Половина милијарда луѓе сакаат да одат на Светското првенство, премиум билети за финалето по цена од речиси 9.000 долари


Светот се подготвува за Светското првенство во фудбал во 2026 година, а побарувачката за билети достигна невидени нивоа. Според најновите извештаи, повеќе од 500 милиони барања за билети биле поднесени за време на фазата на извлекување, која траела од декември 2025 до јануари 2026 година. Овој огромен интерес потврдува дека претстојниот турнир, чии домаќини се […]

ФИФА ги одреди судиите за Светското првенство


Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска го објави списокот на судии за Светското првенство 2026, по детален процес на селекција кој траеше повеќе од три години. Такнаречениот „ФИФА Тим Еден“ е составен од 52 судии, 88 помошници судии и 30 ВАР судии, кои доаѓаат од сите шест конфедерации и 50 национални асоцијации, што претставува најобемен судиски […]

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија


Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) откажа илјадници хотелски резервации во Филаделфија, првично резервирани за Мундијалот 2026 година, без објаснување, објавува „The Independent“. Според Здружението на хотелиери на Голема Филаделфија, ФИФА откажа приближно 2.000 хотелски резервации во градот. Претседателот на Здружението на хотелиери на Филаделфија, Ед Гроуз, изјави за „ABC 6“ дека поголемиот дел од откажувањата се […]

ФИФА ја објави првата песна од албумот за СП2026


Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска ја објави првата песна од официјалниот музички албум за Светското првенство кое oва лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. ФИФА на социјалните мрежи објави дел од песната, насловена, „Lighter“, во изведба од Карин Леон и Џели Рол. Песната комбинира елементи на кантри, рок и хип-хоп, што предизвика […]

Очекувано: ФИФА ја отфрли единствената реална шанса на Иран да игра на Светското првенство


Светската управа на фудбалот, ФИФА, ја отфрли можноста за преместување на натпреварите на иранската фудбалска репрезентација на овогодинешното Светско првенство од САД во Мексико. Во текот на денот, првиот човек на Иранската фудбалска асоцијација изјави дека се во тек преговори за преместување на натпреварите од САД во Мексико, со цел да се обезбеди безбедноста на […]

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026


Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) е сè позагрижена за недостатокот на интерес околу Светското првенство 2026, објавува „The Touchline“. Четири месеци пред турнирот, многу билети остануваат непродадени, а големината на настанот не го исполнува очекуваното ниво на интерес од гледачите и навивачите. Ова покренува прашања за ФИФА. Организацијата не може да го објасни нискиот интерес за […]

Канада го заострува визниот скрининг за навивачите пред СП 2026


Канадските власти ги засилија процедурите за скрининг за апликации за виза за навивачите кои планираат да присуствуваат на натпреварите од Светското првенство во 2026 година, објави „The Globe and Mail“, повикувајќи се на претставници на Министерството за имиграција и државјанство на земјата. Според изворот, мерката има за цел да спречи потенцијално зголемување на барањата за […]

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал


 Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го осуди однесувањето на репрезентативците на Сенегал, кои во неделата во финалето на Африканскиот куп на нации против домаќинот Мароко привремено го напуштија теренот во Рабат, незадоволни од судиските одлуки. Мароко доби пенал во судиското продолжение на второто полувреме по сугестија од ВАР собата, кратко време откако на Сенегал му […]

СП2026: ФИФА воведе дополнителна категорија влезници за најверните навивачи


Нова категорија билети за Светското првенство 2026, наменета за најлојалните навивачи, воведе денеска Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА). ФИФА одлучи да конвертира дел од билетите – приближно 10 проценти од вкупниот капацитет – од во моментов најприфатливата категорија („ниво на вредност“) во нова категорија наречена „ниво на влез“. Билетите во оваа категорија ќе имаат иста цена […]

ФИФА воведе уште едно ново правило за Светското првенство


ФИФА воведе уште едно ново правило за претстојното Светско првенство 2026. Навивачите ширум светот ги очекува нова ера на фудбалски правила на Светското првенство 2026. ФИФА одлучи да воведе задолжителни паузи за хидратација од три минути на средината од секое полувреме за време на сите натпревари од турнирот. Одлуката е донесена по консултација со тренерите […]

Одредени групите за Светскиот куп 2026, ако го мине баражот Македонија ќе игра со Мексико, Ј. Африка и Ј. Кореја


 Во „Центарот Кенеди“ во Вашингтон заврши извлекувањето на групите за Светскиот куп 2026. Македонските фудбалери доколку го минат баражот со Данска и потоа евентуално со Република Ирска или Чешка се распоредени да бидат во групата А заедно со ко-домаќинот Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја.  Распоред на групите: Група А: Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, победник […]

Фудбалската репрезентација на Македонија денес ќе го дознае противникот за плејофот за СП 2026


Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денес ќе бидат извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026. Во четвртиот шешир за европските баражи се наоѓа и македонската репрезентација заедно со Шведска, Романија и Северна Ирска. Овие селекции во полуфиналето ќе добијат ривал од Шешир 1 во кој се сместени: Италија, Данска, Турција, Украина. […]

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство


ФИФА размислува за промена на форматот на Светското клупско првенство, објавува „Гардијан“. Според британскиот медиум, Светската фудбалска асоцијација планира да го одржува турнирот на секои две години од 2029 година и да го прошири бројот на учесници од 32 на 48 екипи.  Предвидено е повеќе од два клуба од една земја да можат да учествуваат […]

ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Србија поради расистички навреди на навивачите


ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Србија (ФСС) со делумно затворање на стадионот за натпреварот против Англија во квалификациите за Светското првенство 2026 и глоба од 50.000 швајцарски франци поради расистичкото однесување на навивачите. Казната е изречена поради расистички навреди и несоодветни пораки и гестови од трибините за време на натпреварот против Андора, се вели […]

ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Албанија


Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија со затворање на најмалку 20 отсто од капацитетот на стадионот на следниот натпревар кој ќе биде против репрезентацијата на Србија во квалификациите за Светското првенство, поради „неприфатливо однесување“ на албанските навивачи на неодамнешниот дуел против Андора. Паралелно со ова, Фудбалската федерација на […]

На Светското клупско првенство прв пат камери на телата на судиите


 Судиите на Светското клупско фудбалско првенство, што ќе се одржи во САД од 14 јуни до 13 јули, ќе бидат опремени со камери на телата и ќе применуваат ново правило за борба против задржување на времето од страна на голманите, објави денеска ФИФА. „Судиите на натпреварите ќе носат камери поставени на телото како дел од […]

Победникот на Светското клупско првенство ќе инкасира 115 милиони евра


Победникот на Светското клупско првенство ќе добие 115 милиони евра, соопшти денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). ФИФА, која на почетокот на март објави дека вкупниот награден фонд за првенството ќе изнесува 925 милиони евра, денеска детално ја објави распределбата на споменатата сума. Европските клубови ќе го добијат поголемиот дел од оваа сума, при што клубовите […]

Платини и Блатер ослободени од обвинението за подмитување


Швајцарскиот суд денеска ги ослободи од обвиненијата поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини и поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, во случајот за поткуп што доведе до нивна забрана за активности во светот на фудбал. Дополнително, вонредниот Апелациски суд во Мутенц на 25 март ќе одлучува за судбината на Платини и Блатер, на кои поради […]

Родри и Винисиус меѓу номинираните за најдобар фудбалер во избор на ФИФА


Родри од Манчестер Сити и Винисиус Јуниор од Реал Мадрид се меѓу номинираните за најдобар светски фудбалер во 2024 година во избор на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Како што соопшти денеска ФИФА, меѓу номинираните за наградата „The Best Fifa Football Awards“ се и Дани Карвахал (Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Федерико Валверде (Реал Мадрид), […]

Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште


Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џозеф Блатер, ја критикуваше организацијата за комерцијализам. Неговите зборови ги цитира швајцарскиот весник „Вотсон“. Блатер рече „создадов чудовиште“ за да го опише својот однос кон ФИФА. Според него, проблем е големата количина на рекламирање на телевизија. -Фудбалот стана супер производ за телевизијата, супер шоу што може да се […]