ФФМ: Филип Поповски ќе биде делегат на финалето на ЕВРО2024


Поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Филип Поповски, ќе биде делегат на финалето на ЕВРО2024 кое ќе се одигра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин. Како што денеска соопшти ФФМ, Поповски е одреден за делегат на трите натпревари од групната фаза кои ќе се одиграат на Олимпискиот стадион во Берлин: […]

ФФМ ги објави клубовите што добија лиценца за настап во УЕФА


Одделeнието за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2024/25 во кое се пријавија десет клубови (ФК Струга ТЛ., ФК Македонија ЃП, ФК Работнички, ФК Силекс, ФК Шкендија, ФК Шкупи, ФК АП Брера, ФК […]

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Чеферин


На регионален состанок во Тирана, фудбалските асоцијаци од Југоисточна Европа, меѓу нив и ФФМ безусловно изразија поддршка за претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин и неговата администрација. – Фудбалската федерација на Македонија заедно со десет национални асоцијации членки на УЕФА од Југоисточна Европа денеска на состанок во Тирана ја потврдија безусловната поддршка за […]

Сејдини: Имаме подготвено план за воведување ВАР


 Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за започнување процес за воведување и имплементирање на ВАР технологија (видео помошни судии) за натпреварите од Македонската фудбалска лига (МФЛ), согласно прописите и процедурите на ФИФА. Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини очекува со воведување на ВАР да се сведат на минимум судиските грешки на прволигашките натпревари. […]

ФФМ со поддршка на УЕФА: Со цело срце против Суперлига


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрази безрезервна поддршка на УЕФА и се изјасни против таканаречената Суперлига, чие формирање засега официјално го поддржуваат само Реал Мадрид и Барселона. ФФМ се приклучи кон голем број европски федерации кои застанаа на страна на раководството на европскиот фудбал, порачувајќи оти фудбалската игра мора да остане отворена за сите. „Славата […]

ФФМ донираше медицинска опрема за второлигашките клубови


Дефибрилатори за сите шеснаесет екипи од Втората лига донираше денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел подобрување на условите во делот на медицинските тимови на клубовите и зголемена грижа за здравјето на фудбалерите. Срцевиот удар е меѓу главните причини за смрт кај фудбалерите на теренот, а редовните прегледи на срцето и соодветните мерки за […]

Деветта генерација ученици во Академијата на ФФМ


Академијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) оваа година ја прими деветта генерација ученици од своето формирање во 2014 година. Дел од фудбалската Академија на ФФМ во новата сезона 2023/24 ќе бидат вкупно 54 деца од генерациите 2009 и 2010. – Со условите кои ги овозможуваме, со поддршката од УЕФА преку програмата за развој, сметам […]

ФФМ: Билетите за дуелот со Украина од денеска во продажба


Билетите за претстојниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕУРО2024 против Украина од денеска се пуштени во продажба, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Влезниците за гостувањето на Украина на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, на 16 јуни, се продаваат по цена од 300 и 400 денари. Навивачите ќе можат да купат […]

Дојава за бомба на скопскиот аеродром – откажани сите летови


Сите летови се откажани поради дојава за поставена експлозивна направа на скопскиот аеродром. Во тек е итна евакуација на вработени и патници. – Дo сега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел „Александар […]

„Децата го преземаат теренот“ – детски фудбалски натпревар во организација на УНИЦЕФ и ФФМ


Фудбалски натпревар на деца организираат денеска УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември. Натпреварот е насловен „Децата го преземаат теренот“ и ќе се одржи во малата сала на спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 12.30 до 14.00 часот, каде што ќе играат деца, професионални фудбалери од националната […]

ФФМ ќе чека инструкции од МВР за баражите


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти вечерва дека конечната одлука за местата на одигрување на двата бараж натпревари за настап во Првата македонска фудбалска лига ќе зависи од насоките што ќе ги добие од Министерството за внатрешни работи (МВР) во делот на проценката околу безбедноста. За домаќин на баражот меѓу Скопје и Беласица е одреден […]

ФФМ ќе гради нов репрезентативен стадион во Општина Аеродром


Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за изградба на нов, репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“ во Општина Аеродром, соопшти денеска ФФМ. „Наша обврска како Фудбалска федерација на Македонија е да придонесеме за напредок на фудбалот, а најдобар начин да го потврдиме тоа е преку изградба на стадион кој ќе биде обележје на […]

Навивачки чартер – летови за Порто, влезниците по цена од 820 денари


Продажбата на влезници за македонските навивачи за финалето од мундијалскиот бараж во Порто започнува денеска, соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) наведувајќи оти билетите можат да се купат по цена од 820 денари. Согласно правилата на УЕФА, за македонските навивачи се предвидени пет отсто од вкупниот капацитет од 50.000 седишта на стадионот „Драгао“, што значи дека избраниците […]

Сејдини: Успехот на македонските фудбалери инспирација за секого


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Муамед Сејдини им ја честита на репрезентативците и стручниот штаб победата над Италија во Палермо и обезбеденото место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022. Сејдини во пораката објавена на социјалните мрежи истакна дека триумфот на македонските фудбалери треба да биде инспирација за успех на […]

Сејдини: Ги постигнавме најдобрите резултати во историјата, тоа е нашиот правец и за во иднина


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини на денешното редовно Генерално собрание на федерацијата изрази задоволство од работата во изминатата година, потенцирајќи дека искрената и мотивирана работа се клучни за најголемите успеси, а тоа е правецот и за во иднина. Првиот човек на македонскиот фудбал нагласи дека не може постојано да се живее на […]

Основни училишта добија донација во фудбалски топки од ФФМ


 Фудбалската федерација на Македонија донираше вкупно 4.200 топки на повеќе основни училишта и клубови од Детската фудбалска лига. Донација во фудбалски топки за машки фудбал од ФФМ, како што е соопштено денеска, добија 76 основни училишта од целата држава, а на други 24 училишта им се донирани топки за развој на женскиот фудбал. Со донацијата […]

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо


Македонската фудбалска репрезентација ќе има поддршка од 1.300 свои навивачи на трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, на кој на 24 март против домаќинот Италија ќе го одигра полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), соопшти денеска дека за македонските навивачи се предвидени пет проценти од вкупниот […]

Муамед Сејдини пред промоција во петти претседател на ФФМ


Муамед Сејдини е пред промоција како нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Кандидатот од општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) на Кичево е единствена опција за наследник на Илчо Ѓорѓиоски кој се повлече од функцијата во минатото лето. Дотогаш беше негов потпретседател, а во меѓувреме и в.д. претседател. Редовното Генерално Собрание на ФФМ што воедно […]

Паушал од 10.000 денари, спортска опрема до 150 евра, ноќевање во Горица за делегатите на Собранието во ФФМ


Десет илјади денари, спортска опрема во износ до 150 евра, ноќевање, патни трошоци и, секако, задолжителен ручек. „Независен весник“ неофицијално дознава дека ова се бенефити за секој делегат во Собранието на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) што е најавено за викендот (17 март) во хотелот „Горица“ во Охрид. Настрана можноста за патувања или ротирање на […]

ФФМ: Не затајуваме данок, работиме по Закон


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реагираше по повод поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција за наводно даночно затајување, па велат дека никогаш не работеле спротивно на Закон и дека не затајувале данок. „Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) веќе подолг период подлежи на координирани инспекциски надзори и контроли од страна на државните органи и […]