Хрватска ќе донесе закон за воведување на еврото во април следната година


Хрватска– Вицепремиерот и министер за финансии на Хрватска, Здравко Мариќ изјави дека во фаза на изработка е законот за воведување на еврото, чиј нацрт треба да биде објавен кон средината на јануари, а неговото усвојување се очекува во април следната година. – Со овој закон ќе биде неопходно да се сменат 46 закони и повеќе […]

Хрватска го донесе буџететот за следната година, од 450 амандмани прифатени само девет


Хрватскиот Сабор во средата со мнозинство гласови го изгласа државниот буџет за следната година со проекции за 2023 и 2024 година, јави Хина. За буџетот гласаа 77 пратеници од парламентарното мнозинство, еден повеќе од потребните 76, а против беа 49 опозиционери. Со неколкучасовно гласање, Саборот ја потврди одлуката на Владата да прифати само девет од […]

Во Хрватска потврден и втор случај заболен од коронавирус


Хрватските доктори го потврдија вториот случај на лице заразено со новиот коронавирус. Се работи за братот на првиот пациент, на кој вчера му беше дијагностициран коронавирус откако се врати од Милано. Неговиот помал брат, кој сега е практично второто заразено лице, било во Милано за да гледа фудбалски натпревар од Лигата на шампионите. Девојката на […]

(Видео) Најбизарниот гол падна на „Полјуд“: Славен слави, Хајдук дава гол


Публиката на „Полјуд“ денеска го виде еден од најбизарните голови во историјата. Во натпревар од хрватското првенство, Славен Белупо гостуваше кај Хајдук и губеше со 1-0 до средината на второто полувреме. Тогаш, се чинеше дека ќе го израмнат резултатот, но топката заврши во стативата што не им беше јасно на дел од фудбалерите од Копривница. […]

Македонци се тркале на автопат во Хрватска: Казната – две македонски плати


Хрватската полиција во неделата снимила трка на двајца македонски државјани Македонци на автопатот од Загреб кон Белград. Едниот со „порше“ возел преку 243 километри на час, а по него „бмв“ што се движело со брзина од 229 километри на час. Четириесет и тригодишниот Македонец, кој го возел „поршето“ со швајцарски таблички, е казнет со 700 […]

Македонци „лудувале“ во Пореч: Едниот крадел, другиот возел пијан


Двазесет и тригодишен македонски државјанин е приведен од полицијата во Пореч, Хрватска поради сомневање дека е сторител на тешка кражба. Тамошните медиуми пишуваат дека полициските службеници при контрола во сообраќајот, во неделата околу 4.30 часот наутро запреле автомобил „пежо“ со загрепска регистрација. Возилото го управувал 22-годишен македонски државјанин, кај кого биле измерени 0.93 промили алкохол […]

Грабар-Китарoвиќ најави кандидатура за втор мандат


Хрватска– Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китарoвиќ изјави дека ќе се кандидира за вториот мандат на чело на државата, изјавувајќи дека „сега не може да и сврти грб на Хрватска“, пренесе Фена. -Секако, влегувам во кандидатура за нов претседателски мандат, а наскоро и ќе ја објавам. Но, пред тоа, сакам да работам што поголем дел од мандатниот […]

По Илинден, Мицкоски на одмор во Хрватска, Заев во Грција


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се враќа од дводневната посета на Будимпешта и во Виена. Во главниот град на Унгарија имаше средба со тамошниот премиер, Виктор Орбан, додека во Австрија беше поради размена на искуства и информации поврзани со неговата професорска дејност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Веќе во петок, ќе присуствува на […]

Ѓоковиќ летува на Корчула: Хрватското крајбрежје е најубаво на светот


Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ пристигна на летување во Хрватска. По одличната сезона и неодамна освоениот Вимблдон, Србинот дојде да се одмори на Корчула. Тој е редовен гост на хрватскиот брег. „Мене, но и на многумина, хрватското крајбрежје брег ми е најубаво на светот. Сум бил во многу земји, но таму некако човек најдобро се […]

Голем пожар на хрватскиот остров Паг, евакуирани 10.000 луѓе


Хрватска – Голем пожар избувна синоќа, околу еден часот по полноќ, во боровата шума на плажата Зрќе, кај градот Новаља на хрватскиот остров Паг, соопшти полицијата. Во тек е гаснење на огнот, а илјадници луѓе се евакуирани. Како што изјави портпаролката на полициската управа на личко-сењската жупанија, Маја Брозичевиќ, евакуирани се околу 10.000 лица, бидејќи на […]

Во Хрватска 90 илјади туристи помалку од лани


Во првата недела од јули во Хрватска има 90.000 гости и 400.000 ноќевања помалку отколку во истиот период минатата година. Падот на гости е забележан во сите делови на земјата, а најпогодени се приватните сместувачки капацитети. Според податоците на порталот Индекс, се забележуваат 12 отсто помалку гости и 20 отсто помалку ноќевања од Германија, кои […]

Во Хрватска преку 17 илјади странци ангажирани во туризмот, се бараат уште


Хрватска – Само една недела откако хрватската Влада ја зголеми својата квота за странските работници во туризмот и угостителството за две илјади, барањата на работодавачите за странски работници беа поголеми од останатите места. Дополнителните квоти го зголемија вкупниот број квоти за странските работници во угостителството до 17.611, а една недела по тоа зголемување, според Министерството за внатрешни […]

Хрватска најатрактивна за сезонска работа за Македонците


Македонците не го губат интересот за работа во странство, особено за сезонска работа од неколку месеци во земјите од регионот и во Европа. Според агенцијата „Коузон“, најатрактивна е Хрватска во овој период на летна сезонска работа во угостителството. Како што објаснува менаџерот во агенцијата, Ирена Петреска, Хрватска е атрактивна поради поволните услови и платата што ја […]

Македонец фатен со дрога во Србија: „Јас сум само молер и одам во Хрватска“


Триесетгодишен македонски државјанин е уапсен во Србија откако преку граничниот премин Прешево се обидел да прошверцува 16 килограми марихуана. Белградските медиуми пишуваат дека дрогата е откриена синоќа при детален преглед на возилото со кое се превезувал нашинецот. „Марихуаната била сокриена во наслоните од седиштата, гепекот и резервното тркало. На цариниците им тврдел дека нема ништо […]

Невреме во Загреб: Повеќе од 700 интервенции, петмина повредени


Хрватска- Градските служби во Загреб вчера имале повеќе од 700 интервенции, а пет лица се повредени поради силниот ветер кој дува од неделата. Ветрот на подрачјето на Загреб речиси целиот ден уривал стебла, реклами, чадори за сонце, покриви и делови од фасади. Улиците на главниот град на Хрватска се полни со искршени гранки, а имало […]

Пресуда против Хрватска по тужба на ЕУ


Хрватска– Судот на ЕУ пресуди дека Хрватска не ги исполнила обврските од европската Директива за отпад, меѓу кои и онаа да обезбеди заштита на здравјето на луѓето и околината поради „црниот рид“ во близина на Задар, каде има депонија со 140.000 тони отпад од поранешната Фабрика за електроди и феролегури (ТЕФ) од Шибеник. Во тужбата, […]

Папата Франциск: Зошто Степинац би бил прогласен за светец, ако вистината не е јасна


Хрватска – Папата Франциск, по повод прогласувањето за светец на загрепскиот надбискуп Алојз Степинац, изјави дека не знае зошто е тоа прогласување, ако вистината не е јасна. – Степинац беше духовен човек, затоа Црквата го прогласи за блажен. Но, во одреден момент во процесот на канонизација постојат нејасни точки, историски точки. Се молев, размислував, барав совети и […]

Плоштадот се полни за папата, расположени гости од Хрватска


Веќе од раните утрински часови, плоштадот „Македонија“ во Скопје почна да се полни за свечената литургија на папата Франциск, кој во 8.15 часот слета на скопскиот аеродром. Граѓаните ги послушаа апелите на властите и порано пристигнаа на плоштадот. Полицијата спроведува низа безбедносни мерки и ги претресува граѓаните што влегуваат во оградената зона. Се очекува присуство […]

Европска комисија: Хрватската железница е најлоша во ЕУ


Хрватска е најлоша во Европската унија по ефикасност на железничките услуги, покажа најновото истражување на Европската комисија. Во извештајот се оценува зачестеноста на железничките линии, точноста, брзината и цената, пренесе ХРТ. „Највисоката оцена е 7. Просекот во ЕУ изнесува 4,33, а Хрватска е оценета со 2,66. Поради големите вложувања – квалитетот на патниот сообраќај е […]

Снег во Хрватска, на крајбрежјето бура


На прагот на пролетта, во хрватски Горски Котор паѓа снег, патиштата се влажни во поголемиот дел од земјата, а крајбрежјето е зафатено од бура. Снег има и во некои пониски предели, како во зимскиот период. На поголемиот дел од патиштата во Горски Котор и Лика сообраќајот е забранет за возила кои немаат зимска опрема и […]