Генералниот секретар на ОН: Прекинете го крвопролевањето, веднаш!


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го осуди бомбашкиот напад на детската болница и родилиштето во Мариупол нарекувајќи го страшно. Украина ја обвини Русиј дека ја бомбардирала болницата кога требало да има прекин на огнот. Во нападот ранети се најмалку 17 луѓе. Today's attack on a hospital in Mariupol, Ukraine, where maternity & children's […]

(Видео)Два лава од Украина сместени во Белгија


 Лавовите близнаци Цар и Џамил, родени во јануари 2021 година, требаше да бидат преместени во Белгија во мај, откако украинските власти ги конфискуваа од приватни сопственици кои се однесувале лошо со нив. Но, руската инвазија на Украина значеше дека преместувањето мора да се случи веднаш, оти гранатирањето на Киев, каде што беа задржани, им предизвика […]

(Видео) Погледнете како Украинците со раце и шише вода деактивираат руска бомба


Деактивирање на бомбата со голи раце и шише вода? Иако звучи неверојатно, тоа го направиле двајца украински експерти за отстранување експлозиви. Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи, а досега е прегледано повеќе од 1,9 милиони пати. За тоа зборуваше и Чарлс Листер, висок соработник и директор на програмата за Сирија и борбата против тероризмот […]

Берлин ќе издвои еден милион евра за помош на украинските уметници


Германската федерална Влада и регионалните власти планираат да им помогнат на украинските уметници во услови на руска инвазија врз нивната држава, јави ДПА. – Многу интензивно разговаравме заедно со регионалните министри за култура што може да се направи веднаш, а особено да им се помогне на украинските уметници, изјави федералната министерка за култура Клаудија Рот […]

УНИЦЕФ: Од Украина евакуирани повеќе од милион деца


Повеќе од милион деца се евакуирани од Украина во соседните земји за помалку од две седмици од почетокот на оружениот конфликт во таа земја, изјави Кетрин Расел, извршната директорка на УНИЦЕФ. Според неа, во конфликтот се убиени најмалку 37, а повредени 50 деца. Раселсо згрозување го осуди пријавениот напад врз детската болница во Мариупол и […]

Украина подготвува потенцијален трансфер на чувствителни податоци во друга земја


Украинската влада се подготвува за потенцијалната потреба да ги премести своите е-податоци и сервери во странство доколку руските   сили навлегуваат подлабоко во земјата, изјави   висок функционер за кибер безбедност. Виктор Жора, заменик-началникот на украинската Државна служба за специјални комуникации и заштита на информации, нагласи дека неговиот оддел планира справување со непредвидени настани, и дека Украинците […]

ММФ одобри 1,4 милијарди долари за Украина


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри 1,4 милијарди долари вонредно финансирање за Украина за да се задоволат „итни потреби на платниот биланс“. Извршниот одбор на Фондот соопшти дека украинските власти ќе соработуваат со ММФ „за дизајнирање соодветна економска програма насочена кон рехабилитација и раст, кога ќе дозволат условите“. – Штом војната ќе заврши и ќе може […]

Петков свика вонредна седница на бугарскиот Совет за безбедност заради Украина


Бугарскиот премиер Кирил Петков одржа вонредна седница на Советот за безбедност, соопшти владината прес-служба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на седницата се разговарало за состојбите во регионот на Источна Европа и на Балканот во врска со ризиците кои произлегуваат од војната во Украина, како и можните сценарија за развојот на ситуацијата. Министерот […]

Киев: 14.500 доброволци се приклучиле на украинските сили во последните неколку дена


Околу 14.500 луѓе влегле во Украина во последните неколку дена, со цел да се борат против руската инвазија. Според податоците на украинската армија, 12 илјади од нив се украинци кои се вратиле со цел да се приклучат во одбрана на земјата. Во соопштението, Генералштабот на Украина, тврди дека руските сили досега имаат загубено повеќе од […]

Општина Аеродром ќе донира 2.500 евра за украинскиот народ


Осудувајќи ја ја агресијата врз Украина и изразувајќи солидарност со украинскиот народ и цивилното население кое е приморано да ги напушти своите домови поради воените дејства во Украина Општина Аеродром одлучи да му донари 150.000 денари (2.500 евра) на украинскиот народ.  за оваа донација одлука донел Советот. Во соопштението на Општина Аердором, сепак, не се […]

Украина го забрани извозот на ‘рж, јачмен, шеќер, месо до крајот на годината


Украинската влада го забрани извозот на ‘рж, јачмен, хељда, просо, шеќер, сол и месо до крајот на оваа година, се вели во резолуцијата на владата објавена денеска. Тоа ќе ја стави безбедноста на храната низ Европа во остар фокус, што ќе доведе до недостиг на жито и цени на оризот на основните производи, вклучително и […]

Мареј ја донира заработката за децата во Украина


Англија – Поранешниот светски рекет број 1, британскиот тенисер Енди Мареј, објави дека парите што ќе ги заработи од наградните фондови на турнирите на кои ќе настапи до крајот на сезоната ќе ги донира за Украина преку УНИЦЕФ. – Целата моја парична награда до крајот на годината ќе ја донирам. Меѓутоа, сите жители на Велика Британија, […]

Москва тврди дека Украина подготвувала воена интервенција во Донбас


Руското Министерство за одбрана денеска пред јавноста објави тајни документи што укажуваат дека украинските оружени сили планирале во март годинава да спроведат воена интервенција во Донбас. „Во рамки на специјална воена операција руските сили дојдоа до тајни документи на Командата на Националната гарда на Украина. Тие потврдуваат тајна подготовка на режимот на Киев за офанзивна […]

Украина нуди милион долари за секој заробен руски авион


Украинската државна корпорација за производство на оружје „Укроборонпром“ нуди награда од милион долари на секој што ќе зароби борбено подготвен руски воен авион. Според нив, „понудата е отворена за руските пилоти кои сакаат да ја сменат страната“. Корпорацијата „Укроборонпром“ понуди награда од 500.000 долари на социјалните мрежи за секој што ќе зароби руски воен хеликоптер […]

Русите остануваат без омилената храна – „Мекдоналдс“ ги затвори сите ресторани во Русија


  Наведувајќи го „непотребното човечко страдање што се случува во Украина“ „Мекдоналдс“ во вторникот објави дека привремено ќе затвори 850 ресторани во Русија. Одлуката е донесена речиси две недели откако руските сили го нападнаа нивниот поранешен советски сосед. Извршниот директор Крис Кемпчински напиша во писмо до франшизите и вработените дека синџирот ќе ги паузира сите […]

Борел: Русија оди кон целосна изолација на своите граѓани


Шефот на дипломатија на ЕУ Жосеп Борел денеска изјави дека Кремљ манипулира со информациите за руската воена кампања во Укрaина, со цел да шири дезинформации меѓу сопствените граѓани, но и да ја наруши стабилноста и безбедноста во Европа. Борел, истовремено ги отфрли критиките дека ЕУ со забраната за емитување на програмите на „Раша Тудеј“ и […]

И јавниот обвинител на Германија почна истрага за воени злосторства во Украина


  Јавниот обвинител на Германија сега истражува и можни руски воени злосторства во Украина. Ова иницираше таканаречена структурна истрага, вели сојузниот министер за правда Марко Бушман (ФДП) за весникот „Пасауер ноје пресе“. Според информациите на Германската прес агенција, властите во Карлсруе имаат конкретни докази дека веќе се извршени воени злосторства. Причина за постапката се извештаите […]

Зошто руската војска се сопна во Украина и дали е тоа само привремено


  Кога станува збор за војна, генералите велат дека „масата е важна“. Но, речиси две недели по инвазијата на претседателот Владимир Путин на Украина – најголемата копнена војна во Европа од 1945 година – сликата на руска војска како таква од која другите земји треба да се плашат, а камоли да се угледаат на неа, […]

Стинг со нова верзија на хитот „Руси“ како поддршка на Украина


САД- Стинг сподели на Инстаграм нова изведба на неговиот хит „Руси“ од 1985 година за поддршка на Украина.  Првично издаден како сингл од неговиот дебитантски соло албум The Dream of the Blue Turtles, „Russians“ беше инспириран од Студената војна меѓу Соединетите држави и тогашниот Советски Сојуз. Песната, која ја критикува доктрината за заемно сигурно уништување, […]

Украина: Штетата на инфраструктурата изнесува над 10 милијарди долари


Украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков денеска процени дека штетата предизвикана од руската инвазија врз транспортната инфраструктура на Украина изнесува над 10 милијарди долари, што вклучува мостови, железнички пруги и аеродроми, пишува весникот Украинска Правда. Кубраков истакна дека штетата може да се санира за две години, очекувајќи странска помош за реконструкција.