Најмалку 79 деца загинаа од почетокот на агресијата врз Украина


Украина – Канцеларијата на главниот украински обвинител денеска соопшти дека од почетокот на рускиот напад врз Украина загинале најмалку 79 деца. Поголемиот број деца жртви се од регионот на Киев, Харков, Доњецк, Суми, Херсон и Житорим. Во повеќе украински градови утрово имаше експлозии, на кои им претходеа сирените за тревога. Експлозии имаше во градовите Николајев, Кроповнички […]

Србија со летовите за Москва заработува на крв, велат украинските власти


Првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепар ја обвини Србија дека ја користи војната во Украина за профит, додека британскиот весник Гардијан пишува дека Србија за богатите Руси станала „капија“ за влез во Европа, јави дописникот на МИА од Белград. Џепар на Твитер напиша дека авиокомпанијата „Ер Србија“ го удвоила бројот на […]

Израел и Украина негираат дека Бенет ги убедувал да попуштат на руските барања


Украина– Висок украински советник и израелски функционер денеска ги оспорија медиумските извештаи во кои се сугерираше дека Израел се обидел да ја убеди Украина да попушти на руските барања за време на разговорите. Израел е ангажиран во дипломатските напори со цел да запре војната во Украина. Израелскиот премиер Нафтали Бенет разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и телефонски […]

Британско разузнавање: Руските сили се поблиску до Киев, се прегрупираат


Англија – „Голем дел“ од руските сили сега се на 25 километри од центарот на градот на Киев, соопшти британското Министерство за одбрана во последниот разузнавачки извештај. Во проценката се додава дека големата руска колона северно од главниот град се распрснала – „веројатно во обид да го опколи градот“. „Тоа, исто така, може да биде обид на Русија да ја намали својата […]

Ослободени македонските камиони кои беа запленети во Украина


Вратени им се камионите и превезуваната роба на македонските транспортери кои беа запленети од украинските власти на граничниот премин „Јагодине” меѓу Украина и Полска, соопшти МНР. – По многубројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката од страна на украинските надлежни институции, на транспортерите […]

Гугл преку Андроид ќе ги предупредува Украинците на воздушни напади


  Корисниците на уреди со оперативен систем Андроид во Украина ќе добиваат предупредувања за воздушни напади пред да се случат во нивна близина, соопштија од Google. Во пост на блогот, Google ја потврди соработката со украинската влада во намерата да стави функција во системот за предупредување од воздушни напади, кој е наменет за мобилни со […]

Европската унија усвои агенда за справување со последиците од војната во Украина


 Лидерите на земјите членки на ЕУ, собрани во замокот во Версај, усвоија заедничка агенда, за преземње конкретни мерки за справување со последиците од војната во Украина. Во однос на енергетиката, ЕУ ќе дефинира „акционен план“ за излез од „руската енергетска зависност“ до 2027 година, јави дописникот на МИА. – Но, овие независни избори имаат цена. […]

Русија ја нападна и западна Украина, проширувајќи ја офанзивата


  ЛВОВ – Русија ја прошири својата воена офанзива во Украина во петокот, за првпат нападна аеродроми на запад и индустриски град на исток, додека огромната оклопна колона долго стопирана надвор од Киев повторно беше во движење во блиските шуми и градови. САД и нивните сојузници се подготвени да ги засилат своите напори за изолирање […]

Советот на Град Скопје изгласа 7 милиони денари хуманитарна помош за граѓаните на Украина


  Советот на Град Скопје вчера изгласа Одлука за давање хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари, како израз на солидарноста на скопјани за граѓаните зафатени од воениот конфликт во таа земја. На седницата Советот на Град Скопје го констатира престанокот на мандатот на досегашниот членот на Советот Мартин Попов, […]

Прв пат отворена критика за инвазијата на руската државна телевизија


  Војната на Путин против слободата на изразување во Русија се чинеше дека се распаѓа во четвртокот, откако гостите на телевизијата поддржана од Кремљ ѝ пркосеа на Москва и отворено го критикуваа бруталниот конфликт во Украина, нарекувајќи ја инвазијата „уште полоша од Авганистан“. „Дејли мејл“ пишува дека гостите одбија да го поддржат наративот на Путин […]

СЗО бара Украина да ги уништи опасните патогени да не падат во руски раце


  Светската здравствена организација ѝ препорача на Украина да уништ многу опасни патогени кои се чуваат во лабораториите во таа земја, за да спречи можно истекување. СЗО истакна дека неколку години соработувала со украинските медицински власти за да помогне во промената на безбедносните практики. „Во рамки на работата, СЗО силно му препорачува на Министерсвото за […]

САД: На Киев не му се потребни воени авиони, туку ракети за одбрана


САД оценија дека на Украина навистина не и се потребни воени авиони за да се спротивстави на руските напади, туку планираат да испратат повеќе одбранбени системи „земја-воздух“. – Авионите не се она што им е најпотребно на нашите украински партнери во моментов. Кога го анализираме уништувањето што Кремљ го прави во регионите на Украина, тоа […]

„Фејсбук“ дозволува говор на омраза кога станува збор за осуда на руската инвазија врз Украина


Фејсбук привремено ја ублажи својата политика кога станува збор за статуси што се однесуваат на руската инвазија врз Украина, но само кога станува збор за случаи на воопштен говор на насилство, за изрази како „смрт за руските напаѓачи“, не и за искажување закани против цивили. Таквата одлука на технолошкиот гигант веднаш предизвика поделени и спротивставени […]

Самит на ЕУ во Версај: „Украина е дел од нашето европско семејство“


„Без одлагање, дополнително ќе ги зајакнеме нашите врски и ќе го продлабочиме нашето партнерство за поддршка на Украина на нејзиното европско патување. Украина е дел од нашето европско семејство“, објавија лидерите во писмената декларација на маргините на европскиот самит во Версај, без сепак да ја отворат вратата за членство во ЕУ, јави дописникот на МИА. […]

Цивилни цели погодени утрово во украинскиот град Днипро


Цивилни цели се под руско гранатирање во централниот украински град Днипро утрово, при што има жртви, соопштија службите за итни случаи. Тоа е првиот директен напад врз градот. „Утрово, имаше три воздушни напади врз градот, погодени се градинка, станбена зграда и двокатна фабрика за чевли, при што избувна пожар. Едно лице загина“, се вели во […]

СЗО препорача Украина да ги уништи патогените во лабораториите


Светската здравствена организација (СЗО) препорача Украина да ги уништи опасните патогени пронајдени во лабораториите за јавно здравје во земјата за да ја спречи можноста за нивно „бегство“ и ширење на болеста меѓу населението. Експертите за биобезбедност предупредуваат дека влегувањето на руските војници во Украина и бомбардирањето на градовите го зголемиле ризикот од бегство од патогени […]

Украина: Се обидуваме да го вратиме снабдувањето со електрична енергија во Чернобил


Украинскиот министер за енергија Херман Халушенко рече дека земјата прави „се што е можно“ за да го врати снабдувањето со електрична енергија во Чернобил „што е можно поскоро“. .Изјавите на Халушенко се објавени на веб-страницата на украинското Министерство за енергетика. Министерот истакна дека е потребна електрична енергија за одржување на механизмите за ладење во складиштето […]

Макрон: Со земја во војна не може да се преговара за членство во ЕУ


 Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека условите поставени од рускиот претседател Владимир Путин за прекин на огнот во Украина „не се прифатливи за никого“. – Не гледам дипломатско решение во наредните часови, па дури и денови, им рече Макрон на новинарите во Версај пред Самитот на Европската унија, кој ќе се фокусира на руската […]

Британските карти на руските напади: Никаде не напредуваат


Британското министерство за одбрана објави нова карта на руските напади во Укарина. Со црвени стрелку означени се насоките на напад, а со испрекинати црвени стрелки означени се потенцијалните насоки на напад, ако руските трупи остварат напредок. Со црвена боја означено е подрачјето кое го контролираат Русите. Речиси и да нема напредување Кога оваа карта ќе […]

Украинските власти отвараат седум хуманитарни коридори, еден од нив од градот Мариупол


Украина соопшти дека отвора седум хуманитарни коридори, од кои еден од Мариупол, во моменти кога стигнуваат информации дека руските трупи имаат воспоставено контрола врз одредени делови на градот. Информацијата за отворањето на седумте коридори ја соопшти украинскиот-заменик премиер, додека гувернерот на Суми соопштува дека три колони со бегалци се евакуираат од градот откако е прогласен […]