Од Турција, преку Албанија до Саудиска Арабија: Ферхан Хасани во Ал Раед


Ферхан Хасани, конечно, ја затвори летната трансфер сага. По разделбата со Шкендија, македонскиот репрезентативец се поврзуваше со клубови во Турција и во Албанија, но на крај заврши во Саудиска Арабија. Популарниот Буба потпиша едногодишен договор со екипата Ал Раед вреден 1,2 милиони евра. Офанзивниот играч во средниот ред е дете на Шкендија. Низ младинските погони […]

По фудбалска афирмација во Хрватска: Младиот стопер Христијан Димов во Интер Запрешиќ


Се зголемува македонската колонија на фудбалери во Хрватска. Овојпат станува збор играч чија афирмација допрва се очекува. Се работи за тинејџерот Христијан Димов кој од Вардар се пресели во Интер Запрешиќ. Има 18 години, игра на позицијата стопер, во есенската полусезона ќе настапува за младинската екипа од Запрешиќ, прекоманда меѓу сениорите очекува да добие напролет. […]

Џенова на Пандев нема да игра против Милан


По огромната трагедија во Џенова, поврзана со уривањето на мостот „Понте Моранди“, Италијанската фудбалска федерација одлучи да ги одложи средбите меѓу Сампдорија – Фиорентина и Милан – Џенова, закажани за в недела. Двата клуба од Џенова се обратија кон одговорните органи на италијанскиот фудбал, за да побараат одложување на двете средби во знак на сочувство со […]

Манџукиќ се повлече од хрватската репрезентација


Напаѓачот Марио Манџукиќ преку порака на Инстаграм објави повлекување од репрезентацијата на Хрватска. Манџукиќ има 89 настапи и 33 гола во дресот на репрезентацијата, кои стигнаа до историското второ место на Светското првенство во Русија. „Не постои совршен момент за повлекување од националниот тим, но сребрен медал од Светското првенство ми даде сила да го […]

Триумфи на Победа и Академија Пандев


Две победи за домашните и едно реми е епилогот на трите денешни средби од првата рунда од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Победа ја совлада Беласица со 1:0, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. 2:1 и Силекс – Шкупи 1:1 се резултатите на неделните натпревари. Вчера во дербито во Тетово меѓу шампионот Шкендија и […]

Адеми со два гола го дотолчи Хапоел


Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми постигна два гола во високата победа на неговиот Динамо против израелскиот шампион Хапоел Бер Шева (5-0) во квалификациите од фудбалската Лига на шампиони. Адеми, кој ја носеше капитенската лента, погоди во второто полувреме, стрелец беше на третиот и на четвртиот погодок во период од само 11 минути. Во листата на […]

Сапуница со судбината на Вардар


Поразот од Пјуник во Скопје беше тежок, елиминацијата на стартот на квалификациите за Лига Европа (ЛЕ) уште потешка, но најтешкото, се чини, допрва следува за Вардар. Александар Васоски по мечот истакна дека е потребно да се извлечат поуки по двомечот со Ерменците за тимот да излезе посилен од ситуацијата и како таков да влезе во […]

Паоло Скарони именуван за нов претседател на Милан


Aмериканскиот инвестициски фонд „Елиот менаџмент“, кој неодамна ја презеде контролата над италијанскиот фудбалски клуб Милан, го отстрани од функцијата кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли и го постави Паоло Скарони за нов привремен претседател на клубот. Отказ доби и досегашниот извршен директор на клубот Марко Фасоне, но сè уште не е познато кој ќе ја преземе оваа […]

Златко Далиќ доби понуда: 15 милиони евра за три сезони


Успехот на хрватската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Русија каде го осовија сребрениот медал, му ја подигна цената и на селекторот Златко Далиќ. Загрепските медиуми пишуваат дека добил понуда од еден кинески и еден корејски тим да се пресели кај нив, а тие за следните три години ќе му исплатат 15 милиони евра. Далиќ досега […]

Ѕвездичката на Франција и срцето на Хрватска


Сашко Ѓ. Димовски Франција со нова шампионска ѕвездичка, Хрватска со шампионско срце, Русија ликува како успешен домаќин, светот ѝ честита за организацијата на едномесечниот спектакл. Заврши 21. планетарно фудбалско првенство, кое ќе остане запаметено како прво со употреба на ВАР-технологијата. Но ќе остане запаметено и по дебаклот на Германија, по хаосот во репрезентацијата на Аргентина, […]

Ѓоковиќ: Честитки до Хрватска за сребрениот медал


Победникот на овогодинешното издание на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ уште еднаш и се поклони на хрватската фудбалска репрезентација за огромниот успех на Мундијалот во Русија, каде го освоија второто место. Српскиот тенисер неколку пати јавно кажа дека навива за Хрватска, по што и „коцкестите“ фудбалери му возвратија на подршката, па изјавија дека му посакуваат титула на […]

(ВИДЕО) Величествен пречек за хрватските фудбалери во Загреб


Хрватската фудбалска репрезентација го освои второто место на Мундијалот во Русија, а по враќањето во Хрватска на фудбалерите им беше приреден величествен пречек. Веднаш по слетувањето на аеродромот во Загреб ги пречeкаа илјадници граѓани, но и долж целиот пат по кој требаше да помине автобусот со фудбалерите. Хрватските херои се движат во отворен автобус, веќе […]

Медиумите во Франција го обвинија Путин за „недостиг на елеганција“


Русија – Сите медиуми во Франција посветија сериозно внимание на вчерашното наградување на француските репрезентативци, кои поминаа на пороен дожд. Француските изданија „Клоусер“ и „Ел“ се фокусираат на церемонијата на доделувањето на која претседателите на Франција и Хрватска, Емануел Макрон и Колинда Грабар-Китаровиќ останаа на дождот и накиснаа, додека рускиот претседател Владимир Путин беше веднаш […]

Модриќ: Понекогаш не победува подобриот


Капитенот на Хрватска Лука Модриќ беше движечката сила на тимот на патот кон големото финале на Мундијалот 2018. И покрај поразот од Франција (2:4) во битката за титулата, фудбалерот на Реал Мадрид повторно се претстави неверојатно, а по натпреварот ја доби наградата за најдобар играч на шампионатот. – Сама по себе оваа награда не може […]

Нема страв за Хрватите, Модриќ никогаш не изгубил финале


Звучи неверојатно, ама капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ победил во сите 10 финалиња на кои што настапил. Во дресот на Реал Мадрид, четири пати ја освоил Лигата на шампионите (2014, 2016, 2017 и 2018), еден Куп на кралот (2014), три европски Суперкупови (2014, 2016, 2017) и три светски клупски првенства (2014, 2017 и […]

Лемурите од скопската ЗОО прогнозираа: Хрватска е шампион


Постојано слушаме за животни од целиот свет кои предвидуваа победници на светски и европски првенства во фудбал. Најпознат прогнозер беше октоподот Пол, а неодамна сибирскиот тигар од Зоолошката во Краснојарск предвиди победник во полуфиналето на Светското фудбалско првенство. Во Зоолошка градина Скопје, како највесели прогнозери се покажаа лемурите. Кај овој вид на примати владее матријархат, […]

Модриќ: Ако станеме прваци, сите се фарбаме


Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ откри дека сите играчи ќе се исфарбаат доколку станат светски прваци. „Луѓето заслужуваат ваква среќа, одиме до крај“, порача огнената „десетка“. Хрватска и Франција ќе го одиграат финалниот меч во недела од 17 часот. Ден претходно, во натпреварот за третото место ќе играат Англија и Белгија. Истото, Хрватите […]

Стивен Сигал пристигна во Москва да ја бодри Хрватска


Холивудскиот актер Стивен Сигал пристигна во Москва за да го следи полуфиналниот натпревар од Светското фудбалско првенство меѓу Хрватска и Англија. Во куса изјава за фоторепортерите кои го уловија додека шеташе по „Црвениот плоштад“, тој порача дека ќе навива за Хрватите. Медиумите јавуваат дека атмосферата во главниот град на Русија е фантастична, по десет илјади […]

Фото/Видео: Веселиот Вида слави: „Кафана је моја судбина“


Одбранбениот фудбалер на хрватската фудбалска репрезентација, Домагој Вида продолжува да им создава проблеми на своите претпоставени. По победата над Русија и пласманот во полуфиналето од Светското првенство, се појави нова снимка, на која се гледа како заедно со тренерот на репрезентацијата, Ивица Олиќ со пиво наздравуваат и пеат: „Кафана је моја судбина“. Песната им ја […]

Путин: Нашите играчи се херои


Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша фудбалерите на „Зборнаја“ како „херои“. Тие загубија достојно од Хрватска со убава игра, објави неговиот прес-секретар, Дмитриј Песков на брифинг со новинарите по средбата на стадионот „Фиш“ во Сочи.  – За нас момците се херои, со кои се гордееме, категоричен беше Песков. Селекторот на домашниот тим, Станислав Черчесов откри […]