Харадинај има право да си ја зголеми платата на 3.000 евра


Уставниот суд на Косово попладнево донесе одлука со која на косовскиот премиер Рамуш Харадинај му се дозволува двојно да си ја зголеми сопствената и платите на членовите на неговиот Кабинет. Ова значи дека нема ништо спорно во одлуката од декември минатата година, со која Харадинај си ја покачи платата од 1.400 на 2.950 евра, а […]

Мицковски најави кривична пријава за Џафери и претставка до Уставен суд


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе го оспори пред Уставен суд Законот за употреба на јазиците, што парламентот го донесе попладнево во трето читање – во  мошне тензична атмосфера, а со 64 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“. Мицкоски најави исто така и кривична пријава за спикерот Талат Џафери, за, како […]

Уставен суд не поведе постапка по иницијативата за Законот за заштита на приватноста


Уставниот суд на денешната седница оценувајќи ја уставноста и законитоста на три иницијативи, отфрли две, а не поведе постапка по една иницијатива која се однесува на Законот за заштита на приватноста. Судот не поведе постапка по три одредби од Законот за заштита на приватноста поднесени од Тодор Петров, а се однесуваат на член 1, став […]

Ќе им се намалат платите на Анѓушев, Шеќеринска, Спасовски, Османи и Лика


Актуелните вицепремиери Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика од идниот месец ќе земаат помала плата, согласно одлуката на Уставниот суд по иницијативата на политичката партија Левица. Судот укина дел од членот 14 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците и утврди дека функцијата „потпретседател на влада“ не постои […]

Уставен поведе постапка за одлуките на Советот на Валандово за референдумот за Казандол


Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на две одлуки за распишување референдум на локално ниво, донесени од Советот на Општина Валандово на 3 и 10 јули 2017 година. Одлуките се однесуваа на референдумот за експлоатација на минерални суровини од Казандол. Судот смета дека одлуките за референдум се неуставни […]

Комплетирани Уставниот суд и Советот на обвинители


Државниот правобраните Насер Ајдари е избран за нов уставен судија, на денешната собраниска седница. Паралелно, и адвокатите Ангел Солев и Ангеле Илиевски се изгласани за членови на Советот на јавни обвинители. Со тоа се комплетира составот на двете правосудни институции, кои подолго време функционираа во неполн состав. Уставниот суд го сочинуваат девет судии, а Ајдари […]

Собранието ќе се избира уставен судија и членови на Советот на ЈО


Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 35. седница на која на дневен ред се Предлог за избор на судија на Уставниот суд и Предлог за избор на членови на Советот на јавните обвинители. Насер Ајдари е предложен за нов уставен судија. Во Уставниот суд е испразнето само местото на Исмаил Дарлишта, по […]

СДСМ (на)влегува во правосудната фела


Владејачките СДСМ и ДУИ вчера успеаја да протуркаа во втор обид три нови кадровски решенија во клучни правосудски институции , кои до скоро беа остро критикувани за пристрасност во однос на поранешната владејачка гарнитура, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Двајца скопски адвокати се предложени за нови членови на Советот на јавни обвинители – институција која ги именува […]

Уставен поведе постапка за член од Законот за минималната плата


Уставниот суд на денешната седница ја оценуваше уставноста на одредби од Законот за минимална плата во Република Македонија. Притоа, Судот поведе постапка и изрази сомнеж за уставноста на член 2, став 1 во делот „и исполнет нормиран учинок“ и ставовите 2, 3 и 4 и член 7-б ставови 1 и 3 од Законот за минимална […]

Државен правобранител предложен за Уставен судија


Насер Ајдари, државен правобранител на Македонија е предложен за нов член на Уставниот суд. Тој предлог требаше денеска да го одобри собраниската комисија за избори и именувања пред да оди на пленарна седница во парламентот, ама точката беше тргната од дневен ред поради немање кворум. Според информациите, Ајдари во 2013 година за време на владеењето […]

Уставниот суд отфрли иницијатива на СМК за НАТО


Уставниот суд, на денешната седница, донесе едногласна одлука да не поведе постапка по иницијативата на Светскиот македонски конгрес (СМК) за укинување на Одлуката за стапување на Македонија во членство во НАТО. Станува збор за Одлука на Собранието, донесена на 23 декември 1993 година, за која СМК смета дека е неуставна. Од СМК сметаат дека Собранието, […]

Законот за амнестија на тест на уставноста


Адвокатот Сашко Дукоски денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на неодамна донесениот Закон за амнестија. Дукоски вели дека спорен е членот 3 од Законот за амнестија кој се коси со членот 9 од Уставот на Македонија во кој е наведено дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите и членот […]

Димовски ќе го оспори пред Уставен суд Законот за јазици


Доскорешниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ќе го оспори пред Уставен суд новиот Закон за употреба на јазиците доколку претседателот Ѓорге Иванов и парламентарното мнозинство не спречат тој да стапи во сила. Ова Димовски го најави денеска преку статус на фејсбук, повикувајќи го претседателот да стави вето на Законот за јазиците. „Како […]

Кадриу: Функцијата уставен судија носи голема одговорност


Новоизбраниот судија во Уставниот суд Осман Кадриу денеска по неговиот избор во Собранието на Република Македонија изјави дека покрај привилегиите што ги има оваа функција, таа носи и голема одговорност. – Оваа функција е одговорна дотолку повеќе што и надлежностите на Уставниот суд се мошне значајни. Преку нив се остварува главниот интерес – интересот на […]

Костадиновски и Кадриу, сепак, избрани за уставни судии


Дарко Костадиновски и Осман Кадриу се новите членови на Уставен суд. Нивниот избор го одобри попладнево Собранието на Македонија и тие доаѓаат на местата на Наташа Габер Дамјановска и Гзиме Старова, на кои деветгодишниот мандат им заврши во октомври минатата година. Костадиновски и Кадриу влегуваат во Уставен суд како предлози на претседателот Ѓорге Иванов. Иако […]

Виси изборот на нови уставни судии


Иако СДСМ реши да присуствува на годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов во парламентот, неизвесно е засега дали најмногубројната пратеничка група ќе даде поддршка и за кандидатите на шефот на државата за нови членови на Уставниот суд. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, ни изјави вчера дека нема сѐ уште конечна одлука во […]

Ќе мрзнеме ли и покрај централното греење: И исклучените ќе купуваат мерачи за греење


Граѓаните што не користат парно и во иднина ќе мора да плаќаат паушален износ, пресуди вчера Уставниот суд. Уставните судии вторпат ја отфрлија иницијативата поднесена од членовите на Здружението за заштита на човекови права „Но пасаран“, кои бараа да се оцени уставноста на членот 66, од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната […]

Уставен суд донесе одлука: Исклучените од парно сепак ќе плаќаат сметки


Уставниот суд денеска ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на членот 66, од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, со кој всушност беше воведена обврска граѓаните кои не користат парно да плаќаат надоместок. Од Судот велат дека по членот 66 решавале во 2013 година и уште тогаш иницијативата е отфрлена. […]

Иванов ги предлага Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии на Уставниот суд


Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, ги предложи Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии на Уставниот суд. Согласно уставните овластувања на претседателот, предлозите за двајца нови судии на Уставниот суд се доставени до Собранието.Пред донесувањето на одлуката, претседателот Иванов извршил консултации со релевантни фактори од оваа област. – Претседателот Иванов како и досега, така и […]