ЕУ ги враќа квотите и давачките за увоз на шеќер и јајца од Украина


Европската комисија соопшти дека од денеска повеќе на важи одлуката со која увозот на шеќер и јајца од Украина во ЕУ беше ослободен од давачки и квоти, од причина што увезените количества на овие две стоки ги надминаа нивоата утврдени со Регулативата за трговските повластици за Киев.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, […]

Мажите бегаат од Украина за да го избегнат фронтот: „Не сум создаден за војна“


Дмитро едвај ја чека есента, кога му ветиле бегство од Украина. Во текот на изминатиот месец, 31-годишниот фотограф од Харков, вториот по големина град во Украина, беше заробен во својот стан и ретко излегува. Тој сака да избегне да биде регрутиран во војска. „Сакам да ја напуштам земјата. Не поднесувам повеќе да бидам заробен овде“, […]

Министерство за одбрана на Украина: Уништен руски центар за вселенски надзор на Крим


Министерството за одбрана на Украина денеска потврди дека украинските одбранбени сили го уништиле рускиот центар за вселенски надзор и комуникација на Крим, кој е под контрола на Русија. Во соопштението се наведува дека Центарот за вселенски надзор и комуникации на Крим е важна воена компонента во сателитскиот комуникациски и навигациски систем за Русите. „Покрај тоа, […]

Украина ќе потпише безбедносен договор со ЕУ


Украина ќе потпише безбедносен договор со Европската унија, соопшти денеска претседателот Володимир Зеленски, јави ДПА. Зеленски во пост на платформата Х, пред неговото пристигнување на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, напиша дека договорот е важен чекор кон „историската цел на Украина за мир и просперитет во ЕУ“. ДПА појаснува дека договорот меѓу ЕУ […]

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ


Украина доби 1,9 милијарди евра безусловна финансиска помош од ЕУ, што придонесува за одржување на макроекономската стабилност и финансирање на приоритетните буџетски потреби, соопшти украинското Министерство за финансии. „Државниот буџет на Украина доби транша од безусловно финансирање во износ од 1,9 милијарди евра од Европската унија. Средствата беа обезбедени од финансиски инструменти на ЕУ од […]

Утрешниот состанок на Европскиот совет ќе започне со дискусија за воената помош за Украина


Шефовите на држави и влади на земјите од Европската унија, кои утре се среќаваат на дводневен состанок во Брисел, ќе го започнат состанокот со разговори за воената помош за Украина со претседателот Володимир Зеленски, според поканата испратена од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел до лидерите на ЕУ. -Нашиот состанок ќе започне в четврток, на […]

Украина се надева дека ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година


Украинската вицепремиерка Олга Стефанишина изрази очекување дека нејзината земја ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година. Стефанишина денеска разговараше со новинарите во Луксембург, каде што учествуваше на отворањето на пристапните преговори. Според неа, доколку ЕК е подготвена, преговорите може да завршат и порано. На прашањето дали очекува пречки од Унгарија, таа изрази […]

Зеленски по повод отворањето на пристапните преговори со ЕУ: Историски ден за Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изрази задоволство од официјалното отворање на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија, велејќи дека тоа е „историски ден“ за земјата што е борба против руската инвазија. -Денеска е историски ден. Никогаш нема да дозволиме да скршнеме од патот кон обединета Европа, кон нашиот заеднички дом на сите европски […]

Првата пратка муниција во рамки на чешката иницијатива пристигна во Украина


Првата пратка муниција во рамки на чешката иницијатива за набавка на артилериска муниција пристигна во Украина, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фијала. „Првата пратка муниција од нашата иницијатива пристигна во Украина пред извесно време. Ние го правиме тоа што е потребно“, објави Фијала на платформата Икс. Чешката Република во мај објави дека првите 50.000 до […]

Кога тие ќе се појават на улица, Украинците бегаат од страв. „Никој не сака да умре“


„Добро ден, ТЗК – ве молиме вашите документи“. Олександр Крајчук и неговите колеги ја кажуваат оваа реченица безброј пати на ден. Тие патролираат по улиците на Харков и им се обраќаат на мажите на возраст за воена служба. Еден млад човек кој беше запрен има 22 години. Тој е студент и премногу млад за да […]

Белорусија почна големи воени вежби во близина на Полска, Украина и Русија


 Белорусија почна големи воени маневри во два нејзини јужни региони – Брестка, која граничи со Полска и Украина и Гомелска, која граничи со Русија и Украина, јави ДПА. Министерството за одбрана во Минск не даде информации за бројот на мобилизирани војници и опрема, но соопшти дека се вклучени оперативни командни единици, специјални сили, ракетни трупи, […]

Во вторник ЕУ ги почнува преговорите со Украина и со Молдавија


Дваесет и седумте земји на ЕУ потврдија дека пристапните преговори со Украина и Молдавија ќе започнат во вторник, соопшти белгиското претседателство со ЕУ . На состанокот во Луксембург, министрите за финансии на ЕУ формално усвоија преговарачка рамка со двете земји кандидати, потврдувајќи го начелниот договор постигнат од нивните претставници минатата недела. Тој договор овозможува преговорите […]

ЕУ ги продолжи санкциите воведени поради руската анексија на Крим за уште една година


Советот на ЕУ денеска донесе одлука за продолжување на санкциите воведени како одговор на илегалната анексија на Крим и градот Севастопол од страна на Русија до 23 јуни 2025 година.  Рестриктивни мерки кон Русија во врска со анексијата првпат беа воведени во јуни 2014 година и тие вклучуваат забрани за увоз во ЕУ на производи […]

Поддршка за територијалниот интегритет на Украина, некои земји не ја потпишаа декларацијата


 Претставници на 80 земји и на пет организации кои присуствуваа на мировната конференција за Украина во Швајцарија денеска потпишаа декларација во која се наведува дека „територијалниот интегритет“ на Украина е основа за секој мировен договор што ќе стави крај на војната. Во заедничката изјава се потенцира дека мирот може да биде постигнат само со учество […]

Декларација: Територијалниот интегритет на Украина мора да биде основа на мирот


Претставници на повеќе од 80 земји кои присуствуваа на мировната конференција за Украина во Швајцарија денеска потпишаа декларација во која се наведува дека „територијалниот интегритет“ на Украина е основа за секој мировен договор што ќе стави крај на војната. Со заедничката декларација заврши дводневната конференција на која не присуствуваше претставник на Русија. Според аналитичарите дводневната […]

Сиљановска-Давкова на мировниот самит за Украина повика на почитување на меѓународното право и принципи, без исклучок


Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова истакнала дека тековната војна во Украина нè засега сите нас. Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, таа оценила дека Украина е изложена на огромно човечко страдање и уништување, […]

Сиљановска-Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем


Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, пред почетокот на денешната пленарна сесија на Самитот за мир во Украина, што се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија, на која треба да има свое обраќање, изјавила дека една од најважните пораки е дека кон војната во Украина треба да се однесуваме не како кон украински проблем, […]

Нацрт-комуникето од конференцијата во Швајцарија повикува на почитување на територијалниот интегритет на Украина


Во нацрт-комуникето од мировната конференција во Украина викендов во Швајцарија се повикува на почитување на територијалниот интегритет на Украина и се споменува војната на Русија против Киев, објави Ројтерс, кој го виде нацртот на документот, пренесе БТА. За конечната верзија на текстот ќе се разговара денеска. Нацртот што го виде Ројтерс е датиран на 13 […]

Светските лидери разговараат за украинскиот мировен патоказ. Русија е забележливо отсутна


Десетици светски лидери се собраа во саботата во швајцарското одморалиште за да разговараат за тоа како да се донесе мир во опустошената од војна Украина, иако сите надежи за вистински пробив беа пригушени поради отсуството на Русија. Три години по војната, страните остануваат оддалечени како што некогаш биле, при што Киев се држи до своите […]

Харис најави нова помош за Украина од 1,5 милијарди долари


Потпретседателката на САД, Камала Харис денеска најави нова помош за Украина во висина од 1,5 милијарди долари. Харис, која е меѓу учесниците на дводневната мировна конференција во швајцарското одморалиште Бургеншток, истакна дека 500 милиони долари се наменети за енергетскиот сектор на Украина. Помошта е наменета и за хуманитарни цели.