Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен, пензионери од дијаспората бараат еднакво усогласување на пензиите


Уставниот суд денеска ќе ја одржи 5. седница, на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, како и пет предлог-одлуки по веќе поведени постапки. Судиите ќе дискутираат по повеќе иницијативи, кои се однесуваат на измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои зголемувањето и усогласувањето на […]

Костадиновски: Извршната и законодавната власт вршат мобинг над судството


  Сериозно предупредување дека Владата и Собранието дека вршат мобинг врз судската власт изнесе денеска првиот човек на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.На денешната годишна прес-конференција на која заборуваше за работата на Судот во текот на оваа година, тој рече дека е очигледно дека државните органи се нервозни. „Ако забележувате, во изминатиов период државните органи беа […]

Судскиот совет веројатно до крајот на годината ќе предложи нов уставен судија на местото на Дабовиќ-Анастасовска


Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, се надева дека до крајот на годината Судскиот совет ќе има предлог за нов член на Уставниот суд од редот на судиите. Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на денешната 532. Седница на Судскиот совет, Камбовски посочи дека местото во каде што беше колешката Елизабета Дуковска е место коешто […]

Уставен суд одлучи да не поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини


Уставниот суд денеска одлучуваше за два предмета поврзани со изборниот процес. Ја оценуваше уставноста и законитоста на Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини и одлучуваше за уставноста и законитоста на упатство донесено од ДИК, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски. Како што наведе Добрила Кацарска, […]

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК (видео)


Уставниот суд на денешната седница донесе одлука за неповедување постапка за Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година, донесен на 17 август годинава од Државната изборна комисија. Подносители на иницијативата до Уставниот суд се […]

Уставниот суд ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците поради седумдневната жалост


Уставниот суд на работен состанок денеска одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана на 20 март. -Судот ја зема во предвид прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани и траумата низ која поминува општеството, граѓаните и државата, информираат од Уставниот суд. Оттаму додаваат дека датумот […]

Уставен ќе расправа по иницијатива за оценување на стажот на обвинителите во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители


Уставниот суд денеска на седница ќе расправа по предметот во кој е оспорена одредба од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители, а се однесува на оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители. Во иницијативата, која е поднесена од обвинителката Ленче Ристоска, наведено е дека […]

Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи на 20 март 2025


Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи на 20 март 2025 година, утврдени се спорните правни прашања во врска со иницијативите по овој закон, како и листата на учесници, која ќе биде отворена за јавноста, договорено е на денешниот работен состанок во Уставниот суд, потврди за МИА претседателот Дарко Костадиновски.   Како […]

Хрватска, од полноќ, останува без Уставен суд


Хрватска, членка на ЕУ, од полноќ останува без Уставен суд. Хрватскиот сабор денеска не успеа да избере десет (од вкупно 13) уставни судии на кои на полноќ им истекува продолжениот шестмесечен мандат. Утре, 7 декември, ќе се обидат да ги изберат, пренесе Index.hr. „Продолжение на седницата ќе свикам во сабота, во 10 часот, верувам дека […]

Уставниот суд не поведе постапка за членот 3 од законските измени на Законот за патните исправи


Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и ја отфрли иницијативата за оценување на меѓусебната согласност на одредбата означена во точката 2 од овој предлог со член 7 од Универзалната […]

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за Законот за изменување и дополнување на Законот за екпропријација


Уставниот суд на денешната седница одлучи да не се поведува постапка, односно да не се оценува уставноста на членот 1 и член 2 став 1 зборовите „како и за изградба на градби од стратешки интерес“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за екпропријација. –  Не се поведува постапка за член 10 став 4 […]

Уставен ги укина измените на Законот за облигацините односи, застарувањето на побарувањата останува 10 години


Уставниот суд денеска донесе одлука со која ги укина член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Согласно одлуката, ќе се применува стариот Закон за облигациони односи, односно, рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години. Претходно, Собранието со измените на Законот за облигационите односи, […]

Уставниот суд и Правниот факултет-Скопје меѓусебно ќе си помагаат во подигање на угледот


Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први,” Сашо Георгиевски денеска потпишаа Меморандум за соработка. Со овој Меморандум почнува реализирањето на еден од врвните приоритети на претседателот на Уставниот кој при преземањето на функцијата најави дека ќе се заложи за интензивирање на соработката и интеракцијата на Уставниот суд и науката, […]

Уставен суд: Не престанува функцијата на уставен судија по основ на старосна пензија


 Функцијата уставен судија не престанува по основ на остварување старосна пензија, изјави денеска портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска. -Во врска со информациите доставени до Собранието дека судијката на Уставниот суд Добрила Кацарска исполнила услови за старосна пензија во јуни 2022 година, Уставниот суд на работен состанок одржан денеска со единствена точка на дневен ред, […]

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв по повод шестдеценискиот јубилеј


Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во денешната акција што сами ја организираа по повод шестдеценискиот јубилеј. Како што информира утрово претседателката на Судот Добрила Кацарска, со ова институцијата ја покажува и својата хумана страна. -Уставниот суд одбележува 60 години постоење и по повод овој јубилеј најави низа активности. Вработените […]

Дури 14 општини сами си пропишале надлежност за автентично толкување – Уставен ќе расправа


 Уставниот суд поведе постапка за 14 предмети кои ги оформи по сопствена иницијатива, кои се однесуваат за работата на дел од општините. – Судот изрази сомнеж дека 14 општини без да имаат законско овластување си пропишале надлежност за автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Тоа би било можно доколку законодавецот им определи таква надлежност, […]

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии


Шеесет години постоење на Уставен суд е само потврда на капацитетите на нашиот систем и доказ за истрајноста и непоколебливиот пристап во изградбата на правната држава. Согледувајќи ја уставно правнaта матрица, не може а да не се констатира дека волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии, рече Добрила Кацарска, претседателка […]

Уставниот суд го укина делот „националност“ во Законот за матична евиденција


  Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се укинува делот „националност“ во Законот за матичната евиденција, соопшти прес-службата на Судот. Уставните судии ја донесоа оваа одлука во рамките на предметот оформен по иницијативата поднесена од политичка партија Левица, во која е оспорен член 4 став 1 точка 2 во делот „националност”, член […]

Уставен поведе постапка за Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје


Уставниот суд на вчерашната седница одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје. Иницијативата до Судот е поднесена од градоначалниката на Град Скопје, Данела Арсовска. -Во оваа фаза од постапката Уставниот суд изразува сомнеж дека […]