Пленковиќ потврди дека напаѓачот од Нов Зелан престојувал и во Хрватска


Загреб – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ потврди денеска дека напаѓачот во џамиите на Нов Зеланд, кон крајот на 2016 и почетокот на 2017 година престојувал во Хрватска. На новинарско прашање дали се точни информациите дека Брентон Тарант престојувал и во Хрватска, Пленковиќ одговорил потврдно. – Добив информација дека тоа е точно, колку што видов, тој […]

Хрватите протестираа со ковчези симболизирајќи ја „смртта на правдата”


Здружението за заштита на жртвите од правосудството „Вероника Вере” денеска одржа протести против корупцијата во хрватската Влада, при што учесниците носеа ковчези за да предупредат на „смртта на правдата и правосудството”. Протестот почна пред Палатата на правдата, односно Општинскиот граѓански суд во Загреб, а маршрутата ја продолжија до Уставниот суд. – Низ градот го носиме […]

(Видео) Хрватската министерка што удри дете со автомобил, низ солзи понуди оставка


Хрватската министерка за регионален развој Габриела Жалац, која немала важечка возачка дозвола во моментот кога со возило налета на дете, понуди оставка. Во сообраќајката што се случи во саботата во Винковци, потешко е повредено девојче, додека претрчувало улица, кога министерката на него налетала со возило. Девојчето е пренесено во болница, и според хрватските медиуми, брзо […]

Хрватска: Татко фрли четири деца од прв кат


Ужас во Хрватскиот островски град Паг се случи вчера, кога татко на возраст од 54 години ги фрлил своите четири деца, од кои две се тешко повредени. Како што пренесува Index.hr сознанија од  радио Задар, фрлените деца се на возраст од три, четири, седум и осум години. Фрлени се од висина од шест метри. Според […]

Хрватска „падна“ под четири милиони жители


Според последната проценка на хрватскиот Државен завод за статистика, во средината на минатата година Хрватска имала 4.089.000 жители, што е најмал број во последните 25 години. Меѓутоа, според демографските проценки, Хрватска „падна“ и под четири милиони, бидејќи голем број иселеници не се одјавуваат, а ДЗС проценките на популацијата ги темели на бројот на родени, починати, […]

(Видео) Ветрот во Италија убива


Оркански ветрови туркаа дрвја и ѕидови во Италија и предизвикаа најмалку три смртни случаи. Ветрови со орканска јачина погодија и голем дел од хрватското крајбрежје, каде оштетени се возила, скршени се прозорци и нарушен е сообраќајот. Хрватската метеоролошка служба јави дека налетите на ветар во Сплит достигнале до 191 км/ч. Италијанската новинската агенција Анса јави […]

Чуден протест: Млад режисер пред Владата на Хрватска чита дела кои повеќе не се лектири


Ловро Крсник е млад театарски режисер од Хрватска, кој се одлучи на чуден протест откако дел од лектирите беа исфрлени од списокот задолжителни, а биле негови најдраги во времето кога учел. „Тие беа тука за мене, кога растев“, вели Ловро за Малиот принц, Пипи Долгиот Чорап и многу други ликови од фантазијата. Веќе шест дена […]

Во Хрватска досега од грип починаа 88 лица


Дваесетгодишна жена од Кореница почина од грип, со што смртниот биланс од оваа болест во Хрватска се искачи на 88 лица. Хрватските здравствени власти посочуваат дека се соочуваат со најсилниот грип во последните пет години во таа земја, каде за седум седмици заболеја над 53.000 лица. Хрватскиот завод за јавно здравство проценува дека во таа […]

Србите и Хрватите купуваат во соседството


Се повеќе купувачи од регионот, а посебно од Хрватска и Србија набавуваат производи во продавниците на Босна и Херцеговина. Минатата година странски државјани на излезот од БиХ поднесоа повеќе од 400.000 барања за поврат на данок на додадена вредност. Дури 55.000 повеќе од 2017 година, пишува „Политика“. Враќање пари, според прописите на оваа земја, се […]

Во Хрватска 75 починаа од грип


Хрватските здравствени власти објавија дека досега во земјата како последица на грип починале 75 лица, а околу 48.000 се заболени. Загрижувачки за властите е податокот дека оваа година бројот на починати е неколкукратно поголем од ланската сезона на грип, кога животот го загубија 29 лица

Антонио Тајани ги крена на нозе Словенија и Хрватска


Говорот на претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани во близината на Трст предизвика вистинска експлозија на гнев во Хрватска и Словенија, откако тој отворено најави историски ревизионизам околу настаните на крајот на Втората светска војна. Тајани и италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини во неделата говореа на настанот во Басовица, во близина на границата […]

Хрватска политичарка пронајдена мртва


Членката на Градскиот совет на Ријека, Мирјана Јукиќ е пронајдена мртва во нејзиниот стан, објави хрватскиот весник „Нови Лист“, додавајќи дека причините за нејзината смрт се уште се утврдуваат. Јукиќ, која е поранешна членка на партијата Жив Ѕид, беше доста ангажирана во врска со социјалните прашање. Во декември минатата година, таа го поддржа усвојувањето на […]

Талентиран хрватски актер почина на 27-годишна возраст


Младиот и талентиран хрватски актер, Роберт Будак почина вчера на 27-годишна возраст. Глумецот, чија што матична куќа беше „Загрепскиот театар“, во огромна тага и шок го остави семејството, пријателите и колегите. За своите актерски способности, минатата година беше награден од Народното хрватско глумиште за исклучително остварување на млади уметници до 28 години во категоријата драма. […]

СП 2019: Хрватска ја совлада Франција и ќе игра олимписки квалификации


Репрезентацијата на Хрватска ја победи Франција со 23-20 (11-11) и го освои третото место во групата, со што обезбеди учество во квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во 2020 година. За Французите овој меч немаше големо значење, откако веќе обезбедија пласман во полуфиналето на Светското првенство. По изедначеното прво полувреме, во вториот дел Хрватите […]

СП ракомет: Данските судии признаа дека ја оштетиле Хрватска


Германија – Данската судиска двојка Мартин Гјединг и Мадс Хансен јавно признаа дека ја оштетиле хрватската репрезентација на натпреварот со Германија. Хрватите го загубија мечот и со тоа шансите за полуфинале. Судиите во клучните моментите кога се одлучуваше победникот досудија пробивање од Карачиќ, наместо пенал за Хрватска. – Одлука која имаше големо влијание. Кога досудувате прекршок во […]

Червар: Ова е кражба, цел свет можеше да го види тоа


Германија – Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар вината за поразот од Германија по кој неговиот тим ги загуби шансите за полуфинале на Мундијалот, ја префрли на данските судии Гјединг и Хансен. – Ова е кражба која ја виде целиот ракометен свет. Не е прв пат да ни се случува ваква нешто. Судиите ни ги украдија […]

Хрватска поразена и од Германија-остана без пласман во полуфиналето на Светското ракометно првенство


Хрватска загуби од Германија со 21-22 во драматичен натпревар во Келн и остана без пласман во полуфиналето на Светското ракометно првенство во Германија и Данска. Во првото полувреме двете екипи неколку пати се менуваа во водство за на пауза да се замине со 11-11. Германија подобро го започна вториот дел и поведе со 15-18. Последните десет […]

Во Хрватска девет лица починаа од грип


Од грип во Хрватска до сега починаа девет лица, а се уште се чекаат официјални резултати за два смртни случаи во Сплит, изјави директорот на Хрватскиот завод за јавно здравство Крунослав Цапак. Тој додаде дека Хрватска по епидемијата на  грип е трета во Европа со оклу 8.500 заразени лица, додека на прво место е Велика […]

Рома го бара Адеми


Италијанскиот гигант Рома е заинтересирана во своите редови да го донесе македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми. Според хрватските медиуми, тимот од Рим сака да го доведе капитенот на Динамо Загреб уште во овој зимски преоден рок. Хрватскиот шампион веќе се изјасни оти нема да му прават проблем на 28-годишниот фудбалер да си замине ако има […]

Хрватска ќе увезе 63.600 странски работници


До крајот на овој месец хрватската Влада ќе ја утврди годишната квота за вработување на странци во 2019 година на која, според предлогот, би требало да се најдат дури 63,600 работници. Хрватска првпат ќе увезе и 200 постојани медицински сестри или техничари, но сепак најмногу недостасуваат работници во градежниот и туристичкиот сектор. Извршниот директор на […]