Преговорите за ставање крај на војната во Украина ќе започнат утре во Ријад


Преговорите за ставање крај на војната во Украина ќе започнат на 18 февруари во Ријад, со учество на официјална руска делегација, објави синоќа рускиот весник „Комерсант“. Весникот не објави кои ќе бидат членовите на руската делегација во преговорите во Саудиска Арабија, наведувајќи дека на Телеграм се појавиле информации за подготовки на рускиот министер за надворешни […]

Европските лидери ќе се сретнат за Украина в понеделник во Париз


Францускиот претседател Емануел Макрон ги покани европските лидери на состанок во Париз в понеделник, изјави денеска во Минхен полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, во време кога дипломатските иницијативи на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина ги загрижуваат партнерите на земјата. „Полскиот премиер Доналд Туск в понеделник ќе отпатува на состанок на европските лидери […]

ФТ: САД побараа од Европа да подготви предлози за безбедносни гаранции за Украина


САД побараа од европските земји да предложат какви безбедносни гаранции можат да придонесат за Украина, изјавија четири европски извори, јави ФТ. Изворите рекоа дека САД испратиле документ во кој се поставуваат прашања за можните придонеси од војниците, додека два извори велат дека документот бил испратен претходно оваа недела. „Фајненшл тајмс“ најпрвин објави дека Вашингтон побарал […]

„Еурактив“: Понижување на Европа


По сите најави во последните години околу „стратешката автономија“ и геополитичкото влијание на ЕУ, оваа недела и официјално видовме колку навистина Европа е мала на глобалната сцена, се наведува во коментар на бриселскиот портал „Еурактив“ во врска со последните случувања околу Украина.  Според авторот на коментарот, колку е Европа мала, станува јасно ако се види […]

Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД


Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без американска поддршка, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по одделните телефонски разговори оваа недела меѓу американскиот претседател Доналд Трамп со него и со рускиот претседател Владимир Путин. „Веројатно ќе биде многу, многу тешко. Се разбира, во сите тешки ситуации имате шанса, но ние ќе имаме […]

Путин постигна голема победа, но не на бојното поле


  За претседателот Владимир Путин, еден телефонски повик означи пресвртница голема како и секоја битка во неговата тригодишна војна. Во долгиот разговор во средата, претседателот Трамп му испрати порака на Путин во која се опфатени голем дел од тоа како рускиот лидер го гледа денешниот свет: дека Русија и САД се две големи држави кои […]

Се либерализира билатералниот транспорт и транзит на стока со Украина, ќе се одвива без дозволи


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри на Украина, соопшти Министерство за транспорт. Двајцата потпретседатели во име на владите на двете земји го потпишале Протоколот за измена на Спогодбата меѓу Македонија и Украина за меѓународниот патен превоз на […]

Зеленски: Тимот на Трамп пристигнува во Украина – се бара начин да заврши војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека „сериозни“ членови на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посетат Украина за прв пат оваа недела, бидејќи се интензивираат дипломатските напори за ставање крај на војната со Русија. Зеленски рече дека посетата ќе се случи пред Минхенската безбедносна конференција, која ќе трае од 14 до […]

Трамп рече дека разговарал со Путин за крај на војната во Украина


  Доналд Трамп изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за преговарачкиот крај на тригодишната руско-украинска војна, што укажало дека руските преговарачи сакаат да се сретнат со американските колеги. Трамп за „Њујорк пост“ изјави дека разговарал со Путин, истакнувајќи дека „подобро да не кажам“ само колку пати. Во коментарите за медиумот во петокот на […]

САД се откажаа од претседавањето со идната средба на „Рамштајн“, контактната група за Украина


Следната средба на контактната група за Украина во форматот „Рамштајн“, планирана за 12 февруари во Брисел, за првпат нема да биде предводена од САД, објави денеска лондонски „Тајмс“ повикувајќи се на свои извори. Според нив, администрацијата на претседателот Доналд Трамп побарала од Џон Хили, британски министер за одбрана, претседателството со групата да го преземе Велика […]

Администрацијата на Трамп ја распушта работната група насочена кон руските олигарси


Американското Министерство за правда ги прекинува напорите, започнати по руската инвазија на Украина во 2022 година, за воведување санкции на олигарсите блиски до Кремљ. Меморандумот од државниот обвинител Пем Бонди, вели дека работната група КлептоКепчар ќе прекине како дел од промената на фокусот кон борбата против нарко-картелите и меѓународните банди. „Оваа политика бара фундаментална промена […]

Украина доби француски борбени авиони „Мираж“ и холандски ловци „Ф-16“


Франција денеска и ги испорача на Украина првите борбени авиони „Мираж“, а, исто така, денеска од Холандија доби и борбени ловци „ Ф-16“, објавија официјални лица во Киев. Францускиот претседател Емануел Макрон во јуни минатата година вети дека украински пилоти ќе бидат обучени за управување со авионите „Мираж 2000“, што беше чекор напред во воената […]

Руски лекар дезертер за Донбас: Таму никој не нè чека како ослободители, нè мразат!


Руски лекар, кој дезертирал од руската армија и бара азил во Франција, даде живописен приказ за мрачните услови на линијата на рускиот фронт во Украина, за бруталноста на руските команданти и за заканите со кои се соочуваат руските трупи. 40-годишниот Алексеј Жиљаев од Мурино во близина на Санкт Петербург дезертирал од руската војска во август […]

Како Бајден ги урна шансите на Украина за подобра одбрана?


ДНИПРОПЕТРОВСКА ОБЛАСТ, Украина – Поминаа неколку месеци откако украинскиот баталјон стациониран на замрзнатата, разбиена линија на фронтот доби нов оклопен транспортер за да ги одведе луѓето напред, да снабдува муниција и да ги евакуира ранетите. Баталјонот и другите слични на него се крајната точка во сложениот синџир што ја движи американската воена опрема на фронтот […]

Франција ги повикала западните министри за надворешни работи на разговори за Украина


Франција ги покани министрите за надворешни работи на Украина, Германија, Полска, Италија, Шпанија, Обединетото Кралство и Европската унија, како и новиот американски државен секретар Марк Рубио, на состанок за Украина на 12 февруари, информираат дипломатски извори. Се уште не е познато дали новиот американски државен секретар Марко Рубио ќе присуствува на овие разговори, дознава „Ројтерс“ […]

Трет пат за една година Зеленски го менува командантот на украинските сили на источниот фронт


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го смени по трет пат за помалку од една година командантот на клучната воена формација одговорна за заштита на источниот центар Покровск, за кој има зголемен ризик да падне во рацете на руските сили, јавија британските медиуми. Во своето редовно видео обраќање до сонародниците Зеленски синоќа рече дека командантот на копнените […]

ЕУ ќе и обезбеди на Украина финансиска помош од 35 милијарди евра


Во 2025 година, Европската унија ќе и обезбеди на Украина 35 милијарди евра финансиска помош како дел од кредитната иницијатива Г7 ЕРА и програмата „Украински средства“, најави потпретседателот на Европската комисија и европски комесар за трговија Валдис Домбровскис. „ЕУ ќе обезбеди финансиска поддршка на Украина преку кредитната иницијатива Г7 ЕРА и помош за Украина во […]

Израел и нуди на Украина ракети и оружје запленети од Хезболах


Украинската амбасада во Израел објави дека се водат разговори за пренос на заробеното оружје на Хезболах на украинските сили, со што Израел значително ќе ги поддржи украинските воени напори за прв пат од почетокот на руската агресија. Израел предложи да се пренесе оружјето од руско производство, запленето од израелската војска во Либан на украинските сили. […]

Украинците заробиле севернокорејски војници, ги испрашуваат во Киев


Украинските војници заробиле севернокорејски војници во Курскиот регион, во Русија, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Тоа се двајца војници кои, и покрај повредите, преживеаја. Тие беа пренесени во Киев и разговараат со истражителите на Службата за безбедност на Украина. Тоа не беше лесна задача: обично Русите и другите севернокорејски војници ги убиваат своите другари и […]

ЕУ ѝ исплати три милијарди евра на Украина


Европската Унија денеска и исплати три милијарди евра на Украина, како прва транша од уделот на ЕУ во заемот договорен во рамки на Г7.  Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, овие средства ќе и дадат финансиска моќ на Украина да продолжи да се бори за својата слобода и да надвладее.  – Речиси […]