Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Самитот во Швајцарија за мир во Украина


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на покана на претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, денеска и утре во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина. Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има обраќање на самитот и да оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот, информира претседателскиот Кабинет. […]

Во Швајцарија се одржува дводневна мировна конференција за Украина


Во Швајцарија денеска почнува дводневна мировна конференција за Украина на која ќе учествуваат високи претставници на околу сто земји и на меѓународни организации. На конференцијата ќе се разговара за различни прашања, меѓу кои за извозот на жито од Украина, безбедноста на нуклеарната централа Запорожје, што е под руска контрола, како и хуманитарни прашања како што […]

Путин: Во Украина се борат речиси 700.000 руски војници


Рускиот претседател Владимир Путин денеска на телевизија изјави дека речиси 700.000 руски воен персонал моментално учествуваат во офанзивата во Украина, пренесоа француските медиуми. -Имаме речиси 700.000 луѓе (во областа на специјалната воена операција), рече Путин на телевизискиот состанок со војниците наградени за нивните воени подвизи. Во декември минатата година рускиот претседател изјави дека војската вклучена […]

Лидерите на Г7 ветија воена и финансиска помош за Украина онолку долго колку што е потребно


Лидерите на земјите од Г7 ветија дека ќе продолжат со воена, финансиска и хуманитарна помош за Украина, се наведува во завршната изјава од самитот на седумте најразвиени земји во Италија, што беше објавена денеска. -Ја потврдуваме нашата континуирана поддршка за Украина, онолку долго колку што е потребно. Заедно со меѓународните партнери, посветени сме да продолжиме […]

Што бара Путин од Украинците за да ја прекине војната: Повлекување од територија со големина на Словенија


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да започне преговори со Украина во секое време, но под услов нивната војска да се повлече од четирите региони. Путин рече дека Русија ќе биде подготвена за мир „утре“ доколку украинските трупи се повлечат од регионите Запорожје, Керсон, Доњецк и Луганск и ако Украина се откаже […]

НАТО усвои план за долгорочна помош за Украина


Министрите за одбрана на државите од НАТО го одобрија денеска планот за долгорочно снабдување со воена опрема и обука на Украина, соопшти по состанокот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Тој додаде дека оваа помош за Украина ќе биде спроведена од американската воена база во германскиот град Визбаден и ќе вклучува персонал од 700 луѓе. […]

Путин ќе ја запре војната ако Украина се откаже од НАТО и од анектираните територии


  Рускиот претседател Владимир Путин во петокот вети дека „веднаш“ ќе нареди прекин на огнот во Украина и ќе започне преговори, доколку Киев почне да ги повлекува трупите од четирите региони кои ги анектираше Москва во 2022 година и се откаже од плановите за приклучување кон НАТО. Ваквиот договор се чини дека не е почеток […]

Самитот за Украина ги привлече светските лидери, но нема да ја изолира Русија


Светските лидери ќе му се придружат на украинскиот претседател Володимир Зеленски овој викенд на самит на кој ќе се истражат опциите за ставање крај на најкрвавиот конфликт во Европа од Втората светска војна, но Русија не е поканета и настанот нема да ја исполни целта на Киев да ја изолира Москва. Американската потпретседателка Камала Харис, […]

Украинска армија соборила седум проектили и 17 руски беспилотни летала


Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во ноќниот напад. Силите за воздушна одбрана соборија седум од 10 крстосувачки ракети Kh-101/Kh-555. Во својот напад, Русија лансираше и три балистички ракети Искандер-М и една балистичка ракета Кинжал лансирана од воздух. Украинската армија собори цели […]

Министрите за одбрана на НАТО во очекување да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина


Се очекува министрите за одбрана на земјите од НАТО денеска да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина – на вториот ден од нивниот состанок во Брисел, јави ДПА, повикувајќи се на свои извори. Досега, сојузниците ја координираа својата поддршка за поранешната советска република преку неофицијална контакт група предводена од САД. Земјите од НАТО разговараат […]

На средбата на Г-7 Велика Британија ќе објави помош од 310 милиони долари за Украина


Британскиот премиер Риши Сунак на состанокот на Г-7 ќе објави помош за Украина во вредност од околу 242 милиони фунти (309,69 милиони долари). Средствата се наменети за задоволување на најитните потреби на источноевропската земја во области како што се хуманитарните и енергетските. Ова го соопшти кабинетот на британскиот премиер. „Мораме да бидеме одлучни и креативни […]

Продолжува посетата на Сиљановска-Давкова на Берлин на Конференцијата за обнова на Украина


 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја продолжува посетата на Берлин, Сојузна Република Германија, каде што учествува на Конференцијата за обнова на Украина. На конференцијата, чии домаќини се германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, учествуваат шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, на бизнисот и на граѓанскиот сектор. Сиљановска Давкова вчера се […]

Украинските вооружени сили назначија командант на Силите за беспилотни системи


Украинската војска објави назначување на командант на силите на беспилотните системи, нагласувајќи ја важноста на беспилотните летала во војувањето, како што претседателот Володимир Зеленски и другите лидери постојано нагласуваат за време на 27-месечната војна против Русија. Во соопштението од ГШ на вооружените сили се вели дека по наредба на министерот за одбрана Рустем Умеров на […]

Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Конференција за обнова на Украина во Берлин


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска и утре во Берлин, Сојузна Република Германија, ќе учествува на Конференцијата за обнова на Украина, соопшти претседателскиот Кабинет. На конференцијата, чии домаќини се германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, е предвидено учество на шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, на бизнис и граѓанскиот сектор. […]

Шефот на украинската агенција за обнова поднесе оставка


Шефот на Државната агенција за обнова и развој на инфраструктурата на Украина, Мустафа Најем денеска поднесе оставка. „Сам ја донесов одлуката поради системски пречки кои не ми дозволуваат да продолжам ефикасно да ги извршувам моите овластувања“, рече Најем на својот канал Телеграм. Според неговите зборови, од ноември минатата година, тимот на Агенцијата почнал да се […]

Швајцарскиот самит за Украина подготвен да го пробие патот кон мир


Швајцарија ќе организира конференција за Украина претстојниот викенд, при што светските лидери ќе разговараат за тоа како да се постигне евентуален мировен процес, иако Русија нема да учествува. Собирот доаѓа веднаш по самитот на Г7 во јужна Италија, што ќе трае од четврток до сабота, за време на кој богатите демократии ќе разговараат и за […]

Писонеро: Украина и Молдавија ги исполнија условите за старт на преговорите за членство во ЕУ


Европската комисија донесе одлука да ги извести земјите членки на ЕУ дека Украина и Молдавија ги презедоа сите неопходни чекори за отпочнување на преговорите за членство во Унијата, информира денеска портпаролката на ЕК за проширување и соседска политика, Ана Писонеро.  Таа додаде дека прашањето за започнување на преговарачкиот процес со Украина и Молдавија е на […]

Русите започнаа масовни напади; Полска ги подигна авионите Ф-16


Како што пренесуваат светските агенции, руските сили ја бомбардирале Украина со ракети камикази и беспилотни летала. Според извештаите, руските сили ја напаѓаат украинската армија на речиси целата линија на фронтот, концентрирајќи ги своите напори на правците Купјан и Покровски, соопшти претходно украинскиот Генералштаб. Наведено е и дека Украина во текот на ноќта била масовно нападната […]

Руски напади во западните региони на Украина


 Руските сили синоќа извршиле голем напад врз Украина, главно во западните региони, со дронови камикази и ракети, а по нападот избувна пожар во индустриски објект во регионот Киев, пренесуваат украинските медиуми. Руските сили лансираа вкупно 53 нападни дронови Шахед-131/136, од кои 48 беа соборени, соопшти на Телеграм командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на […]

Русија ѝ се закани на Франција


Русија вчера одговори со нова закана за ескалација по извештаите дека Франција наскоро би можела да испрати инструктори да ѝ помогнат на украинската армија. „Ниту еден инструктор вклучен во обуката на украинската армија нема имунитет“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе АФП. „Не е важно дали се Французи или не“, додаде тој. Минатата недела, […]