Корисниците на македонски пензии во странство не се дискриминирани, оцени Уставниот суд


Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Подносителот на иницијативата, Илија Ивановски од Србија, смета дека оспорените одредби го ставаат во нееднаква и дискриминирачка положба во однос на другите пензионери кои […]

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите


Уставниот суд денеска ја одржа 9. седница на која го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.39/2026). При конечното одлучување за поништување на Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година, како решавачки аргументи беа утврдени значењето на финансиската […]

Одлуката на Уставниот суд за линеарното покачување на пензиите е во полза на пензионерите, смета Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека одлуката на Уставниот суд за уставноста на линеарното зголемување на пензиите е во полза на пензионерите.  -Што се однесува до одлуката на Уставниот суд многупати сум кажал дека нема да ги коментирам. Нормално, понекогаш тие одлуки се во согласност со вашите политики, понекогаш не се во согласност во вашите политики, […]

Седниците на Уставниот суд од 4 март ќе се пренесуваат во живо на Јутјуб и Фејсбук


Уставниот суд информира дека почнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење. Од 4 март,  првпат во историјата, јавноста ќе може да ги следи седниците во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот на Јутјуб и Фејсбук. Седницата ќе биде достапна преку следниот […]

Пензионерите во странство останаа без линеарното зголемување на пензиите, одлучи Уставниот суд


Уставниот суд денеска не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на нерезидентните пензионери. Тие предвидуваат дека зголемувањата на пензиите од 2024 година нема да се исплатуваат на пензионери кои престојуваат надвор од земјата. Со иницијативите од петмина подносители се бараше оценка на уставноста поради наводна дискриминација и […]

Уставниот суд ќе го преиспитува член 218 од Законот за извршување, се однесува на државни органи, општини и јавни претпријатија


Уставниот суд на првата седница одржана на 21 јануари 2026 година поведе постапка за член 218 од Законот за извршување. Во оспорениот член се вели дека врз предмети и права на Република Македонија и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија не може да се спроведе извршување за наплата на парични побарувања, доколку […]

Платата на претседателот на Уставниот суд на Србија е 8.000 евра


  Снежана Марковиќ (67), до неодамна претседателка на Уставниот суд на Србија, за таа позиција добивала месечна плата во износ од неверојатни 942.832 динари (8.036 евра), како и уште 68.500  динари секој месец како член на комисијата за полагање на правосудниот испит. Сепак, тоа не е сè, бидејќи таа добивала уште 58.000 динари квартално покрај […]

Уставните судии гласале нерешено за пензиите, поведена е постапка за Законот за платите на судиите


Уставниот суд денеска донесе одлука за поведување постапка за оценување на уставноста на измените на Законот за платите на судиите, со цел заштита на судската независност од извршната и законодавната власт. Ова го соопшти денеска претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, по одржувањето на седницата на која уставните судии расправаа по иницијативите за поведување на […]

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка


Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Оставката, како што информираат од Уставниот суд, е поднесена поради здравствени и лични причини.  Дабовиќ-Анастасовска за уставен судија беше избрана на 12 декември 2023 година и на местото доаѓа како професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. […]

Мицкоски како правен советник: Им даде три можности на уставните судии за линеарните пензии


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека уставните судии имаат три можности во врска со одлучувањето за уставноста на линеарното зголемување на пензиите. Одговарајќи на новинарски прашања, по поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во населба Дексион, Општина Ѓорче Петров, тој рече дека едната е да ги прогласат мерките за неуставни, […]

Колку пензионери добиваат, а колку губат со линеарното зголемување на пензиите


  Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања во четвртокот изјави дека доколку Уставниот суд го укине линеарното зголемување оштетени ќе бидат 70 отсто од пензионерите. Од друга страна, пак, опозициската СДСМ излезе со математика дека токму линеарното зголемување на пензиите оштети околу 320 илјади пензионери. Пред зголемувањето од илјада денари […]

Уставен суд контра Мицкоски: Одлуката за линеарното зголемување на пензиите уште не е донесена


  Уставниот суд го демантираше премиерот Христијан Мицкоски  околу неговото тврдење во Собранието дека Судот веќе донел одлука да го укине линеарното зголемување на пензиите. Уставен суд преку соопштение изјави дека дека сè уште не е донесена конечна одлука за предметот кој се однесува на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот […]

Уставниот суд ги нарече „лаги и манипулации“ нападите од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ


  Реторика заснована на лаги и манипулации. Јавното напаѓање на судии и шпекулативните говори претставува директен напад врз институцијата што го штити Уставот Вака денеска Уставниот суд преку соопштение се спротивстави на оценките на одредени политичари дека поведувањето постапка за уставноста на линеарното зголемување на пензиите било политичка нарачка на „СДСМ преку Добрила Кацарска“. Според […]

Уставен суд ќе го оценува зголемувањето на пензиите за 1.000 денари, а не претходното за 5.000


  Линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари, што го добија пензионерите во септември лани (2.500 денари) и во март годинава (уште 2.500 денари) нема да оди на проверка од страна на Уставниот суд, туку уставноста ќе се оценува само на најновото зголемување за 1.000 денари во септември годинава и најавеното за исто толку во […]

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд


 На денешната седница на Уставниот суд  ќе се дискутира по предметот во кој е оспорен Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година, донесен на 17 август годинава од Државната изборна комисија. Подносители на иницијативата […]

Делегација на Венецијанската комисија дојде во Македонија да го испита укинувањето на „балансерот“


Делегација на Венецијанската комисија  вчера имала средба со претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и со судијката Ана Павловска-Данева на која, меѓу другото, било разговарано и за т.н. „балансер“, алатката за вработување според национална припадност во државните институции, која Уставен ја укина лани во октомври. Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи соопшти […]

Ќе ја исправи ли Уставен суд неправдата кон 12 илјади македонски пензионери во странство


  Уставниот суд во рамки на примените иницијативи минатиот месец, оформи и три предмети кои што се однесуваат на оцена на уставноста на законските измени за пензиското и инвалидско осигурување со кои пензионерите кои што живеат во странство нема да ги добијат најавените зголемувања на пензиите, како актуелното од два пати по илјада денари, така […]

Уставниот суд не поведе постапка за ДУП Ѓорче Петров


Не се поведува постапка за оценување на уставност и законитост на Одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров, Скопје од 17.02.2024 година, информира попладнево Уставниот суд.  Судот не ги прифати наводите на подносителката на иницијативата Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје од причина што не најде повреда на законитоста […]

Седница на Уставен суд, на дневен ред одредби од Законот за животната средина


Уставниот суд денеска ќе ја одржи 10. седница. На дневен ред e предвидено да се дискутира по осум предмети за оценување на уставност и законитост и да се донесат одлуки за четири предмети.  На дневен ред е иницијатива поднесена од Центарот за истражување и информирање за животната средина „ЕКО СВЕСТ“, застапувани од Ана Чоловиќ-Лешовска, со […]

Уставен суд не најде дискриминација во разрешувањето на екс-директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу


Уставниот суд утврди дека нема дискриминација во одлуката за разрешување на директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу од 28 јуни 2024 година. Судијката Ана Павловска Данева, на прес-конференција, појасни дека како Суд утврдиле дека нема дискриминираност по полова и политичка основа. – Судот едногласно одлучи дека нема ниту полова, ниту политичка дискриминација во одлуката […]