ФФМ ја повлекува поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино


По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за периодот 2027–2031 година. За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување. Одлуката е донесена по внимателно разгледување […]

ФФМ донираше 1.300 столчиња за Градскиот стадион “Никола Мантов” во Кочани


Александар Андов, претседател на ОФС Кочани, денеска потпиша договор со кој Фудбалската федерација на Македонија им доделува 1.300 столчиња, со што значително се подобрува инфраструктурата и условите на Градскиот стадион „Никола Мантов“. -Ова е уште еден конкретен чекор кон создавање подобри услови за фудбалот и спортот во Кочани, вели претседателот на ОФС Кочани. Андов упати […]

ФФМ ја поддржува заедничката позиција на УЕФА: Светското првенство не е на продажба


Фудбалската федерација на Македонија го поддржува ставот на УЕФА околу котроверзниот план на ФИФА за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство. – Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели во Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори. Светското првенство е наследство, а не […]

Поранешниот претседател на ФФМ Сејдини пуштен од притвор – ќе се брани од слобода


Од Основен Кривичен Суд Скопје информираат дека судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на осомничениот М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, донесе решение со кое ја прифати понудената гаранција во износ од над 1.150.000 евра, која се состои од засновање хипотека врз недвижен имот и […]

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор


Кривичниот суд попладнево по сослушување на осомничените за проневера во Фудбалската Федерација на Македонија одлучи на три лица да им определи мерка притвор од 30 дена, а на пет лица им е определен куќен притвор. Во 30-дневен притвор одат поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски и уште две лица со иницијали О.М. и Ѓ.Ч.  Куќен […]

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени за проневера во ФФМ


Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, […]

Пиротехниката ја „изгоре“ касата на шампионот Вардар за 17.000 евра


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му изрече парична казна на првакот Вардар поради употреба на пиротехника на натпреварот од последното коло во ПМФЛ против Шкендија. Дисциплинската комисија на ФФМ му изрече казна од 17.000 евра на Вардар. Казната е изречена поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33 коло со ФК Шкендија кога „црвено-црните“ […]

Уапсен е поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини


Денеска е уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини  Тој се сомничи за проневера на 700.000 евра, пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид. Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Обвинителство. Од МВР велат дека е спроведена акција заедно со Обвинителството за гонење на […]

ФФМ го суспендираше стадионот на Башкими по вчерашниот инцидент


Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за суспензија на теренот на стадионот „Башкими“ во Куманово по инцидентот на вчерашниот натпревар со Струга Трим Лум. Воедно, против ФК Башкими 1947 Куманово и лицето Бурак Хида се покренува дисциплинска постапка, а предметот се доставува на понатамошно постапување пред Дисциплинската комисија на ФФМ. – Фудбалската федерација на Македонија […]

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама


Забрана за вршење на функција во траење од две години му изрече денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својот поранешен претседател Муамед Сејдини поради финансиска измама поврзана со градежни работи на стадионот во Охрид. Сејдини е санкциониран поради злоупотреба на својата положба во врска со авансна исплата во износ од околу 700.000 евра кон […]

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека ќе формира комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ. Во рамки на ревизијата ќе се утврдува и начинот на кој со ПРО лиценца се стекнал и поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски, „Ревизијата ќе опфати проверка […]

ФФМ: Уживаме висока доверба и јасна поддршка од јавноста


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес ги објави резултатите од Аналитичкиот извештај за јавна перцепција 2025, изработен врз основа на независно истражување на јавното мислење, спроведено од агенцијата „Фјучар Инвест“ согласно европските стандарди за спортска аналитика и принципите на „UEFA Good Governance Framework“.  – Резултатите покажуваат дека 78% од испитаниците имаат висока или многу висока […]

Министерството за спорт гради нова спортска сала во Аеродром, зад ФФМ


Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска го најавија стартот на проектот за изградба на нова современа спортска сала во општина Аеродром, во вредност од над 1 милион евра. Изградбата на овој нов спортски објект ја реализираат Министерството […]

ФФМ ја укина котизацијата за клубовите во Втора лига


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја укина котизацијата за настап во Втора македонска фудбалска лига. – За прв пат после речиси 15 години, второлигашките клубови немаат обврска да плаќаат котизација за учество во првенството. Оваа одлука, донесена по иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претставува значаен чекор напред кон создавање подобри услови за работа […]

ФФМ отвори постапка против фудбалери на Кожуф


Врз основа на добиени информации и преземени активности во врска со натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими, Одделот за безбедност и интегритет при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) покренaа постапка пред Дисциплинската комисија поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот одигран на 6. мај 2025. Постапката се отвора против: С. Г. – […]

ФФМ го суспендира ОФС Охрид: Измислиле цела општинска лига, правеле записници од натпревари што не се одиграле…


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука ОФС Охрид поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ да добие суспензија. У.О. на ФФМ по темелна постапка и по претходни сознанија од Одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластени службени лица […]

Дисциплинска против ФК Шкендија – недолично однесување на навивачи и непочитување на минута молк


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.  Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.  ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да […]

Маскирани лица го нападнале претседателот на ФФМ Муамед Сејдини


Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини бил претепан од неколку маскирани во ресторанот Балканика Рустикана во Скопје, дознава Алсат. Веста ја потврди и портпаролот на Федерацијата, кој нагласи дека „напуштајќи го ресторанот после работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“. Причината и состојбата на Сејдини се уште не се познати.

Алсат: Претседателот на ФФМ, Сејдини, физички нападнат од маскирани лица


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини (55) бил физички нападнат вечерва од неколку маскирани лица во скопскиот ресторан Балканика, јави телевизијата Алсат. Инцидентот во изјава за телевизијата го потврди портпаролот на ФФМ, кој прецизирал дека „напуштајќи го ресторанот после работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“. Засега не се […]

ФФМ бара извинување од албанскиот репрезентативец, Мирлит Даку


Од Фудбалската федерација на Македонија, изразија длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлит Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство. „Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот. […]