Дали Франција ќе биде парализирана денес? „Блокирај сè“ ги повикува граѓаните да излезат на улица


Поддржувачите на француското движење „Блокирај сè“ („Bloquons tout“) планираат денес да ја парализираат целата земја. Иако нивниот онлајн повик за протести потсетува на отпорот на Жолтите елеци од 2018 година, нивниот профил е значително различен, според неодамнешна студија, објавува France 24. Во Франција расте гневот поради нацрт-буџетот на премиерот Франсоа Бајру за 2026 година, кој […]

Француската должничка криза ја загрозува целата еврозона


Франција, со својот рекорден долг и растечки дефицит, станува најголем ризик за стабилноста на еврозоната. Експертите предупредуваат дека кризата во Париз би можела да се прелее во целата ЕУ и да го доведе во прашање опстанокот на еврото. Непосредно пред Франсоа Бајру да го изгуби гласањето за доверба во парламентот во понеделник (8 септември), премиерот […]

Француски анестезиолог предизвикувал срцев удар за да ги спасува пациентите со реанимација – 12 починале


Во Франција започна судењето на анестезиологот Фредерик Пешие (53) под обвинение за труење и смрт на 12 пациенти. Француски анестезиолог е обвинет за намерно труење на 30 деца и возрасни пациенти на возраст меѓу четири и 89 години, од кои 12 починале. Според обвинението, Пешие работел во две клиники во градот Безансон кога пациентите доживеале […]

Бајру бара поддршка во Парламентот пред гласањето за доверба


Во Парламентот на Франција започна вонредна седница, за време на која ќе се одржи гласање за доверба на премиерот Франсоа Бајру, што е веќе третпат за една година. Бајру го свика гласањето, со што заврши летната пауза на пратениците и побара од нив да ги поддржат неговите планови за намалување на јавниот долг. Бајру беше […]

Француските болници добија насоки да се подготват за можна војна


Француските болници се предупредени да се подготват за „големо воено распоредување“ до март 2026 година. Иако веста првпат ја објави сатиричниот неделник Le Canard enchaîné, информацијата подоцна ја потврди министерката за здравство Катрин Вотрен, објави metro.co.uk. Во писмото, испратено од француското Министерство за здравство во јули, се наведува дека болниците мора да бидат подготвени за потенцијално […]

Историски пресврт: Крајната десница води во трите најмоќни земји во Европа


За прв пат во модерната историја, популистичките или крајно десничарските партии водат на анкетите во три од најмоќните земји во Европа – Обединетото Кралство, Франција и Германија. Ова е најновиот знак за растечко незадоволство на гласачите на континентот по години висока имиграција и инфлација, објави „Волстрит џурнал“. Крајно десничарските и антиимиграциските партии веќе влегоа во […]

Французите не ги напуштаат Украинците: Макрон вети дека ќе обучи повеќе украински пилоти на француски авиони


  Во телефонски разговор меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Франција вети дека ќе го зголеми бројот на украински пилоти кои ќе бидат обучени на авионите Мираж 2000. Според украинските медиуми, украинските воздухопловни сили добиле најмалку пет повеќенаменски ловци Мираж 2000-5 како воена помош од Франција. Обуката за пилоти и техничари […]

Во Лимож 100 луѓе фрлаа рачни бомби и молотови коктели врз возила и полиција


Околу 100 лица со качулки фрлаа рачни бомби и молотови коктели врз возила во Лимож, централна Франција, синоќа за време на ноќните судири со органите за спроведување на законот, во кои беа повредени 10 полицајци, објавија денеска локалните власти. -Тоа е урбана герилска војна, рече градоначалникот на Лимож, Емил Роже Ломберти, додавајќи дека насилството е […]

Франција го казни Шејн поради лажни попусти


Францускиот регулатор ѝ изрече казна од 40 милиони евра на кинеската онлајн платформа за продажба на облека Шејн поради доведување во заблуда на купувачите со лажни тврдења за попусти. Од 1 октомври 2022 година до 31 август, DGCCRF (Генерална дирекција за конкуренција, потрошувачки работи и контрола на измамите) ги анализираше наводно намалените цени на илјадници […]

Две лица починаа поради топлотниот бран во Франција


 Две лица починаа во Франција поради проблеми поврзани со жештината, а повеќе од 300 примиле итна медицинска помош, соопшти денеска француската министерка за животна средина, Ањес Пание-Рунахер. Голем дел од Франција вчера ја зафати екстремна жештина, при што највисоко ниво на тревога беше активирано во 16 департмани, вклучувајќи го и Париз. Температурите достигнаа над 41 […]

Франција го суспендираше производството на електрична енергија во нуклеарната централа на реката Гарона


Францускиот енергетски гигант ЕДФ побрза да ги затвори своите нуклеарни реактори на реката Гаронa поради екстремно високи температури, поништувајќи ја одлуката со која беше најавено само намалување на производството. Пред една недела, ЕДФ објави дека ќе го намали производството во нуклеарната централа Голфшек на реката Гарон на 2 јули. Порано оваа недела, објави дека веќе […]

Две лица загинаа во невремето во Франција, од кои едно е 12-годишно момче (видео)


Најмалку две лица загинаа, а пријавени се значителни штети низ цела Франција откако силни бури го зафатија поголемиот дел од земјата синоќа, соопштија властите. Во силното невреме што зафати голем дел од Франција, загинаа две, а најмалку 17 лица се повредени, соопштија од француската служба за цивилна заштита. Според изјавата на Александар Жуасар, заменик на […]

Николоски во Париз, очекува подобрување на економските и политички односи меѓу Македонија и Франција


Вицеремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од утрово ги започна средбите со претставници на Владата на Француската Република на кои се разговара за подобрување на севкупните политички и економски односи. „Подобрувањето на односите со Франција се клучни и затоа оваа средба ја сметам за многу значајна. Утрово веќе остваривме средба со првиот човек за […]

Француски град од бајките за кој малкумина слушнале: Неговата убавина е зачудувачка


Францускиот град Анси, сместен во близина на швајцарската граница, го доби прекарот „Венеција на Алпите“ благодарение на својот добро зачуван средновековен центар испресечен со канали и камени мостови. За разлика од другите градови во Франција, Анси е малку позната дестинација. Многу луѓе минуваат низ главниот град на Горна Савоја на пат кон фенси скијачки центри […]

Повеќе од 140 жени нападнати со шприцеви за време на музички фестивал во Франција


Серија напади со шприцеви се пријавени за време на популарниот музички фестивал „Fete de la Musique“, кој се одржува во голем број француски градови, главно во Париз. Француското Министерство за внатрешни работи објави дека досега 145 жени поднеле кривични пријави за прободување со непознати супстанции, од кои многу се тинејџерки. Главниот град има најголем број […]

Франција: Четири лица загинаа во пожар во Ремс, предизвикан од електричен тротинет


Четири лица загинаа во пожар во десеткатница во францускиот град Ремс, за кој се претпоставува дека избувнал поради дефект на батеријата од електричен тротинет, соопштија локалните власти. Тринаесетгодишно момче загинало откако скокнало од прозорец на четвртиот кат каде што избувнал пожарот во петокот наутро. Во истиот стан било пронајдено изгорено тело, за кое се претпоставува […]

Франција пред финансиски колапс до 2027 година, предупредува Државниот ревизорски суд


Франција би можела да се соочи со сериозен недостиг на буџетски средства до 2027 година доколку не се преземат итни мерки за ограничување на јавната потрошувачка, предупреди францускиот Државен ревизорски суд. Во вчерашниот извештај на ревизорите, кој го пренесуваат денеска француските медиуми, како главна причина за зголемениот дефицит се наведуваат широките социјални програми. Само во […]

Во Франција разбиена меѓународна мрежа за производство на синтетичка дрога


Француската полиција разби меѓународна мрежа за производство на синтетичка дрога и уапси осум лица. Во голема полициска операција во францускиот департмент Вар и во Белгија откриена е меѓународна криминална група која произведувала и тргувала со синтетичка дрога и перела пари. Пролетта 2024 година во луксузна вила во Вар биле произведени 400 килограми метамфетамин. За производството […]

Невреме во Франција: Три лица го загубија животот, две се водат како исчезнати


Три лица го загубија животот, а две се водат како исчезнати во невремето што денеска го погоди департманот Вар на југоистокот на Франција, соопштија официјални претставници. Најлошо погодени во невремето се Лаванда, Борм-ле-Минос и Кавалиер, објави веб-страницата на Франсблу. Три лица ги загубија животите во Лаванду и Видобан, соопшти жандармеријата, објави телевизиската станица БфмТВ. Невремето […]

Француската полиција истражува серија киднапирања на богати луѓе кои работат со криптовалути


Француската полиција истражува серија киднапирања на милионери кои го стекнале своето богатство во криптовалути откако киднапери му  отсекоа прст на еден од нив, барајќи неговиот син да плати откуп. По тој инцидент, киднапираниот сопственик на компанија за рекламирање криптовалути бил ослободен доцна синоќа од куќа јужно од Париз. Бил киднапиран во четвртокот навечер. Истражителите веруваат […]