ФИФА ја одложи одлуката дали да ги отстрани тимовите од Израел од своите турнири


Светската фудбалска федерација (ФИФА) повторно не одлучи дали ќе воведе санкции за Фудбалската асоцијација на Израел, исклучувајќи ги тимовите на земјата од нејзините турнири. Во мај, Палестинскиот фудбалски сојуз побара казна за своите израелски колеги поради тековната воена операција што еврејските сили ја спроведуваат во Газа.  По денешниот состанок на Советот на ФИФА, претседателот на […]

Македонија го задржа 72 место на ФИФА листата


Светската фудбалска федерација (ФИФА), во четвртокот ја објави најновата ранг листа на која Македонија го задржа пласманот од претходното рангирање. Во септември, Македонија одигра два меча во Лигата на нации, завршувајќи со нерешено против Фарски Острови (1:1) и победа над Ерменија (2:0). Со овие резултати, Македонија ја задржа својата 72-ра позиција на ФИФА ранг листата. […]

ФИФА забележа рекорден број на трансфери ова лето


Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави рекорден број на трансфери реализирани во летото 2024 година. Во платформата на централата јасно се гледа и која земја е број 1 по бројот на завршени трансфери летово. Англиските клубови доминираа, само во летниот преоден рок потрошија огромни 1,6 милијарди долари. Во летото 2024 година или до 31 август се […]

ФИФА ги објави деталите за европските квалификациите за СП2026


Светската фудбалска организација (ФИФА) ги информираше националните федерации за постапката за жрепката на европските квалификации за Мундијалот 2026 која ќе се одржи на 13 декември годинава. Европските квалификации ќе се играат во дванаесет групи, од кои седум ќе бидат со по пет, а пет со по четири селекции. Дванаесетте победници од европските квалификациски групи директно […]

ФИФА повторно ја одложи својата одлука по жалбата на Палестина за протерување на израелските тимови од меѓународните турнири


Светската фудбалска федерација (ФИФА) повторно го одложи разгледувањето на жалбата на Палестина, која бараше повлекување на екипи од Израел – клупски и репрезентативни, поради воените дејствија во Појасот Газа. Тоа е втор палестински предлог на оваа тема и беше поднесен во петокот, но ФИФА објасни дека ова прашање повторно ќе се разговара во октомври. И […]

ФИФА објави револуција во ВАР системот, еве кои се новините


  Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, ја соопшти големата вест на конгресот на светската фудбалска федерација во Бангкок. „Ќе го развиеме и подобриме ВАР. Тој систем го користат 65 национални асоцијации, но сега ќе го подобриме. Создадовме поосновна технологија со помалку камери и без судии кои  одлучуваат, така што ќе биде достапен за секого и […]

ФИФА може да дозволи странски клубови да играат официјални натпревари во САД


Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и американската спортска медиумска компанија „Релевент“ се договорија да ја прекинат правната битка околу забраната на големите европски фудбалски лиги и клубови да играат официјални натпревари во САД. Ова го пишува весникот „Фајненшл тајмс“. – Преместувањето на официјалните натпревари од Европа во Соединетите Држави е возбудлив предлог, но тој мора да […]

Пад од три позиции за македонската репрезентација на ФИФА ранг-листата


Македонската фудбалска репрезентација се најде на 68. место на најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес, прва во 2024 година. „Црвено-жолтите“ имаат ист број бодови (1362,17) како и на претходното рангирање (декември 2024) кога беа 65-ти, но тие се престигнати од неколку репрезентации кои имаа успешни настапи на Африканскиот куп на нации 2024. […]

ФИФА нема да го исфрли Бразил од меѓународните натпреварувања


Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) нема да воведува санкции за бразилската репрезентација и клубовите од земјата, пишува „Inside the Games“. На 25 декември, ФИФА ја предупреди Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) на можна суспензија од меѓународните натпреварувања поради наводно мешање во изборот на нов шеф на организацијата. На 7 декември, судот во Рио де Жанеиро го суспендираше […]

Фудбалските менаџери заработија рекордни 888 милиони долари


Заработката која менаџерите на фудбалерите и клубовите ја оствариле во 2023 година од реализираните трансфери достигна рекордни 888.1 милиони долари, објави денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Тоа претставува зголемување за 42.5 отсто во споредба со минатата година, а за повеќе од една третина го надминува претходниот рекорд поставен во 2019 година. Англиските клубови имаат најголем […]

ФИФА ја укина суспензијата за руските репрезентации до 17 години


ФИФА тргна по стапките на УЕФА и ја укина денеска суспензијата која беше на сила за настап на руските фудбалски репрезентации до 17 години на меѓународните натпреварувања во машка и женска конкуренција. „По одлуката која ја донесе УЕФА на 26 септември 2023 година повторно да им дозволи учество на руските У17 репрезентации во женска и […]

ФИФА пред одлука за враќање на руските репрезентации


Светската фудбалска федерација (ФИФА) најверојатно денеска ќе донесе одлука за враќање на руските репрезентации до 17 години на меѓународната сцена и со тоа ќе ја ублажи целосната суспензија под која се наоѓа Русија поради инвазијата врз Украина. Советот на ФИФА, со кој претседава нејзиниот претседател Џани Инфантино, во текот на денешниот ден ќе одржи онлајн […]

Саудиска Арабија домаќин на Светското клупско првенство 2023


  Саудиска Арабија е избрана за домаќин на Светското клупско првенство кое ќе се одржи кон крајот на оваа година од 12 до 22 декември, одлучи Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), одобрувајќи, притоа, проширување на форматот oд 2025. На завршниот турнир во Саудиска Арабија, како и досега, ќе настапат седум екипи – шест континентални прваци плус […]

Македонската репрезентација на 65-то место на листата на ФИФА


Македонската фудбалска репрезентација се најде на 65-то место на најновата рангл-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објабвена денес. На врвот е Бразил, пред светскиот шампион Аргентина и финалистот од Мундијалот 2022, репрезентацијата на Франција. Белгија падна на четвртото место, а во Топ 10 се и: Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија. Покрај Англија и […]

ФИФА: Светско клупско првенство со 32 екипи од 2025 година


  Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска преку својот претседател Џани Инфантино стави крај на шпекулациите и потврди дека светското клупско првенство од 2025 година ќе се одржува во нов формат. – Светското првенство за клубови, во нов формат со 32 екипи, ќе почне од 2025 година, изјави Инфантино на прес – конференција во Доха. Првиот човек на ФИФА ја потврди […]

СП2022: ФИФА ја повлече забраната за обележја во боите на виножито 


  Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти денеска дека обележјата во бои на виножито и транспаренти со пораки за поддршка на протестите во Иран ќе бидат дозволени на стадионите на кои се игра Мундијалот во Катар, ден откако репрезентациите на Велс и Иран се елиминирани од завршниот турнир.  Обезбедувањето на стадионите претходните денови заплени обележја во […]

ФИФА покрена дисциплинска постапка против Србија


  Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) покрена истрага против Србија поради знамето закачено во соблекувалната на таа репрезентација пред натпреварот против Бразил, на кое Косово беше прикажано како дел од таа земја. Фотографијата од српската соблекувална со спорното знаме и натписот „Не се предава“ наиде на реакција на косовскиот министер за култура, млади и спорт, како […]

Швајцарскиот парламент ќе расправа за укинување на статусот на ФИФА како непрофитна организација


  Швајцарската Партија на зелените побара денеска на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да и биде укинат статусот на непрофитна организација во оваа европската држава во која се наоѓа нејзиното седиште. „Зелените“, кои се петта најбројна партија во Швајцарија најавија дека ќе поднесат барање во швајцарското Собрание за оданочување на ФИФА на ист начин на кој тоа се прави со […]

Ентони Блинкен ја критикуваше ФИФА поради заканите кон играчите што ја носат лентата „One Love“


  ДОХА, Катар – Највисокиот американски дипломат во вторникот ја критикуваше одлуката на ФИФА да им се заканува на играчите на Светското првенство со жолти картони доколку носат ленти за поддршка на вклучувањето и различноста. Зборувајќи заедно со неговиот катарски колега на прес-конференција, американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека „секогаш е загрижувачко… кога гледаме […]

ФИФА очекува за над една милијарда евра поголем приход по СП 2022


  ФИФА во новиот четиригодишен предиод, што ќе заврши со Светското првенство во Катар, очекува приход од околу 7,5 милијарди евра, што е за речиси една милијарда евра повеќе отколку во претходниот период кој заврши во Мундијалот 2018 во Русија. Како што се дознава од извори внатре во ФИФА, 5,4 милијарди евра ќе бидат издвоени […]