Немири во срцето на Европа: 1.000 полицајци повредени, нема крај на хаосот


Повеќе од 1.000 полицајци се повредени во протестите низ Франција, изјави министерот за внатрешни работи Жерал Дарманин за локалните медиуми во неделата. Дерманин за францускиот весник „Журнал ди диманш“ (JDD) изјави дека 1.093 полицајци и пожарникари се повредени од избувнувањето на протестите во март. Покрај тоа, имало 2.579 вооружени инциденти и 316 напади на јавни […]

Имигрантите денес сочинуваат десет проценти од популацијата во Франција


На основа на истражување направено во 2021 година, се дошло до податоци дека секое десетто лице кое живее во Франција е родено во странство, објави во четвртокот националната статистичка агенција „INSEE“, во своето прво истражување за имиграцијата во последните 10 години, пренесува „AFP“. Речиси седум милиони луѓе, или 10,3 проценти од сите луѓе во Франција […]

На протестите во Франција околу 740.000 луѓе


На денешниот десетти протест против пензиската реформа ширум Франција учествуваа 740.000 луѓе, а во Париз 93.000, соопшти полицијата. Синдикатот ЦГТ соопшти дека денеска во Париз имало 450.000 демонстранти, а повеќе од два милиона во цела Франција. Ова е помалку од протестот на 23 март, кога според полицијата низ земјава протестирале 1,08 милиони луѓе, а според […]

Француската премиерка ќе ја прими опозицијата, сака „смирување“


Во неделата што започнува на 3 април, француската премиерка Елизабет Борн ќе ги прими парламентарните групи и политичките партии, вклучително и опозицијата, како и претставници на компаниите за да ја „смири земјата“. Отворена е и можноста за средба со синдикатите и стопанските организации следната недела, додаде таа. Франција од 16 март ја тресат протести и […]

Француската Влада забрани ТикТок и Нетфликс за сите службеници во јавната управа


Француската Влада денеска им забрани на сите државни службеници инсталирање и користење на апликации за забава како што се социјалната мрежа ТикТок, американската стриминг платформа Нетфликс или играта Кенди креш. Неименувани соработници на министерот за јавна администрација Станислас Гуерини истакнаа дека тие апликации носат „ризици во однос на кибер безбедноста и заштитата на податоците на јавните службеници и администрацијата“. […]

Први протести во Франција по законските измени за пензиските реформи


 Француските синдикати, кои од јануари организираат протести против пензиската реформа, за денеска најавија нови протести и тоа ќе бидат први по неодамнешното усвојување на Законот за пензиски реформи. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека дополнителни 12.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени низ целата земја, од кои 5.000 ќе бидат во Париз. […]

Макрон го преживеа гласањето во парламентот, но по која цена


  Владата на Емануел Макрон тесно го преживеа гласањето за недоверба во францускиот парламент во понеделникот, откако минатата недела го спроведе длабоко непопуларниот ремонт на пензиите без гласање, што предизвика бес и спонтани протести низ целата земја. На гласањето со високи влогови во долниот дом на францускиот парламент, 278 пратеници, главно од левицата и екстремната […]

Денеска две гласања за недоверба на владата на Макрон поради пензиската реформа


  Француската влада ќе се соочи со две гласања за недоверба во понеделник, поради нејзината контроверзна пензиска реформа. Премиерката Елизабет Борн го искористи уставниот член 49:3 за да го протурка законот без гласање минатата недела. Оттогаш, илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на протест. Барањата за недоверба беа поднесени од центристичките пратеници […]

Дали Полска може да влезе во војна?


Амбасадорот на Полска во Франција, Јан Емерик Рошчишевски, изјави дека може да дојде до ситуација во која Полска ќе мора да влезе во војна. „Не се НАТО, Полска или Словачка оние кои вршат зголемен притисок, туку Русија ја нападна Украина. Русија ги краде нејзините територии. Русија го убива сопствениот народ. Русија киднапира украински деца“, рече […]

Франција го усвои контроверзниот закон за пензионирање без гласање во парламентот


Франција го усвои законот за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години без гласање во парламентот. Премиерката Елизабет Борн го објави ова од говорницата на парламентот, откако францускиот претседател Емануел Макрон одлучи да дозволи одлуката да помине без гласање во Долниот дом. Елизабет Борн мораше буквално да се надвикува со пратениците […]

Францускиот Парламент ќе се изјасни за контроверзниот план за пензиски реформи


Оспоруваниот план за реформа на пензискиот систем на Франција е во последна законодавна фаза, при што денеска за него ќе се гласа во обата дома на Парламентот. Гласањето следува по масовните протести во земјата против пензиските реформи. Комсија составена од членови на двата дома,  Сенатот и Националното собрание, вчера ги разработи деталите за да се […]

Францускиот Сенат ја усвои пензиската реформа на Макрон


Францускиот Сенат синоќа го усвои планот за пензиски реформи на претседателот Емануел Макрон со 195 гласа „за“ и 112 „против“. Клучна одредба од нацрт-законот е да се зголеми старосната граница за пензионирање за две години, на 64 години. Горниот дом на францускиот парламент гласаше за текстот по седмиот ден од националните протести против планот. Мнозинството […]

(Видео) Торнадо во Франција – сè е уништено


Селото Понтерион во Франција во четвртокот го погоди торнадо кое предизвика голема материјална штета. Мештаните велат дека торнадото „се спуштило“ врз нив околу 17 часот. „Се леташе. Целото село, сите автомобили беа уништени“, вели еден жител на Понтарион. Во селото живеат околу 360 жители, а пожарникарите примиле повеќе од 150 повици. 🔴 INFO – #Pontarion […]

Протест на младите во Франција против пензиската реформа


Младите луѓе во Франција, вклучително и оние кои се уште не работат, денеска протестираат против владините планови за зголемување на старосната граница за пензионирање. Студентите планираат да го блокираат пристапот до некои универзитети и средни училишта, а во Париз е организиран протест како дел од националните штрајкови и демонстрации против пензиските реформи за кои расправа […]

Во Франција на протестите против пензиските реформи се собраа 1,28 милиони луѓе


Француското Министерство за внатрешни работи вечерва соопшти дека на протестите ширум земјата против пензиските реформи имало 1,28 милиони луѓе, јави радиото Франс Инфо. „Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во Франција имало 1,28 милиони демонстранти, додека главниот синдикат CGT ја споменува бројката од 3,5 милиони собрани“, објави француското радио на својата веб-страница. Париската полициска […]

Во Франција нови штрајкови и протести поради најавената пензиска реформа


 Синдикатите во Франција денеска ќе организираат нови демонстрации и штрајкови во акција против пензиските реформи, кои се очекува да бидат меѓу најмасовните од почетокот на протестите во средината на јануари. Според организаторите, најголемата акција против законот на претседателот Емануел Макрон ќе се одржи денеска по речиси два месеца протести. Предлог-законот оваа недела се разгледува во […]

Франција ги замрзна цените на храната до јуни. Трговците ја поддржаа мерката


  Француската влада во понеделникот соопшти дека склучила договор со големите трговци на мало за ограничување на многу цени на храната, во обид да ги олесни инфлаторните притисоци за потрошувачите, пренесе АФП. Малопродажните групи ќе ги намалат цените за широк спектар на прехранбени производи, а изборот ќе биде оставен на нивна дискреција, „на најниско можно […]

Франција: Трговците и владата се договорија за антиинфлациска кошничка


Француската влада постигна договор со водечките синџири на супермаркети за антиинфлациска кошничка, која сами ќе ја дефинираат за да ги намалат трошоците за основните прехранбени производи за граѓаните. Трговците на мало се согласија да им понудат на клиентите „најниски можни цени“ за период од три месеци за артикли што сами ќе ги изберат, рече Ле […]

Франција воведува „невидени“ ограничувања за вода по најсувата зима во последните 64 години


Франција се подготвува од март да воведе ограничувања за потрошувачката на вода во делови од државата, што е потег без преседан за овој период од годината по најсувата зима во последните 64 години, изјави министерот за животна средина Кристоф Бешу. Франција забележа 32 дена без дожд, објави метеоролошката служба Метео-Франс. Рестрикции има во 87 општини […]

Во Франција средношколец со нож уби професорка


Средношколец во градот Сен-Жан-де-Луз во близина на Бордо, на југозападот на Франција, денеска со нож уби професорка, соопштија претставници на француската Влада. Како последица на нападот животот го загуби професорка по шпански јазик, а ученикот е уапсен. Францускиот весник „Суд Вест“ објави дека ученикот влегол во училницата утрово додека наставничката предавала шпански и ја нападнал.