Франција обезбеди место на СП 2026, Роналдо исклучен во поразот на Португалија


Француската фудбалска репрезентација го завери своето место на Светското првенство 2026 триумфирајќи синоќа над Украина, додека Португалија испушти шанса да стане третата европска репрезентација со обезбеден мундијалски настап, откако загуби од Ирска и остана без својот капитен Кристијано Роналдо, кој доби директен црвен картон на гостувањето во Даблин. Франција го обезбеди првото место во квалификациската […]

Милевски: Летонија е убава шанса да ја видиме и пошироката слика


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа очекувањата за пријателски натпревар против Летонија. „Црвено-жолтите“ утревечер од 18 часот ќе ја пречекаат летонската селекција во пресрет на завршницата од мундијалските квалификации и дуелот против Велс во Кардиф.  -Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред натпреварот […]

Слободен влез на Националната арена за Македонија – Летонија


Македонската А репрезентација во четврток, 13 ноември, со почеток во 18:00 часот, ќе го одигра последниот домашен натпревар оваа година.   На Националната арена „Тодор Проески“, нашата најдобра селекција ќе одигра контролен натпревар против Летонија.   Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека влезот за овој натпревар ќе биде слободен за сите навивачи. […]

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето


Македонската фудбалска репрезентација падна за две позиции и на денеска објавената ранг-листа на ФИФА се наоѓа на 65 место. Македонските фудбалери по двата нерешени натпревари во октомврискиот циклус во мундијалските квалификации, против Белгија (0-0) и Казахстан (1-1) се наоѓаат на 65 место со 1390.06 поени, што е за 2.1 поени повеќе во однос на претходното […]

Нерешено во Скопје: Македонските фудбалери одиграа 1:1 против Казахстан (фото)


Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје одигра нерешено 1:1 со Казахстан во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Во првиот дел противникот беше подобар со повеќе контрола над топката, додека нашите репрезентативци имаа повеќе шанси за постигнување гол. Воведните минути беа во знакот на гостите од Казахстан, кои ја имаа и првата шанса за […]

Бразил отфрли можност за пријателски натпревар со Русија


Директорот за комуникации на Бразилската фудбалска конфедерација, Фабио Сеишас објави дека оваа јужноамериканска репрезентацијата нема планови да игра против руската репрезентација во 2026 година. „Таков натпревар не е во нашата програма, бидејќи веќе имаме закажано пријателски натпревари со европски репрезентации на стадионите во САД во март и јуни следната година, што ќе биде дел од […]

Уругвај, Колумбија и Парагвај се пласираа на СП2026, Меси двоен стрелец за Аргентина


Фудбалските репрезентации на Уругвај, Колумбија и Парагвај, на едно коло пред крајот на мундијалските квалификации, обезбедија пласман на Светското првенство 2026. Двократниот светски шампион Уругвај забележа победа на домашен терен над Перу со 3-0 која ги искачи на третото место на табелата во јужноамериканските квалификации со 27 бодови, бод зад второпласираниот Бразил, кој го победи […]

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо


Продолжен е притворот на 43 годишниот родител од Скопје, кој на 24 август  на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев  денеска за […]

Правнукот на Мусолини дебитираше во Серија А


Правнукот на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, Романо Флоријани Мусолини, дебитираше во петокот вечер во Серија А во натпреварот меѓу Кремонезе и Сасуоло. Мусолини влезе од клупата за резерви во 82. минута на местото на Алесио Зербино и изнуди пенал со кој Кременозе на крајот ја обезбеди победата. „Премногу работи се случија за прекратко време. Не […]

Колев нов селектор на фудбалската репрезентација до 17 години


 Фудбалската федерација на Македонија го назначи денеска поранешниот фудбалер на Вардар и Силекс, Влатко Колев за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација до 17 години. Колев седнува на селекторската клупа на местото на Драган Начевски, кој својата тренерска кариера ќе ја продолжи во кипарскиот фудбал. Влатко Колев е носител на тренерска Про лиценца со речиси […]

Се бара притвор за таткото што на терен натепа млади фудбалери во Штип


Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице осомничено дека извршило грубо насилство на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, вчера за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови Брегалница и Шкупи.  Со дејствијата, според Обвинителство, тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на […]

Родители тепаа туѓи деца: Инцидент во Штип на фудбалски натпревар од пионерската лига на Македонија


  И тоа почна да се случува. Да има тепачки кога играат пионери во државната лига во фудбал. Родители влетуваат во теренот да тепаат деца од противничката екипа. Инцидент го прекина првенствениот фудбалски натпревар на првото коло од Републичката пионерска лига меѓу штипска Брегалница и скопско Шкупи, кога на фудбалското игралиште „Бело Брдо“ во Штип […]

Новата фудбалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот


Стартот на Првата фудбалска лига во Македонија е в петок (8.август), а со почетокот на новиот шампионат на натпреварите ќе биде применувана и ВАР технологијата. Досега ВАР системот во Македонија се применуваше само на Националната Арена „Тодор Проески“ и тоа на меѓународни натпревари.  Едно од првите ветувања на претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ со неговото […]

Временските услови сè поголем проблем за Светското клупско првенство


Од пеколни горештини до силни грмотевици, Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави се одржува во услови што сериозно го нарушуваат распоредот на натпреварите, принудувајќи ги организаторите и тимовите да прават постојани промени. Поради неповолни временски услови, досега се откажани четири натпревари, а од следната недела се очекува нов топлотен бран. Второто полувреме од дуелот […]

Десет екипи обезбедија пласман на Светското првенство. Две се дебитанти


На Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе учествуваат 48 екипи, а десет учесници веќе обезбедија пласман. Покрај домаќините, САД, Канада и Мексико, своите места на Светското првенство ги обезбедија и бранителот на титулата Аргентина, Јапонија, Јужна Кореја, Иран, Нов Зеланд, Узбекистан и Јордан. Од нив, Узбекистан и Јордан се дебитанти. Светското првенство ќе […]

Одложени натпреварите во Италија поради смртта на папата


Сите натпревари закажани за денеска на терените ширум Италија се одложени поради смртта на папата Франциск, кој почина утрово. Серија А денеска на програмата имаше четири натпревари во различни термини. Денот требаше да го отвори Торино со нашиот на Елиф Елмас дома против Удинезе од 12:30 часот. Потоа Фиорентина требаше да гостува кај Каљари, Лацио […]

Коринтијанс го отпушти тренерот


Бразилскиот фудбалски гигант Коринтијанс му врачи отказ на тренерот Рамон Дијаз по само четири кола од националниот шампионат. Под водство на аргентинскиот стратег, Коринтијанс минатиот месец го освои Паулиста, трофејот во првенството во сојузната држава, но имаше очаен старт во бразилскиот шампионат. Четирите бодови освоени во првите четири кола од бразилскиот шампионат и поразот од […]

(Галерија) Фудбалерите на Вардар и Црвена ѕвезда одиграа за настраданите во Кочани


Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје одамна не беше исполнета како вечерва на хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена ѕвезда, кој беше посветен на настраданите во трагичниот пожар во Кочани пред еден месец. Повеќе од 20 илјади гледачи присуствуваа на овој натпревар, полн со емоции и одавање почит за настраданите во пожарот, а целата атмосфера, […]

Пандев и Стоичков на чело на македонските и бугарските фудбалски легенди во хуманитарен натпревар за Кочани


Бугарските фудбалски легенди од Светското првенство 1994 година собираат пари за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани. – На 27 април ќе се одржи хуманитарен фудбалски натпревар меѓу ѕвездени тимови на истакнати фудбалери од Бугарија и Република Северна Македонија. Натпреварот го организира Фондацијата „Национали 94“ во партнерство со општина Варна. Собраните средства ќе бидат […]

Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата


 Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во мундијалските квалификации доаѓаат во тешки денови за него лично и за целата нација, откако 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Загубивме многу блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да продолжиме да […]