УЕФА ја исфрли Осасуна од Европа поради местење натпревари


Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја исфрли Осасуна од европските клупски натпреварувања за претстојната сезона, објави синоќа шпанскиот клуб. Осасуна е исфрлена од Европа бидејќи нејзиното поранешно клупско раководство е осудено за местење натпревари во шпанското првенство во 2014 година. Клубот од Памплона, кој избори пласман во Конференциската лига на УЕФА за сезоната 2023/24, најави дека […]

Севиља го потврди епитетот „кралица на Лига Европа“ во драматично финале против Рома


Севилја вечерва ја победи Рома во финалниот натпревар од Лигата на Европа. Средбата се одржа на „Пушкаш арена“ во Будимпешта (Унгарија). Во 35. минута, Пауло Дибала го отвори резултатот. Неговиот гол беше единствен во првото полувреме. На почетокот на вториот дел од средбата, дефанзивецот на италијанскиот клуб Џанлука Манчини по центаршут од десното крило ја […]

УЕФА сака да воведе ограничување на платите на играчите


 Претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин зборуваше за плановите за воведување ограничување на платите во Европа. – Изненадувачки, сите се согласуваат. Клубови големи и мали, владини тимови, клубови во сопственост на милијардери, сите се согласуваат. Во иднина треба сериозно да размислуваме за лимитот на платата. Ако буџетите вртоглаво растат, тогаш конкурентниот биланс станува проблем. […]

Над 100 европарламентарци бараат УЕФА да ја исфрли Белорусија од евроквалификациите


 Повеќе од 100 претставници во Европскиот парламент преку писмо го повикаа денеска претседател на УЕФА, Александар Чеферин, да ја исклучи Белорусија од квалификациите за ЕУРО 2024 кои стартуваат идната недела. Барањето е мотивирано од белоруската поддршка на агресијата врз Украина поради која УЕФА претходно ги исклучи руските репрезентации и клубови од сите европски натпреварувања. Белорусија во квалификациите за ЕУРО2024 е во група со Швајцарија, Израел, […]

УЕФА на 20 илјади навивачи на Ливерпул ќе им ги врати парите за влезници за финалето на ЛШ


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе обесштети 19.618 навивачи на Ливерпул за финалето од Лигата на шампионите. Да потсетиме дека на финалето на Лигата на шампионите во 2022 година, во кое играа Ливерпул и Реал Мадрид, во Париз, почетокот на натпреварот доцнеше 36 минути поради организациски проблеми. Најпрво, УЕФА и францускиот министер за внатрешни работи Жералд […]

УЕФА го премести финалето на Суперкупот од Русија во Грција и воведе измени во Лигата на нации


  Атина на место на рускиот град Казањ ќе биде домаќин на Суперкупот за оваа сезона, одлучи денеска УЕФА на состанокот на Извршниот одбор на Нион на кој воведе и измени во системот на натпреварување во Лигата на нации и во квалификациите за пласман на европските и светските првенства почнувајќи од следниот циклус. Од следното […]

УЕФА може да го исфрли Јувентус од сите европски натпреварувања


Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус може да се соочи со драконска казна поради финансиските малверзации поврзани со трансфери на своите играчи и да биде исфрлен од УЕФА од сите европски натпреварувања, објави денеска весникот „Газета дело Спорт“. „Казната би стапила на сила во првата сезона во која Јувентус ќе избори пласман во едно од трите клупски натпреварувања во […]

Европски суд на правдата: УЕФА има право да ја блокира Суперлигата


Судот на Европската унија одлучи дека УЕФА има право да го блокира клубовите да формираат Суперлига, паралелно натпреварување кое го иницираа 12 европски гиганти, а по жестоките реакции во јавноста девет од нив се повлекоа и зад идејата останаа само Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Како што соопшти синоќа главниот застапник на Европскиот суд на правдата, Атанасиос […]

УЕФА пак едногласно го отфрли проектот Суперлига


Челниците на УЕФА и најсилните европски лиги одржаа состанок во Нион со претставници на компанијата „А22 Спортс менаџмент‘, која стои зад проектот Суперлига, и уште еднаш ја офтрлија идејата за формирање на ова натпреварување. Во соопштението на УЕФА се наведува дека на состанокот присуствувале претседателот Александар Чеферин, претставници на европските клубови и лиги, како и […]

Македонската репрезентација во група со Италија и Англија за квалификациите за ЕУРО 2024


  Во германскиот град Франкфурт попладнево се одржа извлекувањето на составот на групите за квалификациите за пласман на Европското фудбалско првенство во 2024 година чиј домаќин ќе биде Германија. Македонската репрезентација се најде во Ц-групата заедно со Италија, Англија, Украина, Малта. Во квалификациите ќе настапат 53 репрезентации кои ќе се борат за 23 места на […]

УЕФА одлучи да не го прошири Европското првенство на 32 репрезентации


  УЕФА одлучи да не го прошири Европското првенство. Форматот со 24 тима ќе биде задржан. УЕФА ја разгледа можноста за зголемување на бројот на учесници на 32 земји, објави „Скај њуз“. Организацијата сметаше дека обезбедувањето дополнителни места ќе го девалвира квалификацискиот циклус на турнирот, што ќе ги направи натпреварите помалку атрактивни и ќе бара […]

Германија бара УЕФА да ја исклучи Белорусија од ЕУРО2024


Домаќинот на ЕУРО 2024, Германија, ја повика УЕФА да ја исклучи Белорусија од квалификациите за завршниот турнир поради поддршката од официјален Минск на Русија во војната против Украина, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи.  Во писмо до претседателот на УЕФА Александар Чеферин, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, исто така, апелира на суспензија на руските […]

Бензема, Куртоа и Де Брујне номинирани за наградата играч на годината на УЕФА за 2021/22


Познати се номинираните за наградата на Европската фудбалска асоцијација за најдобар играч во сезоната 2021/22. Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа и играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне се во конкуренција за титулата, објави официјалниот сајт на УЕФА. Бензема стана најдобар стрелец на турнирот во […]

Европски влади бараат исфрлање на руски и белоруски функционери од УЕФА


Владите на 35. европски држави побараа од претседателот на УЕФА Александар Чеферин да ги исфрли функционерите од Русија и Белорусија од телата на европската Куќа на фудбалот, пренесува лондонскиот весник „Дејли мејл“. Тоа пред сè се однесува на Александр Џуков, руски бизнисмен, кој е и претседател на Управниот одбор на компанијата „Газпром нјефт“, претседател на прволигаш Зенит […]

Платини и Блатер ослободени од вина за финансиски измами


  Швајцарија– Ослободителна пресуда за поранешните челни луѓе на ФИФА и на УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини, по обвиненијата за финансиски измами донесе денеска судот во швајцарскиот град Белинцона. Обвинението ги товареше за неовластена исплата на сума од два милиони швајцарски франци на сметката на Платини од касата на ФИФА, извршена во 2011 година. […]

УЕФА го потврди новиот формат на Лигата на шампиони, измени и во Лига Европа и Конференциската лига


По исцрпни консултации со инволвираните страни, Извршниот комитет на УЕФА денеска во Виена ги одобри промените во составот на фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) од сезоната 2024/25. Новиот формат на ЛШ ќе се игра по таканаречениот „швајцарски модел“ со 36 место досегашните 32 екипи. Најголема промена ќе биде трансформацијата од фазата по групи во фаза на една […]

УЕФА: Руските екипи нема да играат во европските натпреварувања во сезоната 2022/23


Руските фудбалски клубови нема да играат во европските натпреварувања во сезоната 2022/23, соопшти Европската фудбалска асоцијација. – Во сезоната 2022/23 нема да има претставници на Русија во европските натпреварувања. Поради ова, согласно принципите пропишани во прописите на машките и женските турнири, променета е шемата за пристап на екипите до европските натпреварувања, се вели во соопштението. […]

УЕФА ги укинува санкциите? Чеферин најави одлука за настапите на руските екипи


Санкциите против Русија поради инвазијата врз Украина не треба да се однесуваат на руските спортисти, оцени денеска претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александар Чеферин, додавајќи оти европската Куќа на фудбалот наскоро ќе донесе одлука поврзана со настапите на руските клубови во европските натпреварувања. Во разговор за словенечкиот весник „Вечер“, Чеферин истакна дека рускиот спорт, кој е […]

Фудбалските сликички на „Панини“ заминаа во историја, американски „Топс“ нов партнер на УЕФА


Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави денеска дека нов ексклузивен партнер за изработка на самолепливи сликички за следните две европски првенства ќе биде американската компанија „Топс“ (Topps). Со тоа е ставен крај на долгогодишното партнерство меѓу УЕФА и италијанската фирма „Панини“, кое траеше од 1977 година. Договорот за соработка со американската компанија ќе биде на сила до […]

„CAS“ ја потврди забраната на УЕФА за учество на руски тимови на турнирите на организацијата


Швајцарија – Судот за спортска арбитража (CAS) ја потврди забраната на УЕФА за учество на руски клубови на турнири под покровителство на организацијата. Иако ова е привремена пресуда, целосното рочиште треба да се одржи во наредните недели. Рускиот фудбалски сојуз (РФС) реагираше на одлуката на CAS да ја потврди забраната на УЕФА за отстранување на руските […]