Туристите и жителите сè уште не можат да се вратат во Сивири


Поради големиот пожар во Сивири на првиот крак на Халкидики, туристите, но и жителите на малото грчко приморско место, ноќта ја поминаа во привремен престој, по евакуацијата и по копно и по море, а иако ситуацијата утрово е значително подобрена, пожарот е ставен под контрола и има само мали расфрлани жаришта, сепак патот до Сивири […]

Пожар на Халкидики: „Ако сте во Сивири, упатете се кон Мола Калива“, порака до жителите и туристите


Шумски пожар во вашиот регион. Ако се наоѓате во Сивири, во регионалната единица Халкидики, упатете се кон Мола Калива, е пораката од бројот за итни случаи 112 што кусо по 15 часот по локално време беше испратена до жителите и оние кои се во околината на Сивири на првиот крак на Халкидики, поради пожарот што […]

„Чистка“ на плажите во Калитеа, Ханиоти, Криопиги, Полихроно… Општината отстранува нелегално поставени чадори, лежалки…


 На шест различни локации, во подрачјата на Мола Калива, Неа Скиони, во Калитеа, Ханиоти, како и во крајбрежната зона меѓу Криопиги и Полихроно, општина Касандра, на првиот крак на Халкидики, досега спроведе организирани акции за отстранување на нелегално поставената опрема на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината информираа дека ваквите акции се […]

Трета жртва во сообраќајката на Халкидики кај Полигирос, загинаа мајка, татко и шестмесечно бебе од Молдавија


Во сообраќајна несреќа на Халкидики при директен судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство од Молдавија, животот го загубија мајка, татко и шестмесечно бебе, додека другото дете е сериозно повредено, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се случи вчера попладне на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос, од […]

Мајка и бебе загинаа во сообраќајна несреќа на Халкидики


Во сообраќајна несреќа на Халкидики при судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство, животот го загубија мајка и бебе, додека таткото и другото дете се сериозно повредени, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, автомобилот бил со регистарски таблици од Молдавија. Несреќата се случила попладнево на регионалниот пат Неа […]

Забрането капењето во Пефкохори, истекла канализација


Општина Касандра воведе привремена забрана за капење на локацијата „Акротири“ во населбата Пефкохори поради истекување на канализација предизвикано од пукање на цевковод. Како што пренесе Прототема, општинските служби веднаш реагирале и почнале со санација, а истекувањето набрзо било запрено, по што биле спроведени активности за чистење и дезинфекција на подрачјето. Надлежните служби, вклучувајќи ја и […]

Заеднички патроли на грчки и српски полицајци летово на Закинтос и на Халкидики


 Билатералната соработка во борбата против организираниот криминал, како и заедничките патроли на српски и грчки полицајци во Србија и Грција, биле во фокусот на средбата на министрите надлежни за полицијата на двете земји – министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Хрисохоидис, и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, јави дописничката на […]

Помала посетеност и намалена побарувачка: Локалните бизниси на Халкидики незадоволни


Полоши од очекуваните се финансиски резултати за повеќето бизниси на Халкидики со намалена посетеност и намалена потрошувачка од посетителите, но и намален број грчки туристи, согласно истражувањето што за Комората на Халкидики го спровела агенцијата „Interview“ за периодот јуни и јули годинава, јави дописничката на МИА од Атина. Во истражувањето во рамките на 20-от Барометар […]

На првиот крак на Халкидики продолжува отстранувањето на недозволено поставени чадори и опрема за на плажа


Општина Касандра, на првиот крак на Халкидики вчера и денеска продолжи со вонредните и ненајавени акции за отстранување на нелегално поставените чадори, столици, лежалки, пешкири и слична опрема на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината информираа дека денешната обемна акција била спроведена во присуство на грчката полиција на подрачјето од Криопиги – […]

Дваесетгодишен македонски државјанин се удавил на Халкидики


Во бессознание бил извлечен од морето на плажата во Ханиоти на првиот крак на Халкидики, 20-годишен македонски државјанин, по што веднаш бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека вчера попладне управата во Неа Мудања била известена дека „20-годишен странец (државјанин […]

Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики, епицентарот близу Неа Мудања


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Халкидики. Како што јавија грчките медиуми, земјотресот е регистриран нешто по 19 часот, на длабочина од 5 километри. Епицентарот на земјотресот, според Геодинамичкиот институт во Атина, се наоѓа на 11 километри југоисточно од Неа Мудања на Халкидики. Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот бил […]

Невремето не ја заобиколи и Грција: Поплави во Солун и на Халкидики


Обилните дождови предизвикаа проблеми во Солун и во реонот на Муданија, на полуостровот Халкидики, изјави директорот на Службата за цивилна заштита на регионот Централна Македонија, Хараламбос Стергиадис, Тој додаде дека дождот предизвикал прекин во снабдувањето со електрична енергија во регионот Муданија. Противпожарната служба примила повеќе од 300 итни повици низ северна Грција, вклучително и Солун […]

Тело на постар маж најдено во водите на Халкидики


Телото на постар маж, чиј идентитет не е познат, синоќа грчката крајбрежната стража со помош на пожарникари го извлекле од тешкиот дел на плажата на населбата Бати, во општина Неа Пропонтида на Халкидики. Како што објавуваат грчките медиуми, станува збор за витко тело на маж на возраст од приближно 75 години, висок 1,75 м. Екипа […]

Мартин го нема веќе 18 дена – објавена мапата од пребараните делови


Мартин Јовановски исчезна пред 18 дена од плажата Мити во Посиди, на Халкидики, но ниту грчките служби, ниту пак волонтерите од Македонија не се откажуваат од потрагата по него. Претходните денови грчките служби го бараа 31-годишниот Мартин и кон турскиот брег на Егејското Море откако со бродови, дронови, кучиња трагачи беше пребарувано околу полуостровот Халкидики, […]

Продолжува потрагата по Мартин на Халкидики


Потрагата по Мартин, кој на 9 јули исчезна во морето кај Посиди на првиот крак на Халкидики, продолжува и денеска, спасувачите волонтери не запираат со потрагата, а претседателот на грчкиот волонтерски спасувачки тим ОФКАТ, Христос Рамос во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека нема да запрат сè додека не го најдат исчезнатиот. […]

Спасувачи волонтери продолжуваат со потрагата по исчезнатото момче на Халкидики


Една седмица по исчезнувањето на 31-годишниот македонски државјани во Посиди на Халкидики, спасувачи волонтери од Грција, но и со помош на спасувачи од Северна Македонија, осми ден ја продолжуваат потрагата за пронаоѓање на момчето, јави дописничката на МИА од Атина. Официјалната потрага на Крајбрежната служба на Грција заврши, односно во четвртокот беше последниот ден кога […]

Падна „крофна-мафијата“ во Грција: За нив евро, за продавачите 50 центи


Грчката полиција успеала да ги уапси сите членови на криминалната организација позната како „крофна-мафија“, која дејствувала на плажите на Халкидики, пренесе Макфакс. Уапсени се 12 лица на возраст од 17 до 52 години, заедно со водачот на групата, 39-годишен Грк, јавуваат грчките медиуми. Тие се уапсени за кривични дела злосторничка организација, изнуда, трговија со луѓе, […]

Шести ден продолжува потрагата по исчезнатото момче на Халкидики


  Крајбрежната служба на Грција и спасувачките екипи и денеска, шести ден по ред, ја продолжуваат потрагата по исчезнатиот македонски државјанин на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија синоќа соопштија дека „како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, […]

Излезе од болница Иван кој се спаси од морските длабочини благодарение на детска топка


Триесет годишниот Иван кој од длабочините на Егејското Море кај Халкидики се спаси благодарение на изгубена детска топка, денес се чувствува добро и е отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, објави грчкиот портал Protothema, Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да […]

Четврти ден се трага по последниот исчезнат Македонец на Халкидики ќе биде вклучен и подводен дрон


Рано утринава со првото дневно светло продолжи потрагата по последниот македонски турист кој се води како исчезнат од саботата, кога брановите го однесоа на плажата „Мити“ во Посеиди на Халкидики, објавува грчкиот портал „Иефимерида“. Веќе четврти ден напорите се насочени кон пронаоѓање на Мартин. Во Грција пристигна и неговото семејство со цел да ја следи […]