Делегација на Уставниот суд на регионална конференција во Белград


Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија учествуваше на регионална конференција на тема „Примена на Европската Конвенција за заштита на човековите права-искуства и предизвици на судовите во Централна и Југоисточна Европа”. На настанот, како што информираат од Судот, била потенцирана улогата на националните судови и судиите во постапките со цел овозможување на ефективна заштита […]

Уставниот суд по иницијативата за „работа во недела” ќе одлучува кога ќе има кворум


Уставниот суд на денешната седница не одлучуваше по иницијативата поднесена од Стопанската комора на Северна Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој во својата содржина опфаќа „работа во недела”, поради немање кворум. По иницијативата, како што велат од Судот, ќе се навратат тогаш кога Собранието на […]

Во матичната собраниска Комисија продолжува расправата за предлогот Јовески да биде уставен судија


 Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи расправата за предлог јавниот обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија. Според опозицијата Јовески непрофесионално ја извршува актуелната функција и работи во интерес на власта и од таа причина, според нив, „не е соодветен за функцијата уставен судија“. -Не презеде дејствија за коишто е […]

Уставниот суд го укина членот 12 од законот за изградба на Коридорот 8


  Уставниот суд на денешната седница го укина членот 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија […]

Седница на Уставниот суд


Уставниот суд  денеска ќе разгледува три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста. Првата иницијатива се однесува на оспорување на член 1 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од […]

Уставниот суд го одложи одлучувањето по иницијативата од Павле Трајанов за платеното политичко рекламирање


Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ја одржа 19. седница на која одлучи да ја одложи расправата за иницијативата на подносителот Павле Трајанов во врска со платеното политичко рекламирање во медиумите. По претставувањето на извештајот во врска со иницијативата од страна на судијата Насер Ајдари, како и излагањата во врска со истиот на судиите […]

Изборот на уставни судии утре и задутре на седница на Комисијата за избори и именувања


По вчерашната средба на шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери со претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска за блокадата на изборот на четири уставни судии, денеска надлежните потврдуваат дека утре или најдоцна задутре изборот на уставните судии ќе се најде на дневен ред на собраниската Комисија за […]

Потребно е дејствување на Уставниот суд во заштитата на животната средина


Во финална фаза е формирањето на оперативни групи за гонење на криминалот што се случува во рамки на животната средина, а изработена е и програма за работа на овие оперативни групи, како и акциски план, информираше Никола Јовановски, програмски менаџер во Центарот за правни истражувања и анализи на денешната онлајн-конференција „Уставните судови – Чувари на […]

Уставниот суд оформил предмет по иницијатива на Левица за разрешувањето на Фадил Зендели


Уставниот суд оформил предмет по иницијатива на политичката партија Левица во кој оспорена е Одлуката за разрешување на членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на РСМ, Фадил Зендели, од 3 март 2022 година донесена од Собранието.   -Во однос на информациите во некои медиуми дека Уставниот суд ја прифатил иницијативата, појаснуваме […]

Уставен суд: Формиран предмет за урбанистички планови во Маврово


Во Уставниот суд формиран е предмет У.бр.21/2022 откако подносителот Драган Пешевски, адвокат од Скопје испратил дополнување на иницијативата, по претходно укажување на Судот. Со иницијативата, како што информираат од Уставниот суд, оспорени се следните Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од […]

Уставниот суд ја заврши расправата за разрешување на претседателот Мета, одлуката за 30 дена


За првпат во историјата на Албанија, Уставниот суд ќе донесе одлука за или против разрешување на Илир Мета од функцијата претседател на Република Албанија. -Конечната одлука ќе биде соопштена со образложение во рок од 30 дена, изјави вршителката на должноста претседателка на Уставниот суд, Виторе Туша, откако беа изнесени ставовите на двете страни. Денешното,трето рочиште, […]

Уставниот суд го отфрли барањето на Тања Каракамишева за Преспанскиот договор


  Нема повреда на правото  на слобода на мисла и изразување или забрана за дискриминација со Преспанскиот договор, па барањето на професроката Тања Каракамишева беше отфрлено на денешната седница на Уставниот суд. Судија известител беше Осман Кадриу и то рече дека дека Судот може да одлучува за повреда на конкретни слободи и права, за кои повреди […]

Заврши мандатот на уставниот судија Јован Јосифовски


На уставниот судија Јован Јосифовски денеска му завршува деветгодишниот мандат, информира Уставниот суд. Тој е избран за судија на Уставниот суд на  24 декември 2012 година,  а неговиот работен однос почна на 14 јануари 2013 година. Судијата Јосифовски даде придонес со своето активно учество во работата на Судот и во изминатите девет години му беа доделени  […]

Уставниот суд од средина на јануари со пет судии, Кацарска апелира да се изберат нови


Уставниот суд моментно функционира без една третина од судиите, а од средината на јануари ќе се испразни уште едно судиско место, што значи петмина судии. Уставот како највисок акт предвидел дека во името на граѓаните ќе одлучуваат девет судии, информира денеска претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска. Таа на денешната прес-конференција предупреди дека со неизбирањето […]

Мораториумот за градба во Центар останува на сила до добивање на одлуката на Уставен


Мораториумот за градба на Општина Центар ќе остане на сила се до добивање на одлуката од Уставниот суд, кој одлучи дека е неуставен, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Од Уставниот суд побара да ја преиспита одлуката во рок од 30 дена. Тој најави дека Општината ќе ги преземе сите правни мерки кои се […]