Нови дојави за бомби во четири училишта во Скопје


 Нови дојави за поставени бомби денеска има во две училишта во Скопје. Според информации на МИА, едно од училиштата е гимназијата „Јосип Броз Тито“. Како што дознава „Независен“, дојава за бомба има и во средното училиште „Владо Тасевски“, во скопски Аеродром. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на […]

Се подготвува документација за склучување договори за снабдување со струја на училиштата и компаниите преку ЕСМ продажба


ЕСМ продажба ја подготвува документацијата за склучување договори за снабдување со електрична енергија на компаниите и училиштата и како што најавуваат од компанијата во наредните денови на веб-страница https://www.esm.com.mk ќе бидат објавени договорите за снабдување, потребната документација, упатство и начинот на размена на документите. -Согласно одлуките од Влада за преземање на мерката за обезбедување непречено и сигурно […]

МОН: Одлуката за пониска цена на струјата за училиштата обезбедува настава со физичко присуство


Владината мерка за снабдување на училиштата со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават/час е голема поддршка за непречено организирање на наставата во форма која е од најголем интерес за учениците – со физичко присуство во училниците. Вкупно 366 основни општински училишта и 109 јавни средни училишта добиваат поддршка од државата заради […]

Се затвораат училишта поради загадениот воздух во Њу Делхи


 Основните училишта во Њу Делхи од утре ќе бидат затворени, а се разгледува и ограничување на патниот сообраќај, бидејќи во главниот град на Индија и понатаму е високо нивото на загадување на воздухот, соопштија денеска властите. „Од утре ги затвораме сите основни училишта во Њу Делхи. Ги укинуваме и училишните активности на отворено“, соопштија од […]

Сојуз на средношколци: МВР брзо да ги расчисти случаите, заканите мора да бидат сериозно сфатени


Министерството за внатрешни работи максимално да се посвети на потрагата по чиновниците и брзо разрешување на ситуацијата, за повторно да може да имаме непречена и безбедна настава. Овие закани мора да бидат сфатени сериозно имајќи ја предвид  безбедносната состојба во земјата и светот, апелира Сојузот на средношколци откако втор ден по ред имаше пријави за […]

Лажни се пријавите за бомби во сите девет училишта


Министерството за внатрешни работи ги направило сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат оттаму. – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на […]

Пак дојава за бомба, евакуирани учениците од девет средни училишта во Скопје


Учениците во втора смена од средното училиште „Владо Тасевски“, но и „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“ и „Марија Кири“ во Скопје ги напуштаат училиштата по дојава за бомба. Полицијата е веќе на терен, а улиците во центарот на Скопје, како и во Аеродром и другите општини се празни.  – Денеска во СВР – […]

До крајот на неделата одлука за снабдувањето со струја на училиштата и јавните претпријатија


До крајот на неделата Владата ќе донесе одлука за поддршка на основните и средните училишта, како и на јавните комунални претпријатија во снабдувањето со струја. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, поддршката ќе се реализира преку ЕСМ продажба. Целта на поддршката на комуналните претпријатија, повтори Бектеши, е да нема поскапување на водата […]

Лажна е дојавата за бомба во пет училишта во Скопје, иста закана стигнала уште во три други


Во дел од училиштата веќе е завршена проверката и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, а во дел од училиштата проверките се уште во тек, соопшти Министерството за внатрешни работи. Денеска (26.10.2022) околу 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје била упатена закана за […]

Сојуз на средношколци: Да се зголеми безбедноста во училиштата


Сојузот на средношколци преку соопштение изрази загриженост за денешните дојави за поставени бомби во пет средни училишта во Скопје. – Во последниот период јавноста сведочеше на слични дојави за бомби во училишта и болници во соседна Република Србија. Сојузот ја поздравува брзата акција на безбедносните служби. Ограноците на Сојузот нè информираа дека евакуацијата е целосно […]

Народниот правобранител го „искара“ МОН за учебниците, за пандемијата, за греењето и за асистентите


Недостиг од учебници или користење оштетени во наставата, недоволна грижа за менталното здравје на учениците, немањето образовни асистенти за учениците со попречености во средните училишта и влијаниаето на енергетската криза врз работата на училишта се нотирани во Информацијата на Народниот правобранител за констатираните слабости при остварувањето на правото на образование и спроведувањето на воспитно-образованиот процес […]

Се бара зголемување на блок дотациите за училиштата за наставата да не биде онлајн


Градоначалниците од неколку општини се отворено против затворање на училиштата и воведување онлајн настава за учениците поради енергетската криза, по дискусиите во јавноста дека најдобро би било зимскиот распуст да трае два месеца, а летниот еден и во студените месеци училиштата да работат онлајн со цел да се заштеди енергија за топлење и за осветлување. […]

СОНК: Владата и ЗЕЛС да најдат решение за надминување на енергетската криза во училиштата


  Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска на својот Фејсбук-профил објави дека Владата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) треба заедно да изнајдат прифатливо решение за надминување или ублажување на енергетската криза во училиштата.   -Наставата од далечина не е прифатлива опција на најзасегнатите: учениците, родителите и наставниците, наведува СОНК. […]

Во повеќе хрватски училишта синоќа стигнале дојави за бомби


  Ноќеска по полноќ во полицијата во Хрватска примени се дојави за можно загрозување на безбедноста на граѓаните во однос на образовни институции на подрачјето на Бјеловар, јавија од таму. Полицијата ги презела сите мерки и ги проверила објектите и утврдила дека се работи за лажна дојава. Се утврдува кој стои зад повикот. Имнео, неофицијално […]

Почнува реконструкција на осум основни училишта


Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека ќе се реконструираат основните училишта „Дитурија“ во Сарај, „Братство единство“ (Пенестриа) во Дебар, „Јашар Беј“ во скопската општина Чаир, „Гоце Делчев” во струмичкото село Вељуса, „Страшо Пинџур“ во село Јосифово, Валандово, како и основното училиште „Перпарими“ во гостиварско Чергане, основното училиште „Сабедин Бајрами“ село Камење во Боговиње […]

Повик за изградба и реконструкција на училишта од буџетот на МОН


 Министерството за образование и наука објави Повик за доставување барања од училишта, општини и од Градот Скопје за финансирање проекти за изградба, доградба, надградба и реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта. Избраните проекти со кои ќе се подобрат инфраструктурните услови во училиштата ќе бидат дел од Програмата за капитални инвестиции на МОН за 2023 […]

ВМРО против ВМРО во борба за директорски фотелји во Битола


  БИТОЛА – Рашомонијада се случува во игрите за назначување на директори во основните училишта во Битола. Во исто време и министерот за образование Јетон Шаќири и градоначалникот Тони Коњановски поставуваат директори на училиштата во Битола. Шаќири на функција поставува и кадри на ВМРО-ДПМНЕ и кадри на СДСМ за кои градоначалникот Тони Коњановски не дал […]

Повторно дојави за поставени бомби во училишта ширум Србија


Голем број училишта утрово во Белград, Мајданпек, Ниш но и други градови добија дојави за бомби, поради што дел од нив ги известија родителите децата да не доаѓаат на училиште и дека наставата денеска ќе се одржува онлајн. Корисници на социјални мрежи ја потврдиле таа информација, објавувајќи дека пријави стигнале и до училишта во општините […]

Русија за 16 милиони евра купува знамиња за училиштата, а 5.000 немаат вода


  Руската влада ќе купи руски знамиња и грбови во вредност од повеќе од 970 милиони рубли (околу 16 милиони евра) за поставување во селските училипта, за да се подобри љубовта кон татковината во образованието, јавува Москва тајмс. Рускиот министер за образование Сергеј Кравцов во април рече дека во училиштата од 1 септември секој понеделник […]

Повторно дојави за бомби во Србија: Овојпат во 214 училишта во Белград


Во 214 училишта во Белград има дојави за поставени бомби. Дојавите пристигнале на емајл адреси на 148 основни и 66 средни училишта, соопшти Министерството за образование. Според претходно утврдената процедура, објектите се евакуирани, а учениците ќе може да се вратат во училишните клупи, штом се утврди дека тоа е безбедно. Екипи на Министерството за внатрешни […]