Невработеноста во Франција нагло се намали во четвртиот квартал од 2021 година


По четири тримесечија на стагнација, стапката на невработеност нагло падна во Франција во четвртиот квартал од 2021 година. Таа падна за 0,6 поени, на 7,4 отсто од работоспособното население, според бројките објавени овој петок од Националниот институт за статистички и економски студии, јави дописникот на МИА од Париз. Бројот на невработени, како што е дефинирано […]

Франција и партнерите објавија повлекување на трупите од Мали


  Франција заедно со своите европски и меѓународни партнери во четвртокот го објави крајот на својата деветгодишна воена контра-бунтовничка операција во Мали, во услови на растечки тензии со воената хунта во земјата. „Поради повеќекратните опструкции од страна на преодните власти на Мали, Канада и европските држави кои дејствуваат заедно со (француската) операција ‘Бархан’ и во […]

Обединетото Кралство и Франција ќе ги прифаќаат нашите ковид-сертификати, без тестирање


Со новите Ковид протоколи во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, целосно вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за Ковид-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во ОК. Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници. ОК го прифаќа нашиот сертификат за […]

Полицијата во Париз застрела маж кој им се заканувал со нож


 Париската полиција утрово застрела маж, кој на железничката станица Гар ди Нор со нож се заканувал на полициската патрола. Засега неименуваниот маж бил погоден од огнено оружје откако со нож, пошол кон полицајците, заканувајќи им се. На ножот,  со острица од околу 30 цм, било изгравирано ACAB (англиска кратенка, навредлива за полицајците – All Cops […]

Медиумите го критикуваат Макрон бидејќи ја почнал изборната кампања без официјална кандидатура


 Францускиот претседател Емануел Макрон официјално не објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во април, но сè уште прави долгорочни планови за земјата, а неговиот предизборен тим активно се среќава со гласачите, коментираат француските медиуми. Поради сето тоа тој е цел на критики дека неправедно ја користи претседателската функција за кампања за вториот мандат, […]

Полицијата со солзавец ги растерува демонстрантите од центарот на Париз


Демонстрантите од цела Франција, кои најавија протести во Париз како дел од таканаречениот „Конвој на слободата“, и покрај големиот број полицајци, оклопни возила и контролни пунктови, успеаја да се пробијат до центарот на градот. Paris police have banned “freedom convoys” from entering the city this weekend as hundreds of vehicles set out from across France […]

Илјадници демонстранти пристигнаа во Париз – полицијата ги пречека со водени топови


Франција –  Илјадници противници на епидемиолошките мерки воведени за да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус се собраа ноќеска и утринава во предградијата на Париз. Демонстрантите пристигнаа во конвои од цела Франција, со намера да влезат во Париз и покрај тоа што градските власти забранија секакви блокади. „Речиси 7.200 полицајци ќе бидат распоредени во следните […]

Париз не сака да стане Отава: Забранет францускиот „Конвој на слободата“


  Париската полиција денесак објави дека ќе го забрани протестот „Конвој на слободата“ во францускиот главен град од 11 до 14 февруари, инспириран од протестот на камионџиите во Канада против епидемиолошките мерки воведени поради корона вирусот. Демонстрантите вчера тргнаа од југот на Франција во таканаречен „Конвој на слободата“ кон Париз, каде би побарале крај на […]

И во Франција организираа „Конвој на слободата“


Во Франција организираа Конвој на слободата по примерот на протестите на возачите на камиони во Канада. Возачи на камиони се собраа во неколку градови и се упатија кон Париз. Многумина од нив вееја канадски знамиња. Нивниот план е да протестираат во главниот град против потврдите за вакцинација и забраните за неимунизирани лица да посетуваат одредени […]

Франција ќе ја укине обврската за тестирање на вакцинирани патници од трети земји


Франција ќе ја укине обврската за тестирање на коронавирус за вакцинирани патници од земји надвор од Европската унија, изјави денеска францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон. – Во наредните денови ќе објавиме укинување на тестовите за вакцинирани лица, истакна Бон за Франс 2. Сите патници кои влегуваат на француска територија од земји што […]

Франција се залага за реформа на миграциската политика


 Франција изрази надеж за реформа на миграциската политика на Европската унија (ЕУ), залагајќи се за зајакнување на надворешните граници и за задолжителната солидарност меѓу земјите-членки кога станува збор за прифатот на азилантите. Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, по вчерашната средба на европските министри за внатрешни работи во Лил, на северот од Франција, го поздрави, […]

Франција започнува со укинување на мерките против Ковид-19


Француската влада, по неколку други европски земји, како Велика Британија и Данска, денеска започнува со укинување на некои ограничувања за пандемијата на Ковид-19, одлука што предизвикува поделби во контекст на сè уште тензичната здравствена ситуација.   Франција започнува со укинување на мерките само неколку часа откако „Фајзер/Бионтек“ најави дека ќе бара итно одобрување во САД […]

Османи и Маричиќ на разговори во Париз за европското досие на Македонија


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојуваат во работна посета на Париз. Како што информира МНР, Османи и Маричиќ ќе остварат средби со државниот секретар за европски прашања во француското Министерството за Европа и надворешни работи, Клеман Бон и со дипломатскиот советник за континентална Европа и Турција […]

Повеќе од половина од смртните случаи во француските болници поврзани со Омикрон


Франција – Бројките од Одделот за истражување, студии, евалуација и статистика (ДРЕЕС) откриваат дека варијантата Омикрон сè уште ги оптоварува медицинските и болнички услуги во Франција, јави дописникот на МИА од Париз. Иако „помалку тежок“ од варијантата Делта или дури и од оригиналниот вид на Ковид-19, Омикрон сега ги претставува речиси сите нови контаминации во […]

Француската економија забележа најголем пораст во последниве 52 години


  Франција го забележа својот најсилен раст во повеќе од 50 години, бидејќи економијата закрепна од економскиот шок од пандемијата. Францускиот БДП се зголеми за 7% минатата година, покажуваат штотуку објавените податоци – најсилната годишна експанзија од 1969 година, бидејќи економијата покажа отпорност наспроти нарушувањето на синџирот на снабдување. Обва следи по контракција од 8% […]

Жестока дебата во Франција: Дали невакцинираните имаат право на бесплатно лекување


Шефот на болничкиот систем во Париз предизвика жестока дебата за тоа дали луѓето кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19 треба да продолжат да добиваат бесплатно болничко лекување, јавија француските медиуми. Францускиот здравствен систем го покрива лекувањето на сите пациенти примени на одделенијата за интензивна нега, при што трошоците за еден ден престој во такво […]

Со новиот закон во Франција се казнува „преобразбата“ на хомосексуалци во хетеросексуалци


Усвојувањето на новиот закон во Франција ја забранува таканаречената „конверзивна терапија“ и пропишува парични и затворски казни за секој што користи ненаучни методи во обид да ја промени сексуалната ориентација или родов идентитет на ЛГБТ луѓето. Законот е усвоен едногласно со 142 „за“ и ниту еден против. Казни се пропишани за надрилекарите кои сакаат да […]

Две жени приведени во истрага за исчезнување Србин во Франција, кој најверојатно е убиен


Две жени се приведени во истрагата за убиство, откако кон крајот на декември во Безансопн, во истична Франција, мистериозно исчезнал еден Србин, кој живеел во Германија и најверојатно бил убиен, јави дописникот на МИА. Според блиските, кои го пријавиле неговото исчезнување на 26 декември, Србинот го напуштил својот дом во Германија на 22 декември за […]

Франција им го забрани влезот на невакцинирани во рестораните и на спортските терени


  Луѓето кои не се вакцинирани против Ковид-19 повеќе не смеат во француските ресторани, барови, туристички места и спортски места, освен ако неодамна не се опоравиле од вирусот. Новиот закон стапи на сила во понеделникот барајќи „пропусница за вакцина“ што е централна точка во антивирусна стратегија на владата. Франција го регистрира највисокиот дневен број на […]

Дневниот број на новозаразени во Франција конечно падна под 400.000


Франција – Вчера во Франција се регистрирани 389.320 новозаразени лица со коронавирусот, по четири последователни дена кога бројот на новозаразени беше над 400.000. Француското Министерство за здравство соопшти дека на одделенијата за интензивна нега има 3.746 пациенти, 46 помалку од претходниот ден. Министерството исто така соопшти дека 167 лица починале од корона вирусот во текот на изминатите 24 часа, со […]