Неколку училишта во Загреб утрово добија закани со бомби


Бројни основни и средни училишта во Загреб утрово добија уште една пријава за закана од бомба. Ова ни го потврдија неколку училишта, чии директори веднаш организираа евакуација на децата од училиштето додека е во тек инспекцијата за антиексплозиви. Полицијата веќе испрати кучиња за откривање експлозиви на терен и се во тек инспекциите за антиексплозиви. Што […]

Насилството во училиштата не е ништо ново, но кој ќе сноси одговорност за спорите реакции


Темата поврзана со насилството во училиштата не е нова и не се појавува само во последно време, отсекогаш имало такви случаи, но за разлика од претходните случаи, овој пат Министерството за образование и наука изрази подготвеност да преземе конкретни мерки, изјави денеска заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани, одговарајќи на пратеничко прашање на Сања […]

МВР денеска на мејл добиле лажна дојава за поставени бомби во повеќе скопски училишта


Лажна е дојавата за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Денеска (29.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во повеќе училишта во Скопје. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници […]

Шведска масовно го дигитализираше својот образовен систем, но сега се откажува. „Писменоста е намалена“


  Шведската влада се залага за враќање на физички книги, хартија и моливи во училниците, надевајќи се дека ќе го сврти падот на писменоста кај учениците. Сепак, зголемената зависност од аналогни алатки предизвика критики од технолошките компании, едукаторите и компјутерските научници, кои велат дека таквата промена може да ги загрози изгледите за вработување на учениците, […]

Дојави за бомби во Пула и Шибеник. „Учениците и наставниците се евакуирани“


Неколку десетици училишта во истарскиот регион утрово добија известување по е-пошта од истиот испраќач во кое се наведува дека експлозивни направи се поставени во образовни институции, односно училишта во Пула, потврди истарската полиција. Полицијата утрово, околу осум часот, добила пораки од истиот испраќач и со иста содржина на нивната е-пошта, во кои се наведува дека […]

За лажните дојави за поставени бомби во Тетово приведени тројца малолетници


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денес лишиле од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки […]

Инвестирани над 65 милиони евра во образованието во последната година и пол


Во последните една и пол година Владата инвестирала повеќе од 65 милиони евра, информира премиерот Христијан Мицкоски и додава дека ќе продолжат со инвестиции во образованието, кое, како што нагласува, е еден од нивните главни приоритети. – Последното што го разгледувавме беше податокот дека за година и половина повеќе од 65 милиони евра се инвестирани […]

Лажни биле дојавите за бомби во училишта во Србија – проверени 807 училишта


Министерството за образование на Србија соопшти дека сите пријави за поставени бомби во основни и средни училишта се лажни. Учениците веднаш се вратиле на настава, откако полицијата извршила детални проверки на објектите. Според Министерството за внатрешни работи, утрово биле пријавени бомби во вкупно 807 основни и средни училишта на територијата на Србија. По добивањето на […]

Дојави за поставени бомби во училишта во Србија


  Училишта на територијата на Пријепоље утрово добиле дојава за бомба, поради што децата биле евакуирани, а полицијата спроведува истрага. Станува збор за основни и средни училишта. Во исто време, во неколку училишта на територијата на Врање, пристигнале по е-пошта дојави за поставени експлозивни направи дури и пред децата да дојдат на училиште. Двете најголеми […]

Педесетина училишта ќе добијат фотоволтаични системи


На 50-тина училишта ширум државава ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период, информира денеска владината прес-служба. – Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа за инвестирање во обновливо извори за енергија. Со оваа инвестиција ќе се заштедат […]

Околу 2 милијарди денари се вложуваат во училишта


Во образовната инфраструктура има инвестиции од околу две милијарди денари, кои опфаќаат повеќе проекти, меѓу кои училишта, спортски сали, студентски домови,…, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во Битола во врска со она што Владата го прави за подобрување на инфраструктурата во образованието. -Што се однесува до Министерството за образование имаме инвестиции […]

Хрватите пресекоа: Забрана за родители во училишта последните две недели од учебната година


Во полседните две недели од учебната година, родителите на учениците во основните и средните училишта во Хрватска немаат дозвола да влегуваат во училиштата. Со оваа мерка, која важи за последните две недели од наставната година, се забрануваат родителските средби и индивидуалните разговори со наставниците, а годинава таа забрана почна на 2 јуни. Мерката е утврдена […]

Четири училишта добиваат паметен систем за енергетско управување


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес потпиша Меморандум за соработка со четири основни училишта од Скопје и со Македонски Телеком, со што започнува реализацијата на иницијатива за поефикасно користење на електричната енергија и за унапредување на енергетската свесност во образовниот систем. „Енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде […]

Дојави за бомби почнаа да пристигнуваат во германските училишта


Утрово, повеќе од десет училишта во германската сојузна покраина Рајнска област-Пфалц, вклучувајќи го градот Трир и неколку помали градови, добија закани за бомби преку е-пошта, објавува списанието „Феникс“. Полицијата веднаш интервенираше и е на местото на настанот, но сè уште не е донесена одлука дали наставата ќе се одржува утре. Текстот на заканите беше идентичен […]

Дигиталната безбедност да се воведе во формалното образование


Интензивна едукација за сајбер безбедноста во формалното и неформалното образование е клучна за справување со дигиталните злоупотреби изјави денеска професорот по стручни предмети од електро-техничката струка, од „Наце Буѓони“, Марјан Спасиќ. Во Куманово сè поголем број граѓани, без разлика на возраста, успешно ја прифаќаат дигиталната технологија, но потребна е дополнителна едукација за сите и воведување […]

Директори на училишта од Беровско договориле превоз со пехчевска фирма поскап од месечниот


СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.П.(64) од с.Владимирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.1 од КЗ, а во врска со чл.114 ст.1 ал.4 од законот за јавни набавки. Пријавената, како директор на […]

Лажни дојави за бомби во две училишта во Скопје


Во две училишта во Скопје утрово се добиени дојави за поставени бомби, но по утврдената проверка е утврдено дека се работи за лажни дојави.  – На 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, […]

Првата од петте фази на штрајкот во училиштата во Хрватска почнува денеска во Далмација


Првата од петте планирани фази на штрајкот во хрватските училишта, организирана од три синдикати, започнува денеска во четири далматински окрузи, пренесе ХРТ. Далмација е првиот регион што штрајкува, бидејќи таму беше најголем одѕив на предупредувачкиот штрајк на 19 март. Министерството за образование на Хрватска повтори дека нема причини за штрајк. Наставниците бараат зголемување на основната […]

Јаневска: Училиштата се безбедни, децата се на сигурно


Училиштата се безбедни, децата се на сигурно. Она што треба да го направат е засилено да учат, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа додаде дека според информациите со кои располага завршени се сите безбедносни проверки и во основните и во средните училишта и оти тие покажале дека се безбедни. -Според информациите […]

Училиштата во Куманово ги исполнуваат основните услови за безбедност


 Вонредниот инспекциски надзор извршен во училиштата во Куманово по трагедијата во Кочани, покажал дека училиштата ги исполнуваат пропишаните услови согласно, Законот за заштита и спасување. И претходно се вршеле контроли низ училишните објекти. Во општината има 21 правен субјект и вкупно 49 училишни објекти. -Направен е и вонреден инспекциски надзор и констатирано е дека основните […]