Руски напад ја прекина струјата во делови од северна Украина


Нов руски напад врз украинската погранична област Чернигов вчера ја онеспособи енергетската мрежа во некои области во северниот дел на земјата, вклучувајќи го и главниот град до деактивираната нуклеарна централа Чернобил, соопштија властите. Локалната енергетска компанија Чернигивобленерго соопшти дека последниот напад бил насочен кон електроенергетски објект, но не наведе кој. Јуриј Фомичев, градоначалник на градот […]

Зеленски: Договорот за Газа е добар моментум за завршување на војната во Украина, ни треба мир


Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнувањето мировен договор за Газа на почетокот од нивниот состанок денеска, велејќи дека тоа би можело да биде „моментум“ за завршување на војната во Украина. На отворањето на работниот ручек во Белата куќа со американскиот претседател, Зеленски денеска изјави дека верува оти рускиот […]

Руски ракети погодија полигон за обука во Украина, неколку мртви


Две руски ракети утрово погодија полигон за обука во Украина, предизвикувајќи жртви, соопшти Јужната оперативна команда на украинските сили. Точната локација и бројот на жртви сè уште не се објавени, објавуваат украинските медиуми. Командата соопшти дека базата се наоѓала „во задниот и релативно мирен дел“ на Украина. Потврди дека, и покрај преземените мерки на претпазливост, […]

Украина се соочува со сурова зима: Принудени сме да воведеме намалувања на електричната енергија


Украина воведува итни прекини на електричната енергија во сите освен во два региона, откако серија руски напади предизвикаа голема штета на нејзиниот енергетски систем, соопштија украинските власти во среда. Русија ги засили нападите врз енергетската инфраструктура на Украина како што се приближува зимата, сериозно оштетувајќи го производството на гас и повремено потопувајќи ги големите градови, […]

Украинските линии се распаѓаат поради недостаток на војници


  Украинската армија се соочува со сериозен и продлабочувачки недостиг на персонал, пишува „Украинска правда“ во голем извештај за ситуацијата на фронтовските линии. Повеќе од три години по почетокот на руската инвазија, армијата се бори со драстичен недостиг не само на пешадијци, туку и на механичари, возачи, медицински лица, оператори на беспилотни летала и артилерци. […]

Киев најавува поголем увоз на природен гас поради штети од руските воздушни удари


Украина планира да го зголеми увозот на природен гас за околу 30 проценти поради руските воздушни напади врз нејзината гасна инфраструктура, соопшти министерката за енергетика Светлана Гринчук. Гринчук на брифинг во Киев изјави дека разговарала со земјите од Г7 за можноста за дополнителен увоз на гас. Таа посочи дека воздушните напади предизвикале „значителни“ штети врз […]

Русија го изврши најголемиот напад врз гасните капацитети во Украина


Русија во текот на изминатата ноќ го започна „најголемиот напад“ врз постројките за производство на гас во Украина од почетокот на инвазијата во 2022 година, користејќи 35 ракети и 60 дронови, објави денеска украинскиот државен оператор Нафтогас. Руската војска објави дека извршила „масовни напади со високопрецизно оружје“ врз воено-индустриските компании во Украина, „гасната и енергетската […]

Џ.Д. Венс: Доколку Русите ги отфрлат преговорите, тоа ке биде многу, многу лошо за нив


 Американскиот претседател Доналд Трамп станува сè понетрпелив кон Русија бидејќи Кремљ одбива да работи на мировен договор, изјави синоќа американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, пишува „Киев Индипендент“. „Верувам дека претседателот во моментов станува неверојатно нетрпелив кон Русите бидејќи не чувствува дека тие ставаат доволно на маса за да ја завршат војната“, изјави Венс пред новинарите во […]

Трамп ја нарече Русија „тигар од хартија“, верува дека ќе ја изгуби освоената територија


На средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, претседателот на САД Доналд Трамп ги повтори своите неодамнешни коментари на Truth Social дека Украина има потенцијал да ја врати целата територија што ја изгуби од Русија во три и пол години откако започна најновата војна во регионот. Трамп рече дека способноста на Украина да возврати може да […]

Сикорски до Москва: Предупредени сте, да не се жалите ако ви собориме авион влезен „по грешка“


Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски на состанокот на Советот за безбедност на ОН им прати остра порака на претседателот Владимир Путин и военото раководство на Русија.  „До претставниците на Русија, имам да им го кажам следново: Знаеме дека не ви е грижа за меѓународното право и дека не сте способни да живеете во […]

Украина не се распадна од војната, таа стана дигитален шампион


Кога руските ракети принудија милиони Украинци да ги напуштат своите домови, многумина носеа со себе малку повеќе од паметен телефон. Но, преку тој уред, тие ја носеа својата држава. Апликацијата Diia, дигиталниот ‘рбет на Украина, им дава на граѓаните пристап до нивните лични документи, јавни услуги, деловни регистри и итни плаќања. Тие можеа да поднесат […]

Украина ќе почне да користи стотици системи против дронови за да се одбрани од руски напади


 Украина наскоро ќе почне да користи стотици системи против дронови како одговор на масовните напади со дронови од страна на Русија, изјави украинскиот министер за одбрана Денис Шмихал, јави ДПА. Зборувајќи на заедничка прес-конференција со својот полски колега Владислав Кошињак-Камиш во Киев, Шмихал рече дека кога Русија ќе лансира до 800 дронови во една ноќ, […]

Украина денеска презеде од Русија тела на над 1.000 убиени војници, предаде само 24


Украина денеска презеде над 1.000 тела кои и ги предаде Русија, а за кои тврди дека се тела на украински војници убиени во битка, објави на Телеграм Центарот за воени заробеници на Владата на Украина. Руски воен дописник на Телеграм напиша дека Русија зеде повеќе од 24 тела на своите мртви војници кои беа предадени […]

Принцот Хари ја посети Украина: „Не можеме да го запреме војната, но можеме да помогнеме“


Британскиот принц Хари вчера ја посети Украина каде пристигна со тим од својата фондација „Invictus Games“ за детално да ги објасни плановите на неговата добротворна организација за помош во рехабилитацијата на ранетите војници. Ова е второто патување на Хари во Украина годинава, откако во април го посети центарот за ранет воен персонал во Лавов. Хари […]

ЕУ исплати дополнителни една милијарда евра поддршка за Украина


Европската комисија ја исплати осмата транша од својот заем за макрофинансиска помош за Украина во износ од една милијарда евра, со што вкупната поддршка на ЕУ за земјата од почетокот на руската агресија достигна над 170 милијарди евра.  Вкупната вредност на кредитот е 18,1 милијарди евра, како дел од пакетот-заеми на Г7 за вонредно забрзување […]

Лавров: На Украина треба да ѝ се гарантира неутрален, неврзан и ненуклеарен статус


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва очекува продолжување на преговорите меѓу Русија и Украина, но оти мора да се признаат „новите територијални реалности“ и да се формираат нови системи на безбедносни гаранции. – За мирот да биде одржлив, новите територијални реалности мора да се признаат и формализираат во меѓународно-правна смисла, […]

Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони


Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако Русија почна воздушни напади насочени кон западна Украина, блиску до границата со Полска, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили. – Руската Федерација повторно изведува напади врз цели кои се наоѓаат на територијата на Украина, се наведува во соопштението на […]

Кремљ ја обвини Европа за попречување на напорите на Трамп за постигнување мир во Украина


Кремљ соопшти дека европските сили ги попречуваат напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување мир во Украина, додавајќи дека Русија ќе ги продолжи своите операции во Украина сè додека не види вистински знаци дека Киев е подготвен за мир. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им изјави на државните новинари дека „европската воена страна“ продолжува […]

Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“


 Папата Лав Шеснаесетти денеска го повтори својот повик за ставање крај на војната во Украина. – Цврсто го повторувам мојот итен апел за итен прекин на огнот и сериозна посветеност на дијалог, рече папата за време на молитвата Ангелус на плоштадот Свети Петар. – За жал, војната во Украина продолжува да сее смрт и уништување. […]

Европа разгледува идеја за воена тампон зона на украинска територија


Европа разгледува поддршка за воспоставување тампон-зона широка 40 километри на украинска територија како дел од напорите за завршување на војната, објави Политико, повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати. Според дипломатите, европските лидери ја разгледуваат оваа идеја како една од опциите за прекин на огнот или како дел од повоениот договор меѓу украинските и руските […]