Рекордни 464.769 позитивни случаи на коронавирус во Франција


Во изминатите седум дена во Франција дневната  контаминација со коронавирус достигна рекордни бројки од над 300.000 позитивни лица, објави Јавното здравство, но вчера оваа бројка се зголеми на 464.769. Со тоа просекот за неделата достигна 309.433 дневни случаи, наспроти 281.965 претходниот вторник, јави дописникот на МИА. Службите за интензивна нега, кои примаат најсериозни случаи, во вторникот […]

Макрон претстави 21 нов проект за странски инвестиции во Франција


Француското претседателство претстави 21 нов проект за странски инвестициски во земјата со вредност над четири милијарди евра со што, според франциски медиуми, шефот на државата Емануел Макрон ќе може да продолжи со својата политика на задржување на имиџот на Франција како атрактивна инвестициска дестинација три месеци пред претседателските избори. Владата ја гледа новата инвестиција како […]

Наставниците во Франција штрајкуваа поради корона мерките за училиштата: „Уморни сме и бесни“


  Учителите во Франција, денеска ги напуштија своите работни места, поради според нив, владиониот неуспех да спроведе доследна политика кон училиштата за да се заузда пандемијата од Ковид-19 и правилно да се заштитат учениците и персоналот од заразата. Учителите, родитеите и школските управители имаа потешкотии затоа што новите правила за тестирање најавени се ден пред […]

Француските ученици сами ќе се тестираат за Ковид-19


Француските ученици ќе можат да се самотестираат наместо да прават ПЦР тестови, изјави францускиот премиер Жан Кастекс и додаде дека причината за тоа е што зголемувањето на случаите на Ковид-19 ги направи здравствените мерки во образовниот сектор премногу гломазни. -Ова ќе ги намали редиците пред аптеките, рече тој во интервју за телевизијата Франс 2. Франција пријави најголем скок на […]

Франција ќе ја следи временската рамка на Софија околу блокадата


  БРИСЕЛ – Висок дипломатски извор за МИА денеска објасни дека француското претседателство сака да го надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, и дека треба да ја почитува временската рамка дадена од страна на Софија. На прашање дали Франција сака и планира да ги одржи првите меѓувладини конференции за пристапните преговори со Северна Македонија […]

Франција: Задолжителната вакцинација не е најефикасниот начин за борба против Ковид-19


  Воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19 не би бил најефикасниот начин оние кои досега не се вакцинирале тоа да го направат, а плановите за заострување на мерките за поседување здравствени пропусници за вакцинирање веќе дадоа реузлтати, рече денеска портпаролот на француската влада Габриел Атал. За да влезат во ресторан и кафуле, но и да користат […]

„Ќе го нервираме Макрон“ – антиваксерите во Франција повторно на протести


Во Франција денеска се одржаа протести против задолжителната имунизација и владините мерки, критикувајќи ја намерата на претседателот Емануел Макрон да ги заостри ограничувањата за оние кои одбиваат вакцини против Ковид. Макрон оваа недела рече дека сака да ги „изнервира невакцинираните“ така што ќе им го комплицира животот толку многу што на крајот ќе бидат принудени […]

Француската амбасадорка во Бугарија нуди посредување меѓу Софија и Скопје


Француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин, изјави дека за нејзината земја прашањето за проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е исклучително важно и како претседавач со ЕУ во првата половина на 2022 година Франција ќе понуди посредување за справување со спорот меѓу Софија и Скопје. На овој начин, како што вели во изјавата […]

Како изгледа новата монета од две евра ?


Франција– По повод 20-годишнината од еврото и почетокот на француското претседателство со Советот на Европската унија, пуштена е во оптек нова монета од две евра, објавија француските власти на страницата посветена на претседавање со Унијата. Монетата ја красат даб и маслиново дрво, што претставуваат сила, мудрост и природа, се вели во соопштението и се додава […]

Кои се Французите кои македонската дипломатија треба да ги знае овие шест месеци


  Париз на 1 јануари го презеде претседателството со ЕУ за наредните шест месеци. Во новогодишното обраќање претседателот Емануел Макрон изјави дека „2022 година мора да биде пресвртница за Европа“ и најави амбициозна агенда за блокот што може да ѝ служи и на неговата домашна кампања за изборите во април годинава. По подолго време незаинтересираност […]

Франција ќе ги олесни ограничувањата за работа на електрани на јаглен


 Франција може да ги олесни ограничувањата за работа на електрани на јаглен за да избегне криза во снабдувањето со електрична енергија, јавија француските медиуми. Пред неколку дена, операторот на енергетскиот систем во земјата предупреди дека во случај на студено време, државата може да остане без електрична енергија откако неколку нуклеарни реактори беа исклучени поради технички […]

Петков се подготвува за посета на Скопје, Париз со порака Македонија и Албанија да продолжат заедно


Во очекување на формирањето на новиот владин кабинет и на интензивирање на комуникацијата со Бугарија со цел деблокирање на европскиот пат на земјава, Париз упати порака дека Скопје и Тирана не треба да се одвојуваат на нивниот пат кон интеграцијата во ЕУ, додека од Софија, каде не стивнуваат реакциите по „предлогот“ на лидерот на партијата […]

Во Франција откриена нова варијанта на Ковид-19


Научниците се загрижени поради појавата на нова варијанта на корона вирус во јужна Франција. Откритието дојде откако 12 пациенти во истиот регион беа позитивни, а нивните тестови покажаа „нетипична комбинација“. Експертите се сомневаат дека случајот можеби дошол од Камерун, бидејќи првото заразено лице пристигнало од патување од таа земја. Тие рекоа дека идентификувале 46 мутации […]

Франција го скрати периодот на изолација од 10 на седум дена


Франција– Во Франција, задолжителниот период на изолација на лицата заразени со корона вирусот, кои се целосно вакцинирани, ќе се скрати од 10 на седум дена, соопшти денеска министерот за здравство Оливие Веран. Француските власти следат други земји, кои претходно оваа недела го скратија задолжителниот период на изолација, како што се САД. – Изолацијата може да биде укината по пет дена во случај […]

Во Франција од денеска нема пластична амбалажа за овошје и зеленчук


 Во Франција денеска стапува во сила новиот закон со кој се забранува пластична амбалажа за повеќето овошја и зеленчук. Списокот на овошје и зеленчук вклучува краставици, праз, модри патлиџани и домати, како и лимони, јаболка, банани и портокали, врз основа на имплементацијата на законот од февруари 2020 година, со кој се прецизира листа од околу 30 видови на храна што мора да се продава […]

„Пресвртна точка за Европа“: Макрон го презеде претседателството со ЕУ


  Емануел Макрон изјави дека „2022 година мора да биде пресвртница за Европа“ додека Франција го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија. Во новогодишното национално обраќање, францускиот претседател ја поздрави улогата на ЕУ за време на кризата со Ковид-19 и најави амбициозна агенда за блокот што може да ѝ служи и на неговата домашна кампања […]

Нови застрашувачки бројки – во Франција 208.000 нови инфекции во еден ден


  Франција регистрираше национален и европски рекорд на нови инфекции со корона вирус, бидејќи варијантата Омикрон поттикнува пораст на случаи низ континентот, при што повеќе земји достигнаа нови максимални вредности. Франција во средата пријави 208.000 случаи во претходните 24 часа, што е повеќе од претходниот рекорд од речиси 180.000, поставен претходниот ден. „Ова значи дека […]

Нови рестриктивни мерки во Франција, се очекуваат стотици илјади случаи дневно на омикрон


Француската Влада денеска најави нови рестриктивни мерки со цел да се спречи понатамошното ширењето на Ковид-19. Предвидено е да нема полициски час за Нова година, а ковид сертификатот ќе стапи во сила од 15 јануари. Новите мерки предвидуваат по три месеци да може да се прими дополнителна, трета вакцина против Ковид-19. Големите собири ќе бидат […]

Франција со најмногу заболени во еден ден од почетокот на пандемијата – 104.611


  Француските власти вчера јавија за 104.611 нови случаи на зараза со корона вирус, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата. Последната седмодневна инциденца беше нешто помала од 647 нови зарази на 100.000 жители. Со огед на драстичниот пораст на зарази, француската влада сугерираше дека може да ги заостри антиковид мерките со нови […]

Во Франција 94.000 новозаразени, болниците под голем притисок


Франција, на Бадник, надмина праг од 94.000 нови дневни случаи со Ковид-19, најмногу од почетокот на епидемијата во март 2020 година, според податоците на француското јавно здравство. Во 24 часа, забележани се 94.124 нови случаи во петтиот бран од епидемијата, зајакнато со омикрон сојот. Последните седум дена просечно дневно имало 66.417 нови случаи Претходниот рекорд […]