Украинска армија: Тешки борби во Харков, уништено училиште


Во немилосрдното руско гранатирање во текот на ноќта погодени се куќи во североисточниот украински регион Харков, соопшти Владата во Киев. Нападот на Харков бил концентриран околу Изум и Чухуив, соопшти денеска украинската армија, додавајќи дека засега не е познат бројот на жртви. Руските „окупатори“ уништија и училиште и културен центар во градот Мерефа, но засега […]

Британија: Рускиот напредок последните денови е минимален


Руските сили на сите фронтови, на копно, на море и во воздух, последните денови остварија минимален напредок во својата инвазија на Украина, процени британската разузнавачка служба во последниот извештај. 2Украинскиот отпор останува непоколеблив и добро координиран. Голем дел од украинската територија, вклучително и сите градови и понатаму се во рацете на Украинците“, објави британското министерство […]

СБ на ОН денеска ќе одржи итна седница, посветена на хуманитарната криза во Украина


САД – За денеска е закажана итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се договорат потезите поврзани со растечката хуманитарна криза во Украина. САД, Велика Британија, Франција, Ирска, Норвешка и Албанија побараа итен состанок, соопштија дипломатски извори, поттикнати од интензивното гранатирање кое го вршат руските сили во станбените области на украинските градови […]

Институциите во Македонија се организираат за собирање помош за Украина


Институциите, претпријатијата, фирмите, стопанските комори и граѓаните од Северна Македонија од неодамна почнаа акција за собирање на хуманитарна помош за луѓето во Украина. До денес, средствата кои Црвениот крст ги собра за помош на Украина достигнаа над 2 милиона 700 илјади денари. Министерството за надворешни работи и Црвениот Крст вчера на хуманитарен настан за собирање […]

Реал Мадрид им помага на украинските бегалци


Шпанскиот фудбалски прволигаш Реал Мадрид ќе донира еден милион евра (1,1 милиони долари) за помош на бегалците од Украина, која е погодена од руската инвазија, објави денеска раководството на Ла Лига. Реал соопшти дека средствата ќе бидат донирани на Црвениот крст, Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и други хуманитарни организации, кои се активни на теренот во Украина. […]

Османи: Ги повикавме институциите да го дадат конечниот список со сместувачки капацитети за бегалци од Украина


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска посочи дека списокот со сместувачки капацитети за бегалци од Украина не е довршен бидејќи, како што посочи, постојано се прикажуваат нови капацитети од страна на институциите. – Тоа што Владата вчера на седница го одобри како список на институции кои МНР ги предложи, а ги собра како информации […]

Меѓународниот суд на правдата денеска ќе ја соопшти одлуката по тужбата на Украина за руската инвазија


Највисокиот суд на Обединетите нации се очекува денеска да донесе одлука за тужбата со која се оспорува руската инвазија врз Украина, што е прва таква пресуда на овој меѓународен суд од почетокот на војната пред речиси три недели, јави ДПА. Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг денеска ќе ја соопшти својата одлука во итната […]

Блинкен: Непристапувањето на Украина кон НАТО не е отстапка пред Русија


Непристапувањето на Украина кон Северноатлантската Алијанса не треба да се гледа како отстапка пред Русија, изјави американскиот државен секретар, Ентони Блинкен. -Не сметам дека тоа не е отстапка. Според мене, тоа е одраз на реалноста, дека и пред руската агресија Украина не можеше за брзо време да се присоедини кон НАТО, рече Блинкен во изјава […]

Украина претрпе штета над 500 милијарди долари


Украина– Премиерот на Украина, Денис Шмигал на изјави дека неговата земја од почетокот на руската инвазија претрпе штета од над 500 милијарди долари. Тој, на  вчерашната средба со лидерите на трите земји од ЕУ – Чешка, Полска и Словенија во Киев, истакна дека Русија по војната треба да плати за обновата на Украина. Шмигал додаде […]

Не се очекува зголемен прилив на бегалци од Украина во државава, Владата подготвена за можен бегалски бран


Северна Македонија не очекува зголемен прилив на бегалци од Украина, но и покрај тоа, Владата е подготвена за можен бегалски бран. Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера кажа дека во државава нема поголема динамика на влез на украински државјани како што имало пред војната и оти не очекува голем наплив украински бегалци во земјава, но, […]

МКЦК: Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија украинскиот град Суми


 Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија опколениот град Суми во североисточна Украина во операција „безбеден премин“, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). „Автобусите со ознаки на МКЦК се упатуваат кон градот Лубни во централна Украина, но можеби нема да можат да ја користат директната рута“, изјави портпаролот на МКЦК, Џејсон […]

Земјите од ЕУ издвоија 10.000 болнички кревети за Украинците


Земјите од Европската унија издвоија повеќе од 10.000 болнички кревети за Украинците, додека Франција е подготвена да ги прими своите први пациенти до крајот на неделата, изјавија денеска во Париз европската комесарка за здравство Стела Киријакидес и францускиот министер за здравство Оливие Веран. „Одвоивме повеќе од 10.000 кревети во болниците во земјите-членки за да ги […]

Речиси три милиони луѓе избегаа од борбите во Украина


САД– Речиси три недели по инвазијата на Русија врз Украина, бројот на Украинци кои избегаа во странство изнесува речиси три милиони луѓе, соопштија денеска ОН. Околу 2,95 милиони луѓе досега ја напуштиле Украина, покажаа податоците на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Таа ги базира своите планови за помош на четири милиони бегалци, но наведе […]

Парламентот на Украина ја продолжи воената состојба до 25 април


Украинскиот Парламент денеска ја продолжи воената состојба во таа земја за уште 30 дена, поточно до 25 април. Воена состојба беше воведена на 24 февруари во Украина, за период од 30 дена, откако Русија, како што се наведува, ја започна инвазијата врз Украина. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа испрати закон до Парламентот со кој […]

НАТО стравува од исцениран хемиски напад од страна на Русија во Украина


Министрите за одбрана на НАТО членките утре ќе одржат нов вонреден состанок во Брисел, тие ќе разговараат за предизвиците од руската воена операција и опасноста по земјите членки на Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел. Едно од прашањата кои редовно се појавуваат во јавноста во последните денови е можноста од напад со хемиско оружје. […]

Во Велика Британија за еден ден се пријавија 89.000 лица за згрижување украински бегалци


Британската Влада ја пушти во употреба страницата „Домови за Украина“, за сите оние кои сакаат да им бидат домаќини на бегалци, а 89.000 лица се пријавија уште првиот ден, јави Би-Би-Си. Секретарот за домување и заедници, Мајкл Гов смета дека Велика Британија има историја на „поддршка за најранливите за време на нивните најтемни часови“. На […]

Османи: Уште осум граѓани бараат да бидат евакуирани од Украина


Уште осум граѓани од кои четворица наши, а четворица украински државјани, но во роднинска врска со нашите, бараат да бидат евакуирани од Украина, информира денеска на редовниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Од 120-те мапирани и контактирани наши граѓани, околу 80 проценти се веќе евакуирани, останати се осум граѓани коишто бараат евакуација, […]

Украина сака да воспостави девет хуманитарни коридори за бегство


Украинските власти денеска изразија надеж дека ќе спасат уште повеќе цивили од нападот на руската војска, со тоа што ќе воспостават девет хуманитарни коридори за бегство, јави ДПА. Меѓу нив е и нов обид за евакуација на опколениот пристанишен град Мариупол. -Од Бердјанск, на околу 70 километри, конвој со тони помош, повторно се обидува да […]

Европа во хаос со бегалците


Европа мора да се подготви за вториот најголем мигрантски бран по седум години, затоа што во спротивно, се заканува хаос, предупредува експертот за миграции Гералд Кнаус. Кнаус, за дневникот „Клајне цајтунг“, вели дека војната во Украина предизвика огромен бран беглаци, кој по две недели, го надмина вкупниот број бегалци од просторите на поранешна Југославија за […]

Премиерите на Чешка, Полска и на Словенија денеска на состанок со Зеленски


Украина – Премиерите на Чешка, Полска и на Словенија денеска ќе патуваат за Киев, каде треба да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски, како претставници на лидерите на Европската унија. Информацијата утрово беше објавена на социјалните мрежи, од страна на чешкиот премиер Петр Фијала. – Целта на посетата е да се потврди недвосмислената поддршка на […]