Над 10.000 Украинци влегле во Франција од почетокот на руската инвазија


Франција– Над 10.000 Украинци влегоа во Франција од почетокот на руската инвазија, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен за францускиот медиум РТЛ. Министерот појасни дека украински државјани може да влезат во Франција без виза. Голем дел од оние кои влегле во државата, продолжиле кон Шпанија. – Сигурно десетици илјади Украинци ќе пристигнат во […]

Руските трупи заглавија пред Киев, расте бројот на загинати во бомбардирањето врз трговски центар


Најмалку шест лица загинаа во синоќешниот бомбашки напад врз трговски центар во главниот град на Украина, Киев. Шест тела беа положени пред трговскиот центар Ретровил во северозападната област Подилски, јавија агенциите. Нешто пред 23 часот, 10-катницата ја погоди силна експлозија, која уништи возила на паркингот и остави кратер широк неколку метри. Изгорениот трговски центар се […]

Британија: Руските сили постигнаа мал напредок во текот на изминатата недела


Британското Министерство за одбрана извести дека руските сили кои напредуваат од Крим се уште се обидуваат да го заобиколат Миколајев додека се обидуваат да се упатат на запад кон Одеса, додавајќи дека руските сили постигнале мал напредок во текот на изминатата недела. „Блокадата на украинскиот брег веројатно ќе ја влоши хуманитарната ситуација во Украина, спречувајќи […]

Моментално мала е надежта за мирно решение во Украина, вели амбасадорката на САД во ОН


Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, изјави дека во моментов мала е надежта дека преговорите би можеле да донесат окончување на војната во Украина. Таа смета дека мали се шансите за пресврт. „Ги поддржавме преговорите што Зеленски се обиде да ги одржи со Русија, велам се обиде затоа што се чини преговорите се еднострани, […]

Џонсон вети континуирана воена поддршка за Украина


Англија – Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ја продолжи воената поддршка за Украина во денешниот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Премиерот ја истакна тековната посветеност на Велика Британија да работи заедно со меѓународните партнери за да ја координира поддршката за зајакнување на самоодбраната на Украина, се наведува во соопштението на Даунинг […]

Нови мерки против Русија доколку употреби хемиско оружје


САД– Русија ќе се соочи со дополнителни мерки од САД доколку употреби хемиско оружје при нападите врз Украина, предупреди денеска американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд. – Русите се тие кои употребувале хемиско оружје и ние сме загрижени дека би можеле да го употребат истото оружје и во Украина. Бевме јасни дека ако ескалираат […]

Мики Рурк вели дека војната меѓу Русија и Украина е „кошмарен вид на сценарио“


САД- Актерот и поранешен боксер Мики Рурк зборува за руско-украинската војна, нарекувајќи ја „кошмарен вид на сценарио“ во ексклузивно интервју за Fox News Digital, и истакнува дека се моли на Бога рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на тоа.  „Уживав во Русија“, изјави Рурк за Fox News Digital за посетата на земјата пред четири […]

Досега 10 милиони луѓе ја напуштиле Украина


Швајцарија – Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Филипо Гранди објави дека досега 10 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина, како резултат на руската воена операција, што е повеќе од една четвртина од нејзиното население. – Меѓу одговорностите на оние кои се во војна, насекаде низ светот, е и страдањето на цивилите […]

Кинески заменик-министер: Санкциите кон Русија се претерани


Заменикот-министер за надворешни работи на Кина, Ле Јученг, вели дека НАТО не треба и понатаму да се шири кон исток и на тој начин да става нукеларна сила како Русија во ќош. „Санкциите кон Русија стануваат претерани“, изјави Ле Јученг во Пекинг, пренесе Ројтерс, Кина не го осуди рускиот напад на Украина, но изрази загриженост […]

Украина потврди дека руските сили нападнале складиште за ракети


Руските сили извршија ракетен напад врз складиште за ракети и муниција во населбата Дељатин во областа Ивано-Франковск во западна Украина, соопшти денеска украински воен претставник. Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат изјави дека допрва треба да се потврди дали проектилот што го користеле Русите е навистина Кинжал, најнова хиперсонична ракета или некој друг вид […]

Повеќе од 3,3 милиони бегалци ја напуштиле Украина по руската инвазија


Повеќе од 3,3 милиони бегалци ја напуштиле Украина по руската инвазија, соопштија денеска ОН додека речиси 6,5 милиони се смета дека се внатрешно раселени во државата. УНХЦР, агенцијата за бегалци на ОН, соопшти дека 3.328.692 Украинци заминале од почетокот на војната на 24 февруари, а уште 58.030 се приклучиле на егзодусот по вчерашното ажурирање. Околу […]

Украина тврди дека е убиен уште еден руски генерал


Руски генерал е убиен во украинскиот град Чернобаевка по артилериски напад, објави денеска Генералштабот на украинската армија, наведувајќи дека е убиен генерал-полковник Андреј Мордвичев, командант на 8-та армија на Јужниот воен округ на Оружените сили на Руската Федерација. Оваа информација не е потврдена, а ја објави украинската армија на својот официјален профил на Твитер. Ова […]

Страшни сцени од Миколаев: Десетици луѓе загинаа во голем ракетен напад


Страшни сцени од Миколаев: по голем ракетен напад, луѓето се затрупани под урнатините, спасувачите се обидуваат да ги извлечат. Меѓу нив има жени и деца… Според некои извори, загинале најмалку 40 луѓе. A photo report from a #Swedish media about the debris removal at the site of a rocket attack on the 79th Separate Airborne […]

Канада објави „поправено“ писмо од руски дипломат, Русија бесна


Русија ја обвини Канада за дипломатија „на ниво на градинка“ во спорот на Твитер поради објавувата од канадската мисија во Обединетите нации на социјалните мрежи. Кавгата изби поради писмо во кое руски дипломат бара поддршка за нацрт-руската резолуција за помош на Украина. Канада го објави писмото на Твитер со „предложени промени“. Рускиот дипломат тоа го […]

Мајките на руските војници да проверат дали тие се живи, повика Зеленски


Секоја мајка, која знае дека нејзиниот син е пратен во војна против Украина, мора да провери каде е тој. Особено оние, кои не можат да ги контактираат своите деца. Оние, на кои им е кажано дека нивните деца се убиени, но, не им го вратиле телото. Вака им се обрати украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на […]

Кризата во Украина ја зголеми побарувачката за оружје од американско производство


Руската инвазија врз Украина ја зголеми побарувачката во Европа за оружје од американско производство. Владите на државите од Европа до американските власти и воената индустрија веќе доставуваат списоци со нарачки на оружје, вклучувајќи дронови, ракети и противракетни системи. Германија која до довршува договорот за набавка на 35 авиони „Ф-35“ се интересира и за одбранбени системи […]

Јанша: Руската војска никогаш нема да го заземе Киев


Словенија – Руската армија никогаш нема да го заземе Киев, изјави доцна синоќа словенечкиот премиер Јанез Јанша, осврнувајќи се на впечатоците од неговиот престој во Киев, градот што во вторникот го посети заедно со полскиот и чешкиот премиер и притоа имаше и разговари со украинското раководство. Јанша за Словенечката телевизија кажа дека тоа е посета на […]

Стивен Спилберг и Кејт Кeпшоу донираа 1 милион долари за помош на Украина


САД–  Славниот режисер Стивен Спилберг и неговата сопруга, актерката Кејт Кeпшоу донираа 1 милион долари за хуманитарните организации кои работат на хуманитарната криза од војната во Украина. Парите ќе бидат поделени меѓу полскиот Црвен крст, Полската хуманитарна акција, Светската централна кујна, Хебрејското здружение за помош на имигрантите и Фондот за итна акција, според портпаролот. Спилберг […]

Грција отвора трет центар за прием на бегалци од Украина


 Министерството за миграција и азил на Грција соопшти дека одново ќе го отвори прифатниот центар Елефсина во близина на Атина, но сега, ќе биде наменет исклучиво за прием и сместување на раселените лица од Украина, јави дописничката на МИА од Атина. Центарот е со капацитет да прими 150 лица, а е трет по ред што […]

Во Гермaнија има повеќе од 187 илјади бегалци од Украина


Германија–   Повеќе од 187.000 бегалци кои бегаат од војната во Украина пристигнале во Германија по руската инвазија на Украина пред три недели, соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Германската полиција до денеска евидентирала 187.428 бегалци, главно жени, деца и постари лица, соопшти Министерството. Во Шпанија досега се регистрирани и околу 4.500 украински бегалци, иако реалната […]