Филипче жали што не го изградил новиот клинички, а горд е што сите пациенти имаат лекови


Минстерот за здравство Венко Филипче, пред заминување од функцијата рече дека е горд на зголемувањето на платите на здравствените работници, што го укинале паралелниот увоз на лекови, а жали пто не се изградил Клиничкиот центар. Горд сум на сите порцеси кои се одвиваа инклузивно, навистна сум горд на големата помош на премиерот Заев што интервениравме […]

За Нова година нема потреба од нови мерки, собири има секаде


Нема дополнителни рестриктивни мерки поради новиот Омакрон сој на корона вирусот. Министерот за здравство , Венко Филипче, смета дека опфатот на вакцинацијата е висок, иако веќе нема голем интерес. Тој кажа дека дел од ковид центрите се затвораат, а болниците се растеретени. „Не можеме да предвидиме дали нова варијанта на вирусот ќе придонесе да се […]

Лекари од Клиника во Скопје на позајмица за Детското одделение во Општата болница во Охрид


 Недостигот на лекарски кадар на Одделнието за детски болести при Општата болница во Охрид привремено ќе се решава со позајмица на двајца педијатри од Клиниката за детски болести во Скопје. Тоа го најави министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на Охрид, појаснувајќи дека најавената ротација ќе биде спроведена откако ќе бидат изгласани измените на […]

ДУИ преку Беља се распука по СДСМ, па доби метла


Министерот за здравство, Венко Филипче вчера попладне го разреши економскиот директор на Клиниката за акушерство и гинекологија, Ваљон Беља, кој претходно со стручната директорка Викторија Јовановска влезе во меѓусебна војна и обвинувања за непотизам, криминал и партиски вработувања. Според Беља, Јовановска незаконски спроведува тендери и фаворизира одредена фирма, при што во опасност ги доведува животите […]

Филипче: Годинава две нови вакцини – Пневмококна и против Рота вирус


Главните приоритети на Министерството за здравство годинава е комплетно осовременување на календарот за имунизација со воведување нови вакцини што заштитуваат од пневмокок и од рота вирус, причинители на тешки заболувања најчесто кај малите деца до петгодишна возраст, потенцираше министерот Филипче на денешната работилница „Перспективите и предизвиците во Имунизацијата“, во организација на Светската здравствена организација и […]

Денес почнува теренската вакцинација во Скопје


Во животно загрозувачка состојба и натаму е шеснаесетгодишнoто момче заболено со морбили кое дише преку апарати. Момчето е невакцинирано, има церебрална парализа и пневмонија која му се јавила како компликација од сипаниците, а е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Од Министерството за здравство велат дека на одделот со потешка здравствена состојба […]

Филипче: Се бара решение за проблемите на матичните лекари


Министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска присуствуваше на свечената академија на Универзитетот „Гоце Делчев“, истакна дека минатиот период имал повеќе средби со матичните лекари, кои имаат повеќе барања упатени до Фондот за здравство. – Наидовме на силен отпор кај младите лекари во однос на барањето да се препишуваат и запишуваат пациенти на ординации, заради […]

Филипче: Можно е изградбата на новиот клинички центар да почне до крајот на годинава


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека очекува во предвидените рокови да завршат сите постапки и оти има сериозни шанси темелите на новиот клинички центар да бидат поставени до крајот на годинава. – Во овој момент се ревидира физибилити студијата за гринфилд локација. Веќе се собрани податоците на директорите на клиниките за тоа како и […]

Филипче: Се решава проблемот со недостигот од гинеколози


Комисија од Министерството за здравство со искусни гинеколози направи проверка и ги посети сите здравствени установи каде има недостиг од гинеколози. Ќе се дадат дозволи овие установи повторно да ги вратат гинеколошките диспанзери, а гинеколозите кои работат во болниците да може да дадат услуга како матичните гинеколози односно за примарно ниво. На тој начин ќе […]

Филипче: Морбилите и сообраќајката кај Ласкарци покажаа дека имаме ефикасен инструмент за навремен одговор


Работилница на Светската здравствена организација, посветена на процесот на заедничка надворешна евалуација на Меѓународниот здравствен правилник, усвоен од Генералното собрание на СЗО почна денеска во Скопје. Со Меѓународниот здравствен правилник земјите-членки се обврзуваат да преземат мерки и активности во однос на превенција, контрола и навремен јавно-здравствен одговор при меѓународно ширење болести, соопшти Министерството за здравство. […]

Филипче: Двајца пациенти со грип се во критична состојба


Уште двајца пациенти заболени од грип се во критична состојба и се на апарат за механичка вентилација. Се надевам дека нема да има дополнително влошување на нивната здравствена состојба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека, за жал, се случиле такви медицински компликации што не можело да се спасат животите на оние кои […]

Филипче: Секој млад лекар ќе добие платена позиција


Младите лекари, кои имаат лиценца за работа, по автоматизам ќе добијат платена позиција во системот на примарната заштита, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на охридската болница. За проблемот во ресорот на здравство со недостиг на медицински кадар во земјата, министерот Венко Филипче потсети дека изминатата година Министерството вработило 3.200 лица, најмногу […]

Филипче: Се бара локација за нова струшка болница


За време на денешната посета на охридската болница, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека во струшката болница нема услови за современи здравствени услуги и оти во моментов се разгледува моделот според кој би била изградена новата болница, која се планира да се гради на излез од градот кон граничниот премин Ќафасан. Постојната локација на […]

Филипче: Правиме сѐ за подобрување на статусот на младите лекари, квалитетот на едукацијата и условите во кои работат


Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со претставници од Здружението на лекари специјализанти, Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и со Клубот на млади лекари. – Младите лекари се нашиот фокус и правиме сѐ за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат. Во текот на септември 2019 година […]

Вработување на младите лекари и зголемување на платите во јавно здравство


Министерството за здравство соопшти дека по завршувањето на студиите на Медицинскиот факултет студентите ќе добијат можност за практична работа во здравствените домови во Република Северна Македонија. Ова, како што посочуваат од Министерството, е последна новина во низата промени за повисок стандард и подобри услови на здравствените работници во земјава. – Како што најавивме пред неколку дена […]

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот Клинички ќе чини 480 милиони евра


ВМРО-ДПМНЕ реагира дека новиот Клинички центар „Мајка Тереза“, кој треба да се гради во Ѓорче Петров, ќе чини 480 милиони евра што е четири пати повеќе од трошокот што претходната влада го планираше за изградба на капиталниот објект. „За потсетување, оваа власт го раскина договорот за изградба на новиот Клинички центар, вреден 128 милиони евра, […]

Алијанса: Не сте способни да го решите ни загадувањето во болницата во Чаир


Алијансата на Албанците реагира до раководството на болницата во Чаир, како и до министерот за здравство, Венко Филипче поради неуспешниот обид да го решат проблемот со загадувањето што го продуцира оваа здравствена установа. „Изминатите денови голем број загрижени граѓани реагираа за црниот чад испуштен од оџаците на болницата за гинекологија и акушперство ‘Мајка Тереза’, ширејќи […]

Филипче: Правиме се што можеме да го зајакнеме здравствениот систем


Сериозниот недостиг на кадар заради политиките кои биле спроведувани сите години резултира со тоа сега да имаме сериозен дефицит. Веќе почнавме да го надополнуваме бројот на вработени. Имаме проблем со бројот на специјализации заради недостиг на ментори. Насекаде низ Македонија вработени се огромен број доктори и медицински сестри и нивниот број од почетокот на годинава, […]

Филипче: Ќе се зајакне начинот на закажување прегледи преку „МојТермин“


Значително ќе се зајакне начинот на кој се обезбедуваат термините за преглед во рамки на системот „МојТермин“, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање. Појасни дека секоја недела имаат координативни состаноци со директорите на клиниките посебно таму каде е најголем притисокот за термини, а тоа се Клиниката за радиологија и некои […]

На државна кардиохирургија вградено вештачко срце кај пациент


Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вечерва ја посетија Универзитетската клиника за државна кардиохирургија каде на пациентот Мухарем Реџепи (54), татко на шест деца, му е вградено вештачко срце. Во овој случај, кај пациент со тешка срцева слабост, е ставен уред кој е еден тип на механичко срце вграден во левата комора. […]