Филипче: Во дебатата за новиот Клинички центар ја вклучуваме и опозицијата


Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев разговараа со пратеници од македонското Собрание за можните локации за изградба на нов Универзитетски клинички центар. Од Министерството за здравство велат дека целта е да се вклучи и опозицијата во дебатата, а средбата се одржала вчера попладне во македонското Собрание. Биле презентирани предложените локации со цел […]

Филипче: По три години, успешна трансплантација на бубрези од починат донор


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека по три години пауза на Клиниката за урологија е извршена трансплантација на бубрези од починат донор. Изрази голема благодарност до семејството на починатото лице, кое одлучило да ги донира органите и посочи дека бубрезите се донирани на двајца млади пациенти.  – Работиме да го подобриме процесот […]

Филипче: Се чекаат наодите од комисиите и од обдукцијата за смртта на родилките


Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Битола изјави дека ги чекаат извештаите од комисиите и обдукциските наоди од Институтот за судска медицина за да се видат точните причини за последните случаи на смртност кај родилките. Според првичните информации, како што додаде, не станува збор за грешка. – Не би сакал да прејудицирам кои се вистинските причини […]

Намалена смртноста на новороденчињата


Од 26 на 17 проценти е намалена смртноста на новороденчињата во првите шест месеци од годинава во однос на истиот период минатата година. Македонија во моментов има регионален рекорд на преживеано новороденче родено во 23. недела и три дена. На Клиниката за гинекологија и акушерсво (ГАК) министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека лани вкупно […]

Филипче: Изминатите шест месеци вработени се 1.100 лица во јавното здравство


Во изминатите шест месеци околу 1.100 лица се вработени во јавните здравствени установи, најмногу доктори и сестри, а многу малку административни работници. Ќе продолжиме да ги имплементираме сите мерки со цел да ги задржиме младите доктори во државата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека ќе продолжат со зголемување на платите од септември, дополнително и од […]

Филипче: Сликата за здравството не се менува преку ноќ, преземаме револуционерни чекори


Сликата за јавното здравство не може да се смени преку ноќ, затоа преземавме револуционерни чекори, со поголеми плати за докторите, платени се и специјализантите, а променета е и локацијата на новиот Клинички центар, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Топ тема“ на тв Телма. Како прв чекор потврди бесплатно лекување за сите граѓани […]

Филипче: Централизацијата на лабораториите ќе оствари заштеда од неколку милиони евра


Централизацијата на медицинските лаборатории и набавката на реагенси ќе оствари заштеда од неколку милиони евра за државата и ќе овозможи подоби услови за пациентите, изјави на денешната прес-конфернеција министерот за здрваство Венко Филипче. Посочи дека проектот е во насока на оставарување eвропски модел и дека овој систем за централни набавки има поддршка од Светска банка. […]

Филипче: Вакцините се сигурни, ќе се подигнува свеста за поголем опфат


Вакцините се сигурни, проверени во секој сегмент и секаде исти. Не постои апсолутно никаков сомнеж во нивниот квалитет, ниту каков било при аплицирањето. Може да се јават некои реакции, но најчесто се очекувани, благи, од типот на лесна настинка со ниска температура, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на 24 Анализа. Според […]

Венко Филипче избран за министер за здравство


Со 62 гласа „за“, еден воздржан, и ниту еден „против“ Собранието попладнево го избра др. Венко Филипче за министер за здравство. Премиерот Зоран Заев пред пратениците образложи дека поради локалните избори, а заради правото на избор на тогашниот министер за здравство Арбен Таравари да биде кандидат за градоначалник му престана мандатот и оти за нов […]