Издишана топка за одбојка го спасила Иван, вели градоначалничката на општина Касандра


Топка, не многу голема, веројатно од оние за одбојка или ракомет на плажа, залутана во длабочината на морето, малку издишана, но според градоначалничката на општина Касандра Анастасиа Халкиа, доволна да спаси човечки живот, животот на 30-годишниот Иван, кој по 19 часа сега е веќе на копно и во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА […]

(Видео) Спасен по 18 часа во морето – 30 годишниот Иван пренесен на копно


Со насмевка на лицето, смирен, опуштен и во добро расположение, 30-годишниот македонски државјанин по поминати над 17-18 часа во морето, стапна на копно и со возило на брза помош беше пренесен во болница, откако спасувачките екипи го пронајдоа во морскиот дел југозападно од Касандра на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина. Веројатно е дека […]

МНР: Конзулатот на Северна Македонија во Солун е во комуникација со семејствата на нашите државјани


По добиените информации за несреќата во Посиди, Грција, од вчера нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција се во интензивна комуникација со надлежните грчки органи, односно со крајбрежната служба за спасување. -Според досегашните информации, вчера околу 15:00 часот тројца наши државјани кои влегле во морето, поради лошото невреме се нашле во беспомошна ситуација да се оддалечуваат од […]

Пронајден жив еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, продолжува потрагата по вториот


Еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, пронајден е жив и е во релативно добра здравствена состојба, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина извори од крајбрежната служба на Грција. Според истите информации на МИА, станува збор за 30- годишен државјани на Северна Македонија, кој по над 17 часа од исчезнувањето е пронајден од товарен […]

Се бараат во море и од воздух: Продолжува потрагата на Халкидики по двајцата исчезнати


 Без резултат е досегашната потрага во текот на ноќта во морскиот дел на првиот крак на Халкидики, по двајцата исчезнати, веројатно македонски државјани, а спасувачката акција продолжува и денеска, јави дописничката на МИА од Атина. Потрагата и денеска се води под лоши временски услови со силен ветер со јачина од шест бофори (над 40 километри […]

Спасувачка акција во Грција по Македонци кои исчезнале во морето


Спасувачка акција е во тек на Халкидики, Грција каде што се трага по двајца македонски државјани, пренесува грчката телевизија „Скај“. Инцидентот се случил во областа Посеиди, каде што според првичните информации, биле исчезнати тројца, но едниот веќе бил најден, додека по останатите двајца се трага. Бродовите од пристаништето на Неа Скиони се упатуваат кон морето. […]

Голем шумски пожар на Халкидики


Голем шумски пожар избувна утрово во непрооден дел во областа Мола Калива кај Касандра на првиот крак на Халкидики, а во тек се напори огнените јазици да се стават под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарната служба на Грција интервенира со 150 пожарникари со шест пешадиски тима, 40 возила и четити авиони, а […]

Македонски туристи во Халкидики: Не се исплашија од невремето, туку од струјата и од водата


Халкидики полека се враќа во нормала по катастрофалното невреме во средата што одзеде седум животи и нанесе огромна материјална штета на полуостровот. Најголемиот дел од местата по крајбрежјето меѓу Солун и Халкидики, како и на краците Касандра и Ситонија, сè уште се без вода. Продолжува и расчистувањето на патиштата. Службите ги санираат штетите, работат деноноќно […]

Мицотакис ги откажа денешните средби поради ситуацијата на Халкидики


Грција– Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис од утрово се информира за последиците од невремето што одзеде шест животи, а поради ситуацијата на Халкидики ги откажа средбите закажани за утрово, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис беше планирано во 10,30 часот да се сретне со поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, а час подоцна да го […]

МНР: Досега нема информации за настрадани македонски државјани на Халкидики


До овој момент нема информации за настрадани државјани на Северна Македонија во невремето што го зафати поширокиот грчки регион Халкидики, потврдија од МНР. Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции. Во невремето што го погоди Халкидики, една најпосетуваните летни дестинации на македонските […]

Во невреме на Халкидики загинаа шест лица


Грција – Во силното невреме што вечерва ја зафати Северна Грција, шест лица го загубија животот на Халкидики, 30 лица биле спасени од домови и автомобили, а 20 се префрлени в болница, потврдуваат од грчката противпожарна служба. Грчките медиуми објавија дека петмина од загинатите се од Романија, Чешка и Русија, а животите ги загубиле во […]

Гори на Халдики, не се гледа патот од Солун кон Неа Мудања


Шума и сува трева горат во реонот на Каламици, на вториот крак на Халкидики – Ситонија во Грција, а пожарот брзо се шири, објавија грчките медиуми. Во борбата со огнот се ангажирани 14 противпожарни екипи и 24 пожарникари. Подготвен е и специјален авион за гаснење. Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека видливоста на патот од […]

Близок пријател кажал дека Чавков планира да бега на Халкидики


Решението за одредување на мерка притвор за поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, се базира на службена белешка од сознанија добиени од негов пријател. Според оперативните сознанија на Бирото за јавна безбедност, Чавков има вила на Халкидики каде планирал да избега пред да му биде изречена пресудата за 27 април. „По остварена средба со близок […]

(ФОТО) Заев на викенд на Халкидики


Македонскиот премиер Зоран Заев го поминува викендот на Халкидики, објави радиото „Тесалоники“. Заев се одмора со својата сопруга и во придружба на еден од вицепремиерите со сопругата. Според грчкото радио, Заев ќе преноќи во еден од камповите на првиот крак на полуостровот, Касандра, и утре се враќа во Македонија. Престојот на Заев во Грција е […]

Репортажа од Халкидики: Егејско море го чека продолжениот викенд


Пефкохори – Налепница за автомобилот на која пишува дека кратенката МК на регистрацијата не е признаена од грчките власти, 1,30 евро патарина за осумдесетина километри долгиот пат до Солун, кој домаќините го сметаат за автопат, и го добивате морето на дланка. Летната дестинација омилена кај половина од македонското население се подготвува за уште една сезона […]