УЕФА почна истрага против претседателот на ПСЖ
УЕФА отвори дисциплинска постапка против претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келафи, поради непримерно однесување по елиминацијата од Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ). Реал во средата на „Сантијаго Бернабе“ го совлада ПСЖ 3-1 и ја надомести негативата од 0-1 од првиот натпревар во Париз со што обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи […]