Стопирана продажбата на фудбалски влезници во Италија поради коронавирусот


Италија – Неколку италијански фудбалски екипи, меѓу кои и шампионот Интер, како и Јувентус, прекинаа со продажба на влезници за своите следни домашни натпревари, бидејќи поради растот на новозаразени со коронавирус, максималниот број гледачи е редуциран од 75 на 50 отсто од капацитетот на стадионите. Италија деновиве бележи зголемен број новозаразени со коронавирус, а денеска е […]

Седуммина заразени со коронавирус во Барселона, четворица во Реал, тројца во Севиља …


Шпанија – Бројот на заразени со Ковид-19 во шпанските фудбалски клубови е сè поголем. Барселона објави денеска дека во нејзините редови има седум заразени фудбалери, во Реал Мадрид четворица, а во Севиља тројца. Позитивни на Ковид-19 во мадридски Реал се Тибо Куртоа, Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Винисиус, објави актуелниот лидер во Ла Лига. Второпласираната […]

Ковач пред отказ во Монако


Монако– Хрватскиот фудбалски стручњак, Нико Ковач може да го напушти Монако оваа зима. Според „Л’Екип“, причина за евентуалниот отказ може да биде недостатокот на напредок во тимот, како и се позаладениот однос помеѓу тренерот и играчите. Сепак, одлуката може да биде одложена до крајот на сезоната. Оваа сезона Монако има постигнато 29 поени на 19 првенствени […]

Македонија на 67. место на листата на ФИФА


Годинава 2021-ва која полека изминува, за првпат во историјата се појавивме на Европското првенство, а потоа во текот на есенва осигуравме и прв историски бараж за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година. Никогаш претходно не сме биле втори во група на квалификации за Светско првенство. На последното ФИФА рангирање за календарскава година нема  никакви […]

Ливерпул нема да се засилува со невакцинирани фудбалери


Англија – Тренерот на премиерлигашот Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека невакцинираните фудбалери претставуваат здравствен ризик за општеството, додавајќи оти е малку веројатно неговиот клуб да се засилува со играчи, кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19. – Доколку играчот воопшто не е вакциниран, тој е постојана закана за сите нас … Не сме блиску до тоа […]

Расте бројот на одложени натпревари во Премиер лигата


Англија– Дуелот од 18. коло меѓу лондонски Вест Хем и Норич е последниот во низата одложени натпревари во Премиер лигата овој викенд поради сè поголемиот број заразени со коронавирус во клубовите. Од порано се одложени и натпреварите Лестер – Тотенхем, Саутемптон – Брентфорд, Ватфорд – Кристал Палас и Манчестер јунајтед – Брајтон. Норич и на претходниот дуел против Астон Вила имаше […]

Фудбалските менаџери годинава заработиле 444 милиони евра


Фудбалските менаџери во 2021 година инкасирале 444.6 милиони евра на трансфери на фудбалери, што е повеќе во споредба со лани и покрај падот на потрошувачката на трансфери, објави ФИФА во својот најнов извештај. Во однос на минатата година, заработката на фудбалските агенти и советници е зголемена за 0.7 отсто. Најголем приход на сметка на своите клиенти оствариле фудбалските менаџери во Англија (118.3 милиони евра), […]

Сè поголем број клубови се залагаат за прекин на Премиер Лигата


 Сè поголем број клубови се залагаат за прекин на Премиер лигата до нова година во обид да се справат со растечката криза со коронавирусот, изјавија извори за ЕСПН. Тоа би значело одложување на четири кола од натпреварите во лигата, почнувајќи од овој викенд и продолжувајќи до викендот од 1-2 јануари. Според предлогот, натпреварите во Премиер […]

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо


Македонската фудбалска репрезентација ќе има поддршка од 1.300 свои навивачи на трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, на кој на 24 март против домаќинот Италија ќе го одигра полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), соопшти денеска дека за македонските навивачи се предвидени пет проценти од вкупниот […]

У21: Македонските фудбалери го совладаа Косово


Македонската фудбалска репрезентација до 21 година триумфираше попладнево во Скопје во првиот од двата пријателски натпревари против Косово со 1:0. Стрелец на победничкиот сол за „црвено – жолтите“ беше Луан Абази. Вториот контролен натпревар двете селекции ќе го одиграат утре повторно на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Селекторот Драган Канатларовски за двомечот со косовската репрезентација повика 25 фудбалери […]

Шпанската Ла Лига ги продаде ТВ-правата за близу пет милијарди евра


Шпанската фудбалска Ла Лига постигна договор за продажба на своите телевизиски права за емитување на „Movistar“ и „DAZN“ за сума од 4.95 милијарди евра во следните пет години, објави раководството на натпреварувањето. Станува збор за рекорден договор за елитната лига во шпанскиот фудбал. Претходниот тригодишен договор потпишан во 2018 година со „Telefonica“ изнесуваше 2.9 милијарди евра. Правата […]

УЕФА Конференциска лига: Извлечени двојките за пласман во плејофот


Во седиштето на УЕФА во Нион попладнево се одржа жрепката за пласман во плејофот во третото по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на конференции. Плејоф двојките се: Олимпик Марсеј – Карабах, ПСВ – Макаби Тел Авив, Фенербахче – Славија Прага, Митјиланд – ПАОК, Лестер – Рандерс, Селтик – Бодо/Глимт, Спарта Прага – Партизан и Рапид – Витесе. Првите натпревари ќе се одиграат на […]

УЕФА ќе ја повтори жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони


Франција– Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони, која беше извлечена денеска точно напладне во Нион, ќе биде повторена поради софтверска грешка, соопшти попладнево УЕФА. – Поради технички проблем со софтверот се случи материјална грешка при жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони, наведе УЕФА. Од Европската куќа на фудбалот прецизираа дека жрепкатa ќе се повтори попладнево со […]

Ето застана на чело на камерунскиот фудбал


Поранешната фудбалска ѕвезда Самуел Ето е избран за претседател на Фудбалската федерација на Камерун (FECAFOOT), еден месец пред неговата земја да биде домаќин на Африканскиот куп на нации. Четириесетгодишниот Ето, кој во кариерата настапуваше за Барселона, Интер и Челзи, го презема раководењето со националниот сојуз, засенет со лошо менаџирање, корупција и внатрешни несогласувања. Ето во изборот за претседател на […]

Италија – Македонија ќе се игра во Палермо


Италијанската фудбалска федерација објави дека градот Палермо е избран за домаќин на полуфиналниот дуел од мундијалскиот бараж против македонската фудбалска репрезентација во договор со селекторот Роберто Манчини. Македонските фудбалери на 24 март ќе му гостуваат на европскиот првак на стадионот „Барбера“ со капацитет од 36.000 гледачи. – Одлуката да се игра во Палермо ја донесовме […]

УЕФА го избра Елмас за играч на колото во ЛЕ


Двата гола кои во четвртокот вечер му помогнаа на Наполи да обезбеди пласман во нокаут фазата, на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас му го донесеа денеска признанието играч на колото во Лига Европа (ЛЕ). Елмас беше двоен стрелец во триумфот на Наполи на домашен терен над Лестер од 3:2 со кој италијанскиот тим заврши второпласиран […]

Канатларовски повика 25 фудбалери од 2002-2003 за два контролни меча против Косово


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски, заедно со стручниот штаб во младата селекција испратија покана до 25 фудбалери од генерацијата 2002/2003 кои ќе бидат во комбинација за настап на два контролни натпревари против Косово на 16-ти и 18-ти декември во Скопје. – Наша цел е преку ваков тип подготовки и контролни натпревари […]

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ


Со победата на Виљареал над Аталанта синоќа се комплетираа учесниците во осминафиналето во Лигата на шампионите. Натпреварот во Бергамо заврши со резултат од 2-3, а истиот претходно беше одложен поради снежното време кое не дозволи да се игра во средата. Ждрепката е закажана за понеделник од 12 часот по средноевропско време, а традиционално ќе се […]

Распродадени билетите за дуелот Македонија – Косово


Влезниците за натпреварот помеѓу Македонија и Косово веќе се распродадени. Македонската А репрезентација на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со репрезентацијата на Косово во плејоф дуелот за пласман на ЕП 2020. – Им се заблагодаруваме на македонските навивачи за поддршката која им ја даваат на фудбалерите и се радуваме на […]

(Видео) Најбизарниот гол падна на „Полјуд“: Славен слави, Хајдук дава гол


Публиката на „Полјуд“ денеска го виде еден од најбизарните голови во историјата. Во натпревар од хрватското првенство, Славен Белупо гостуваше кај Хајдук и губеше со 1-0 до средината на второто полувреме. Тогаш, се чинеше дека ќе го израмнат резултатот, но топката заврши во стативата што не им беше јасно на дел од фудбалерите од Копривница. […]