Штрајк на контролорите на летање на аеродромот Орли во Париз, откажани многу летови


На аеродромот во Париз – Орли денеска беа откажани многу летови поради ненајавен штрајк на контролорите на летови како дел од протестното движење против пензиските реформи во Франција. Француската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека побарала од авиокомпаниите да го намалат распоредот на летови за 50 отсто, почнувајќи од 13 часот денеска. Другиот меѓународен аеродром […]

На демонстрациите против пензиските реформи во Франција учествуваа 757.000 луѓе


Вкупно 757.000 луѓе демонстрираа денеска во Франција против пензиската реформа, според проценките на полицијата, додека синдикатот ЦГТ проценува дека речиси два милиони луѓе излегле на улиците. Ова се трети демонстрации против пензиските реформи во Франција. На денешните демонстрации во Париз, според француското МВР, имало 57.000, а според синдикатот 400.000 луѓе, исто како и на првиот […]

Нови масовни протести и штрајкови ширум Франција заради пензиската реформа


  Десетици илјади демонстранти денеска повторно протестираа низ Франција поради најавената реформа на пензискиот систем, а новите штрајкови предизвикаа нарушувања во работата на јавниот транспорт и училиштата и снабдувањето со струја, нафта и гас. Третиот бран демонстрации против пензиските реформи се случи еден ден откако членовите на францускиот Парламент почнаа да расправаат за законот со […]

Мајка и седум деца загинаа во пожар во Франција


Мајка и нејзините седум деца на возраст од две до 14 години загинаа во пожар што ја зафатил нивната куќа во северна Франција, соопштија полицијата и пожарникарите. Пожарот избувнал нешто по полноќ во семејната куќа во градот Шарли-сур-Марн, околу 80 километри источно од Париз. Сопругот на жената, татко на три од децата, се здобил со […]

Француската премиерка Борн понуди олеснување на пензиската реформа


  Француската премиерка Елизабет Борн денеска понуди да се олесни планираната пензиска реформа и да им се дозволи на луѓето кои рано почнале да работат, исто така, да одат во предвремена пензија за да ја добијат поддршката од конзервативците во парламентот за нејзино спроведување. Владата на претседателот Емануел Макрон сака да ја крене старосната граница […]

Франција и Италија ќе и достават ПВО систем МАМБА на Украина


Франција и Италија ги финализираа техничките разговори за заедничка испорака на системот за воздушна одбрана САМП/Т-МАМБА на Украина напролет оваа година година, соопшти француското Министерство за одбрана. Системот САМП/Т-МАМБА е со среден дострел земја-воздух. Ова ќе и овозможи на Украина да се брани од руски беспилотни летала, ракети и напади со авиони, преку покривање на […]

Големи нереди на Французите на протестите против пензиската реформа – се кршеа прозорци и семафори


  Во Париз вчера неколку илјади граѓани излегоа на протести против новата пензиска реформа. Француската влада објави планови за зголемување на старосната граница за заминување во пензија на 64 години до 2030 година. Десетици младински орханизации повикаа на протести против зголемувањето на старосната граница за пензија. Организаторите најавија околу 150 илјади учесници, а според податоците […]

Во Франција штрајк поради предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање


Француските синдикати денеска почнаа штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање. Во новиот Предлог-закон што ќе помине низ Парламентот, ќе пишува дека вработените се пензионираат на 64 години, наместо на 62, колку што е сегашната граница. Градскиот и меѓуградскиот железнички сообраќај е речиси во застој, а многу училишта […]

(Видео) Силна бура во Франција – паѓаа дрвја, снема струја, сообраќајот во хаос


  Паднати дрвја останаа зад бурата која донесе ветришта со брзина од 100 км/ч денеска во поголемиот дел од северозападна Франција, каде во 14-тиот арондисман огласен е портокалов аларм, а во некои делови прекинато е снабдувањето со струја и нарушен е железничкиот сообраќај. Околу 75.000 потрошувачи утрвото се без струја на западот и средишните делови, […]

Синдикатот на рафинери во Франција повика на штрајкови во јануари и февруари


 Синдикатот во францускиот нафтен сектор денеска повика на штрајк во јануари и февруари во знак на протест против најавената пензиска реформа. Штрајкот ќе го зголеми ризикот од потешкотии во снабдувањето со гориво како што беше случајот во септември кога се одржаа штрајкови и протести. Синдикатот ЦГТ повика на штрајк на 19 и 26 јануари, како […]

Франција забрани онлајн продажба на парацетамол


  Француската Влада забрани онлајн продажба на производи на база на парацетамол од денеска до крајот на јануари, поради потешкотии со набавката на тој лек против болки. Владата во Службен весник објави дека до 31 јануари е прекината онлајн продажбата на лекови составени исклучиво од парацетамол. Одлуката е донесена поради континуираниот недостиг на лекови на […]

Ле Мер: Енергетските компании да направат повеќе за да им помогнат на пекарите


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека енергетските компании не прават доволно за да им помогнат на пекарите во земјата да се справат со зголемените сметки за струја.   Ле Мер, кој подоцна во текот на денот ќе се сретне со претставници на енергетските компании во земјата за да разговараат за ова […]

Кондомите од денеска се бесплатни за младите Французи


  Кондомите за младите Французи до 25 години сега се бесплатни во сите аптеки низ земјата, пренесува во неделата ДПА, додавајќи дека владата на претседателот Емануел Макрон смета дека ова е превентивна мерка за спречување на несакана бременост и сексуално преносливи болести. Макрон го претстави планот на почетокот на декември и првично беше наменет за […]

Браун: Грип, Ковид, бронхиолитис, штрајк… здравствениот систем на Франција се соочува со „недела на сите опасности“


При посетата на болничкиот центар во Анеси, францускиот министерот за здравство Франсоа Браун уште еднаш алармираше за кризата во болницата која се соочува со недостиг на кадар, тројна епидемија и штрајк на либералните лекари, јави дописникот на МИА од Париз. „Оваа недела, обележана со празниците на крајот на годината, ќе биде онаа на сите опасности […]

Полска од Франција купи сателити за извидување за воени и цивилни цели


Полска ќе купи два сателити за извидување од вселената и станица за да ги прима нивните сигнали од Франција, согласно договор потпишан денеска во Варшава за кој Полска вели дека ќе им овозможи на нејзините вооружени сили рано да ги препознаат заканите. Министрите за одбрана Мариуш Блашчак и Себастијан Лекорну го одобрија договорот меѓу Ербас […]

Штрајк на француските железничари за Божик, откажани стотици возови


Околу 200 илјади патници во Франција денеска се обидуваа да ги вратат или заменат билетите, по најавеното откажување на стотици возови поради најавениот штрајк на желеничарите за Божикните празници. Кондуктерите во Француската железница го одбија понуденото зголемување на платите за 12 отсто во текот на наредните две години. Проценките на националанта железничка компанија СНЦФ се […]

Франција со измени на легислативата за имиграцијата ќе се обиде да го ублажи недостигот од работна сила


Француската Влада има намера да воведе измени во прописите за издавање дозволи за престој на странци, за да го компензира недостигот од квалификувани професионалци и да им овозможи на одредени баратели на азил побрзо да добијат работна дозвола. Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, и министерот за труд, Оливие Дисо, потврдија во интервју за […]

Најинтересното финале го освои Аргентина


Конечниот резултат на финалето од Светското првенство во фудбал е 3 (4) : 3 (2) за Аргентина.  Ако во првото полувреме сè изгледаше решено, финалето на Мундијалот во Катар да ѝ припадне на Аргентина, по 2:0 водство, ова финале, кои во многу нешта испиша историја, даде таква возбуда на навивачите ширум светот по многу нешта. […]

СП: Полувреме ја дели од Аргентина од светска титула


Аргентина е на чекор да триумфира на Светското фудбалско првенство во Катар, откако во денешното финале против актуелниот првак Франција во Лусаил води на полувреме со 2-0. Аргентинците комплетно доминираа во првите 45 минути и постигнаа два гола преку Лионел Меси и Ангел Ди Марија, додека немоќната Франција не упати ниту еден удар кон противничкиот […]

Франција-Мароко: Мобилизирани 10.000 полицајци, 5.000 од кои во Париз


Жералд Дарманан, министерот за внатрешни работи на Франција,  најави распоредување на 10.000 полицајци низ цела Франција, од кои 5.000 во Париз, за полуфиналето на Светското фудбалско првенство, Франција-Мароко, кое ќе се игра утре, јави дописникот на МИА. „Ќе бидат мобилизирани 10.000 полицајци и жандарми. 5000 во регионот на Париз, а особено околу Шанзелизе и 5000 […]