христијан Мицкоски негираше дека заемот што и го даде на Македонија има кинеско потекло, и место тоа тврдеше дека може да ни дава пари дојдени – само од Европа.  „Кинески заем, конески пари не можеме да даваме бидејќи имаме договор со Кина и тие одат […]

Нови германски инвестиции во земјава и проширување на активностите на постојните


Извозот на производи од германски инвеститори во земјава кон Германија десетина години по ред е во пораст, со исклучок на годините во короната кога била евидентна стагнација. Како што соопшти Антје Ванделт, директорка на Германската стопанска комора (АХК), германските инвеститори од земјава најмногу извезуваат високософистицирани компоненти наменети за автомобилската индустрија, во Германија се извезуваат и […]

Има голема неправда спрема Македонија, изјави хрватскиот премиер Пленковиќ


  ЗАГРЕБ – Хрватска останува подготвена да ѝ помогне на Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија. Во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Северна Македонија и созреа времето кога сето тоа треба да се респектира, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по средбата со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски кој е во официјална […]

Од каде обидот за поткуп на Мицкоски. Еве што велат во МВР и Јавното обвинителство


Министерството за внатрешни работи постапува по повеќе предмети кои се поврзани со криминал и корупција. Во моментот кога истите ќе бидат во напредна фаза, соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од МВР за МИА во врска со денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека имало обид врз него за поткуп за Коридорот 8, за како […]

Мицкоски рече дека сакале да го поткупат за пругата кон Бугарија, но не кажа од кого


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека бил „жртва на обид за поткуп“ за проектот за изградба на пругата кон Бугарија. На прес-конференција во Владата посветена на Нацрт реформската агенда за периодот 2024 – 2027, тој рече дека за ова биле известени и европските партнери во проектот кои, како што рече, наишле на разбирање за […]

По фијаското со назначувањето на Верзиволи, сега ќе биде објавен оглас за главен ревизор на ИПА фондови


Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека ќе биде објавен конкурс за позицијата главен ревизор на ИПА Фондовите, по разрешувањето на Афрона Верзиволи, предложена како кадар на коалицијата „Вреди“, бидејќи не поседувала лиценца за ревизор. На нејзино место Владата го именуваше Aрбен Рамадани, како в.д., кој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. За […]