Франција ја обвини Русија за серија кибер напади од 2015 година


Франција денеска ја обвини Русија за серија кибер напади врз француски институции и настани, вклучувајќи ги минатогодишните Олимписки игри и изборите во 2017 година.  Франција ги осудува нападите и верува дека единица на руската воена разузнавачка служба, групата APT28, е одговорна за нив, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.   Оттаму наведуваат […]

„Арселор Митал“ најави отпуштање на 600 работници во Франција


Гигантот во челичната индустрија „Арселор Митал“ најави дека ќе отпушти 600 работници од седум свои погони во северна Франција, како дел од планот на компанијата за укинување на 1.400 работни места во фабриките низ цела Европа.  Ваквата одлука на компанијата предизвика жестока реакција на синдикатите кои обвинуваат дека компанијата планира да го пренасочи производството во […]

Хаос во француските затвори предизвикан од нарко-мафијата?


Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретајо по повод серијата напади врз затворите во неколку градови изјави дека Националното обвинителство за борба против тероризмот презело акција и има ресурси да го реши проблемот. Како што рече, верува дека зад нападот стои нарко-мафијата, пренесоа денеска француските медиуми. Ретајо додал за РТЛ дека од неделата биле нападнати […]

Нов круг од вселенската трка: Франција планира повторно да ја активира својата програма за развој на вселенски авиони


Министерот за вооружени сили на Франција, Себастиен Лекорну го разгледа продолжувањето на францускиот развој на вселенскиот авион, нагласувајќи дека тоа е еден од најважните проекти на вселенската програма. Од друга страна, францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну изјави дека Франција успешно го лансирала сателитот CSO-3 со помош на ракетата Ariane 6, која треба да биде […]

Франција на граѓаните им испраќа „прирачник за преживување“ во случај на војна


Француската влада планира на сите домаќинства да им испрати „прирачник за преживување“ со упатства што да прават во случај на вооружен конфликт, природна катастрофа или здравствена криза, јавуваат француските медиуми. Иако прирачникот не ја спомнува Русија или војната во Украина, претходно овој месец францускиот претседател Емануел Макрон ја предупреди нацијата за „руската закана“ со која […]

Европа се снабдува со нуклеарно оружје?


Францускиот претседател Емануел Макрон ја изрази својата подготвеност да започне разговори за европската нуклеарна одбрана, сугерирајќи дека Франција би можела да помогне во заштитата на другите земји од Европската унија со оглед на безбедносните закани што ги носи Русија. Во интервју за португалската телевизија РТП, Макрон рече дека „ако Европа сака да се стреми кон […]

Франција ги повикала западните министри за надворешни работи на разговори за Украина


Франција ги покани министрите за надворешни работи на Украина, Германија, Полска, Италија, Шпанија, Обединетото Кралство и Европската унија, како и новиот американски државен секретар Марк Рубио, на состанок за Украина на 12 февруари, информираат дипломатски извори. Се уште не е познато дали новиот американски државен секретар Марко Рубио ќе присуствува на овие разговори, дознава „Ројтерс“ […]

Македонија поразена од Франција, но покажа дека може да се носи со најголемите


Ракометната репрезентација на Македонија беше поразена со 32-25 (18-14) од Франција на последниот меч од главната фаза на Светското првенство. Со овој резултат Македонија ја заврши главната фаза на четвртото место и ќе се пласира од 13. до 16. позиција на шампионатот. До 5-5 бевме рамноправни со „триколорите“ кои потоа направија серија од 3-0, го […]

Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства


Француските судски власти вчера издадоа нов налог за апсење на соборениот од власт сириски лидер Башар ал Асад, обвинувајќи го за учество во воени злосторства поврзани со смртта на француски државјанин од сириско потекло во 2017 година, објави денеска весникот „Паризиен“. Според обвиненијата, Асад се товари за соучесништво во убиства и напади врз цивили. „Паризиен“ […]

Франција нема да прави отстапки во преговорите за финансирање на европската одбранбена индустрија


Францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну изјави дека Париз нема да направи никакви отстапки во преговорите со Европска Унија за создавање механизам за финансиска поддршка на европската одбранбена индустрија. – Улогата на Европската комисија е, и треба да биде, да го поддржи забрзаниот и поедноставен развој на европските одбранбени индустрии, а не да ги […]

Франција одбележува 10 години од нападот на „Шарли Ебдо“


Франција денеска ќе ја одбележи 10-годишнината од терористичкиот напад на редакцијата на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“. На комеморацијата ќе присуствуваат претседателот Емануел Макрон, министри и градоначалничката на Париз, Ан Идалго. На 7 јануари 2015 година, двајца браќа терористи влегоа во редакцијата на „Шарли Ебдо“ и убија 12 лица, поради објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед […]

Светот во 2024/ Политичка криза во Франција, дипломатски бум на Макрон


Изминатата 2024 година во Франција за помалку од 12 месеци се сменија четворица премиери. Девет дена по почетокот на годината, Елизабет Борн му ја отстапи премиерската функција на Габриел Атал – најмладиот премиер во историјата на француската Петта република. Тој му ја отстапи функцијата во септември на Мишел Барние – најстариот премиер во историјата на […]

Франција ги засилува безбедносните мерки на божиќните базари


Франција најави примена на засилени безбедносни мерки, слични на оние од Олимписките игри, за време на божиќните базари, кои привлекуваат голем број посетители низ целата земја. Мерките предвидуваат строга контрола врз лица означени како потенцијални закани за безбедноста, вклучувајќи ограничувања за движење. Министерството за внатрешни работи објави дека овие мерки се дел од стратегијата за […]

„Најхрабрата жена на светот“: Весниците за пресудата на силувачите на Жизел Пелико


  Вестите за пресудите во најголемото судење за силување во француската историја ги полнат насловните страници во Европа денес. Откако францускиот суд осуди 51 маж за силување, обид за силување и сексуален напад на Жизел Пелико, таа им се обрати на поддржувачите, велејќи дека мисли „на непризнаените жртви, чии приказни често остануваат во сенка“. Еден […]

Новиот француски премиер ја призна тежината на буџетската ситуација


 Новиот француски премиер, центристот Франсоа Бајру, денеска изјави дека е свесен за тежината на политичката и буџетската ситуација во земјата додека ја преземаше функцијата од неговиот претходник Мишел Барние. – Знам сè за Хималаите кои се пред нас, рече Бајру во палатата Матињон, седиштето на француската Влада. Дефицитот на Франција, втората по големина економија во […]

Притисокот врз Макрон станува преголем по падот на владата. Се бара премиер


  Францускиот претседател Емануел Макрон одржа состаноци со лидерите на парламентот и сенатот пред говорот пред нацијата во четвртокот навечер, додека расте притисокот врз него брзо да назначи нов премиер по историскиот колапс на француската влада. Десничарскиот премиер Мишел Барние разговараше со Макрон нешто повеќе од еден час за да му го предаде писмото со […]

Марин Ле Пен ја доведе владата на Барние на колена, следната цел е Макрон


  Марин Ле Пен има две големи цели, велат нејзините критичари: да предизвика хаос и да го урне Емануел Макрон. Драматичните настани од последните денови, кога францускиот политички систем се распадна и ја доведе втората по големина земја во Европската унија до една од најсериозните кризни точки во нејзината модерна историја, би сугерирале дека нејзините […]

Дали на еврозоната ѝ се заканува нова должничка криза: Сите очи се вперени во Париз


Пазарот на државни обврзници покажува колку сериозно се гледа на политичкиот хаос во Франција на финансискиот пазар. Десетгодишните француски државни обврзници неодамна имаа поголем принос од грчките државни обврзници. Иако берзите ја игнорираа буџетската криза во Париз, оваа криза значително се одрази и на девизниот пазар. Имено, вредноста на еврото во однос на доларот се […]

Во Франција поради невреме без струја 33.000 домаќинства


Околу 33.000 домаќинства останаа без струја денеска во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што вчера го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.   „Денеска во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и […]

Масовно пукање во Франција – учествуваа стотици луѓе, 5 беа тешко ранети


Во Поатје, град во западна Франција, во текот на ноќта се случи масовно пукање поврзано со шверц на дрога, при што тешко беа ранети пет лица, меѓу кои и 15-годишно момче кое е во критична состојба. Министерот за внатрешни работи Бруно Ретаљо изјави дека инцидентот започнал со пукање пред ресторан, а потоа прераснал во судир […]