Помошта за Украина на агендата на новата средба во Рамштајн


 Сојузниците на Украина и претседателот Володимир Зеленски ќе имаат денеска средба во американската воена воздухопловна база Рамштајн во Германија за да разговараат за континуираната поддршка за Киев во   војната со Русија. Рамштајн е најголемата воздухопловна база надвор од СAД и беше домаќин на слични состаноци откако Русија ја нападна Украина пред речиси три години. Американскиот […]

Руските сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина


 Руските вооружени сили нападнаа воени аеродроми и складишта за оружје во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека во нападите е оштетена инфраструктурата на воените аеродроми, магацините за оружје, како и објекти за обука и лансирање на беспилотни летала. Руските системи за противвоздушна одбрана, како што се истакнува, собориле наведувана бомба […]

Словачка ќе продолжи да испорачува струја во Украина и покрај спорот за гасот


Словачкиот државен електроенергетски оператор СЕПС најави дека ќе продолжи да испорачува електрична енергија во Украина и покрај спорот околу одлуката на Киев да го прекине транзитот на руски природен гас за Словачка. СЕПС за чешката новинска агенција ЧТК изјави дека ќе ги почитува договорите што ги има со украинската компанија Укренерго. Украина користи електрична енергија […]

Зеленски најави план без преседан во историјата на војувањето. Се остварува и ја менува војната


На крајот на 2023 година, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави амбиција невидена во историјата на војувањето: Украина ќе обезбеди еден милион дронови FPV во следната календарска година. Објавата, која уследи по разочарувањата на бојното поле и доцнењата во испораката на оружје од САД, ја стави оваа необична нова класа на оружје во првите редови на […]

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад, без ниту еден човек. Ја добија битката!


Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези до летачки борбени беспилотни летала. Тие ги нападнаа руските позиции во областа Харкив, на северот на Украина и победија. „Станува збор за десетици единици роботска и беспилотна опрема истовремено на мал дел од фронтот“, објасни […]

Украинците за првпат заробија севернокорејски војник


Припадници на украинските специјални сили вчера заробија севернокорејски војник во битки со руските сили во областа Курск. Оваа информација доцна синоќа се прошири преку проукраинските канали на социјалните мрежи, а утринава ја потврди и јужнокорејската разузнавачка агенција. Се верува дека војникот е првиот севернокорејски воен затвореник заробен од декември, кога Пјонгјанг испрати свои војници во […]

Дончиќ неизвесен за натпреварот со Минесота


Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ може да го пропушти божиќниот натпревар против Минесота. Според „ESPN“, 25-годишниот Словенец може да го пропушти натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Тимбервулфс. Тој претходно пропушти два натпревари поради повреда на петицата, иако играше во понеделникот против Портланд. Дончиќ сезонава играше на 21 натпревар во НБА лигата, […]

Голем напад на Русија врз енергетската инфраструктура на Украина, тројца ранети во Харков


Министерот за енергетика на Украина Герман Галушченко денеска преку Фејсбук објава информираше дека Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на земјата. Галушченко додаде дека компанијата за управување со енергетската мрежа го ограничила снабдувањето со електрична енергија за да се минимизираат штетите. Руските напади врз енергетската мрежа на Украина се засилија во пролетта, предизвикувајќи штети на […]

Украински функционер: Европски контингент може да биде една од гаранциите за иден мир


Распоредување европски воен контингент во Украина може да биде „една од гаранциите“ за идниот мир со Русија, изјави денеска неименуван висок украински функционер за АФП, додека прашањето се повеќе се споменува во Европа, јави Бета. – Претпоставуваме дека прекин на огнот нема да биде доволен за да се реши проблемот. (Рускиот претседател Владимир) Путин секогаш […]

Франција и Полска разговараат за испраќање 40.000 европски војници во Украина


  Европа активно ги разгледува плановите за мирно решение во Украина, стравувајќи дека новиот американски претседател Доналд Трамп би можел да му наметне неповолни услови на Киев за решавање на конфликтот. Во таа насока, сѐ почесто се поставува прашањето за распоредување на западен контингент по прекинот на огнот за да се гарантира безбедноста на Украина. […]

САД подготвуваат нова воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари


САД подготвуваат пакет од дополнителна воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари, соопштија синоќа од Стејт департментот. Износот е речиси половина од преостанатите 2,21 милијарда долари во рамките на Иницијативата за помош за безбедност на Украина (УСАИ).   Средствата од УСАИ ќе бидат насочени кон набавка на муниција за високомобилните артилериски ракетни […]

Трамп: Украина не треба да очекува ист обем на воена помош од САД како во времето на Бајден


 По промената на власта во Вашингтон, Киев не би требало да смета на истиот обем на воена помош кој беше достапен за време на администрацијата на Џозеф Бајден, рече новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за Ен-Би-Си Њуз. Тој, меѓу другото, истакна дека Украина „веројатно“ треба да очекува дека поддршката од САД ќе се […]

Украинската делегација имала разговор со советникот на Трамп


Украинска делегација синоќа се сретна со високи претставници на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјави за американски медиуми извор запознаен со состанокот. Делегацијата ја предводеше Андриј Јермак, близок соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. -Состанокот се одржал во Вашингтон со советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Волц и неговиот пратеник во Украина Кит Келог, изјави […]

Три плана на сојузниците на Трамп за завршување на војната во Украина


  Доналд Трамп сè уште нема развиено конкретни предлози за решавање на војната во Украина. Но, неговите сојузници и советници разговараа за неколку идеи јавно и приватно, вклучително и меѓусебно и со самиот Трамп. Тие имаат некои заеднички елементи, пренесува Ројтерс врз основа на анализа на изјави и разговори со неколку луѓе блиски до новоизбраниот […]

Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство


Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина извршила тестови на нови ракети од сопствено производство. Зеленски во „Телеграм“ напиша дека добил извештаи од војската за резултатите од ракетните тестови. „Можеме да им се заблагодариме на нашите украински производители на ракети. Го забрзуваме производството“, рече Зеленски, без да даде детали. „Одржав состанок со Генералштабот. Главното прашање […]

Украина преговара за намалување на возраста за мобилизација на 18 години


Украина разговара со своите партнери за намалување на старосната граница за мобилизација, но тоа не е тензична тема во преговорите, пишува УНН. Министерството за надворешни работи на Украина го истакна проблемот со недостигот на оружје за веќе мобилизираните, а не потребата од дополнителна мобилизација. Украина разговараше со своите партнери за намалување на старосната граница за […]

МААЕ: Три оперативни нуклеарни централи во Украина го намалија производството по руските напади


Три оперативни нуклеарни централи во Украина го намалија производството на електрична енергија по најновите напади врз енергетската инфраструктура, што дополнително ја зголеми заканата за нуклеарната безбедност на земјата, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Мариано Гроси. „По вторпат за помалку од две недели, електраните „Хмелницки“, „Ривне“ и во Јужноукраинската централа […]

Стотици илјади без струја во Украина по денешните руски напади


Руските напади во текот на ноќта оставија стотици илјади Украинци без струја, соопштија регионалните власти денеска, откако Киев предупреди за „масовен“ руски напад врз украинската енергетска инфраструктура. „Досега, 523.000 претплатници во регионот Лавов се без струја“, објави регионалниот шеф Максим Козицки на социјалните мрежи. Властите соопштија дека 280.000 луѓе немаат струја во западниот регион Ривне […]

Украинскиот енергетски сектор утрово е „под голем непријателски напад“


Енергетската инфраструктура на Украина утрово е „под голем непријателски напад“ објави министерот за енергетика на земјата, откако беше прогласена тревога за воздушен напад низ целата држава. „Уште еднаш, енергетскиот сектор е под голем непријателски напад. Напади врз енергетски објекти се извршуваат низ Украина“, објави Герман Галушченко на Фејсбук. Тој додаде дека операторот на националната електрична […]

НАТО ја потврди својата поддршка за Украина


Во Брисел денеска се одржа состанок на Советот НАТО-Украина (НУЦ) на кој амбасадорите разговараа за безбедносната ситуација во Украина по руското лансирање на експериментална балистичка ракета со среден дострел (ИРБМ) минатата недела. Високи украински воени претставници го информираа Советот преку видео врска, соопшти Алијансата. За време на состанокот, сојузниците на НАТО ја потврдија својата поддршка […]