Објавено е видео од моментот на бруталниот руски напад врз Киев. Расте бројот на загинати


Во текот на ноќта, Русија изврши еден од најжестоките напади врз Украина од почетокот на војната, објавија украинските власти. Според податоците на воздухопловните сили, вкупно се испукани 629 ракети и дронови – од кои 598 беа дронови и 31 ракети – на 13 локации низ земјата. Киев беше меѓу целите, а властите го опишаа нападот […]

Во Одеса започна нов формат на соработка меѓу Украина и земјите од Бенелукс


 Во Одеса се одржаа многустрани разговори меѓу министерот за надворешни работи на Украина Андриј Сибиха и неговите колеги – шефот на белгиската дипломатија Максим Прево, министерот за надворешни работи на Луксембург Ксавиер Бетел и генералната директорка за европски прашања во холандското МНР, Хелен Бакер. Средбата ја потврди гувернерот на Одеската област, Олег Кипер, на својата […]

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната


Украинските власти денеска соопштија дека ќе им дозволат на мажите на возраст од 18 до 22 години да патуваат во странство, што им беше забрането од почетокот на војната во февруари 2022 година. Забраната важеше за сите мажи на возраст од 18 до 60 години, со одредени исклучоци, а неколку илјади од нив се обидуваа […]

Украина користи тактики од Првата светска војна да лови руски дронови


  Сè помасивните руски воздушни напади со употреба на дронови ја принудуваат украинската војска да бара евтини начини за борба против нив. Заштедувајќи скапи ракети за одбивање на ракетни напади, тие почнаа да ги бркаат дроновите со спортските тренажни авиони „Јак-52“. Повеќе од 10% од соборените дронови се уништени на овој начин. Активностите на ескадрилата […]

Застрашувачки бројки за вистинските загуби во војната меѓу Русија и Украина


Неодамна беа објавени информации од руски хакери. Имено, според нивните изјави, за кои тврдат дека се засновани на хакирање на базата на податоци на украинската армија, украинската армија изгубила 1,7 милиони војници. Со оглед на тоа што хакерите излегле со многу малку информации и не ги објасниле дополнително податоците, многу аналитичари се сомневаат во нивната […]

Ким Џонг-ун одржа церемонија во чест на загинатите војници кои се бореа за Русија против Украина


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун одржа церемонија во чест на своите војници и команданти кои се бореа за Русија против Украина. Сликите објавени од севернокорејските државни медиуми го покажуваат лидерот Ким Џонг Ун како клекнува пред портрети на војници кои загинаа борејќи се за Русија против Украина и бакнува преживеан од конфликтот. На церемонијата одржана […]

Украина планира в година да започне со масовно производство на крстосувачките ракети „Фламинго“


Украина на почетокот на 2026 година ќе започне со масовно производство на крстосувачки ракети FP-5 „Фламинго“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според него, изминатиов период имало успешни тестирања на ракетата „Фламинго“ што ќе има досег од 3.000 километри, објави „Униан“. Зеленски додаде дека сè додека Украина не може да користи стотици ракети, подетална дискусија за […]

Д.Џ. Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина


Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат „лавовскиот дел“ од товарот за безбедносните гаранции на Украина. -Не мислам дека ние треба да го носиме тој товар. Мислам дека треба да бидеме од помош во однос на запирањето на војната и убиствата. Но, треба да очекуваме, а претседателот сигурно тоа […]

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо


Велика Британија е подготвена да испрати војници во Украина за да го бранат воздушниот простор и морските пристаништа, но не и на бојното поле против Русија, ќе изјави началникот на британската армија Тони Радакин на состаноците во Пентагон, објавува Гардијан. Радакин, началникот на Генералштабот, денеска учествува во разговорите во Вашингтон за финализирање на обврските што […]

Десетина европски земји се подготвени да испратат војници во Украина, Русија жестоко реагираше


Десина земји се подготвени да испратат свои војници во Украина за да обезбедат евентуални безбедносни гаранции, објавува Блумберг, повикувајќи се на извори. Агенцијата не прецизира кои земји се подготвени да го сторат тоа. Се очекува првата фаза од безбедносните гаранции што се развиваат за Киев да биде обука на украински воен персонал. Европските претставници во […]

Украина: Русија изврши масовна ноќна воздушна офанзива со 270 дронови и 10 ракети


Руската армија ноќеска изврши една од најголемите воздушни офанзиви овој месец, користејќи 270 дронови и 10 ракети, соопштија Украинските воздухопловни сили. Од нив биле соборени 230 дронови и шест ракети. Сепак, удари биле регистрирани на 16 локации со четири ракети и околу 40 дронови. Локалните власти соопштија дека централниот украински град Кременчук бил сериозно погоден, […]

Може ли Трамп на Аљаска да го надмудри Путин?


  Дали мирот во Украина конечно е на дофат? По толку многу крв, огорченост и разочарување, тешко е да се остане оптимист, но како и со сè што е поврзано со американскиот претседател Доналд Трамп, ситуацијата е непредвидлива. Она што е јасно е дека дури и ако се постигне договор, тоа би била само почетна […]

Каспаров: Трамп се преправа дека „се фрустрира од Путин“


Нема да се сретне, па ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин – ако не седи на маса и украинаскиот претседател Володомир Зеленски.  Шпанскат серија наречена преговори за мир во Украина продолжува, а никој не верува во успех, освен ако Трамп не ги „предаде“ интересите на Киев, т.е. направи остапки кон Русија. И самиот […]

Кремљ: Путин прифати средба со Трамп


Русија и САД се согласија за средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во наредните денови, изјави претседателскиот советник Јуриј Ушаков, според руските медиуми. -На предлог на американската страна, во принцип е постигнат договор за одржување билатерална средба на највисоко ниво во наредните денови, поточно средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, рече Ушаков. […]

Какви „сигнали“ разменија Москва и Вашингтон на средбата на човекот на Трамп со Путин


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е постигнат „голем напредок“ во врска со Украина за време на состанокот меѓу неговиот претставник Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин денес во Кремљ. Трамп го опиша состанокот како „многу продуктивен“ во објава на социјалната мрежа Truth Social, велејќи дека по состанокот ги информирал некои од своите […]

НАТО објави дека за Украина ќе бидат договорени редовни и големи испораки на оружје


НАТО почна со координирање на редовните големи испораки на оружје за Украина во рамки на својот нов финансиски план „Список со приоритетните барања на Украина“, откако Холандија синоќа ја објави првата пратка во вредност од 500 милиони евра (578 милиони долари), пренесе Асошиетед Прес. Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс изјави дека неговата земја ќе […]

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Киев, вклучувајќи и ракети „Патриот“


 Холандија вчера изјави дека ќе стане првата земја-членка на НАТО што ќе купи системи за воздушна одбрана од Соединетите Американски Држави за да ги испорача на Украина. -На Украина сега ѝ се потребни повеќе воздушна одбрана и муниција, изјави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс во објава на „X“. „Како прв сојузник на НАТО, Холандија […]

Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер


Руски напад уби три лица во регионот Запорожје во југоисточна Украина вчера, изјави регионалниот гувернер Иван Федоров, додека силите на Москва го продолжија своето бавно напредување по линијата на фронтот од 1.000 километри. Федоров напиша на Телеграм дека трите лица се убиени во напад врз градот Степногирск. Уништени се и приватни домови. Воен портпарол изјави […]

Антикорупциските агенции во Украина открија измама при купување дронови


Украинските антикорупциски агенции открија голема шема за примање мито и купување оружје по претерани цени во земјата, соопштија тие. Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) вчера на социјалните медиуми објавија дека осомничените примиле мито во корупциска шема во која дронови и друга воена опрема биле купени […]

Над 100 украински дронови соборени над руска територија, соопшти руското Министерство за одбрана


 Руските системи за противвоздушна одбрана синоќа пресретнаа и уништија вкупно 112 украински дронови над различни региони на Русија и над водите на Азовското и Црното Море, соопшти Министерството за одбрана. Од 20 часот по московско време синоќа до 4:40 часот утрово, дежурните системи за противвоздушна одбрана соборија 34 дронови над територијата на Ростовскиот регион, 31 […]