Турција почна да го плаќа со рубљи рускиот гас


  Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез денеска изјави дека Турција почна да плаќа дел од руските испораки на природен гас во рубљи. Анкара и Москва во септември се договорија гасот да се плаќа во рубљи. Донмез најави и конкретни планови за спроведување на рускиот предлог Турција да стане база за снабдување на Европа со руски гас и до […]

Најмалку седум загинати во тешка сообраќајка во Турција


Најмалку седум лица загинаа, а 11 се повредени во денешниот судир на камион и патнички автобус во провинцијата Агра на истокот на Турција. „Седум наши граѓани ги загубија животите кога автобусот налета на камион и се запали“, потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Ројтерс“. Силен црн чад извира од местото на несреќата, а локалните […]

Инфлацијата во Турција зголемена на 85,51 отсто во октомври


  Годишната стапка на инфлација во Турција се искачи на 85,51 отсто во октомври. Тоа е највисоко ниво од 1997 година, покажаа официјалните податоци објавени денеска. Потрошувачките цени се зголемија од 83,45 отсто во септември, продлабочувајќи ја кризата за трошоците на животот во државата.

Мицотакис: Грција е подготвена да ѝ подаде рака на пријателство на Турција


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ѝ подаде рака на пријателство на Турција, но го обвини и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека поттикнува антигрчко расположение во Турција. Мицотакис, по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Атина, рече дека негова желба е Турција да го избере „патот на […]

Инвестициите на Руси во недвижен имот во Турција зголемени за речиси 200 отсто оваа година


Руските инвестиции во недвижности Турција се зголемија за 199 проценти во првите девет месеци годинава во споредба со истиот период од 2021, покажаа податоци од турскиот статистички институт. Според податоците, руските граѓани купиле околу 9.311 домови во периодот од јануари до септември. Продажбата на имот на странци в целата земја се зголеми за 32.5 отсто […]

Турскиот извоз на Балканот годинава зголемен за 25 отсто


Турскиот извоз на Балканот за девет месеци од годинава е зголемен за 24,9 отсто во однос на истиот период лани и достигна 15,7 милијарди долари. Најмногу е извезено во Романија, 4,7 милиони долари, додека најголем пораст во однос на истиот период лани забележа Црна Гора, пишува агенцијата Анадолија. Според податоците што од Здружението на турски […]

Во Турција усвоен закон што предвидува затворски казни за ширење дезинформации


  Турскиот парламент синоќа усвои Закон што наводно има за цел борба против лажните вести и дезинформациите, со оспорувани одредби што предвидуваат и затворски казни за ширење дезинформации. Најконтроверзната одредба во новата легислатива, членот 29, предвидува казна затвор до три години за ширење информации што се „спротивни на вистината” за прашања од областа на безбедноста, […]

Инфлацијата во Турција скокна на 83,45 отсто


  Падот на вредноста на турската лира не запира, а инфлацијата – неспорно поврзана со растот на цените – официјално достигна 83,45 отсто во септември. Економистите зборуваат за хиперинфлација кога таа надминува 20 отсто – месечно, но дури и тогаш турската валута беше погодена од типичниот проблем на таквата криза: растечката разлика помеѓу „официјалните“ и […]

Шведска го укина ембаргото за извоз на оружје во Турција


Шведскиот Инспекторат за стратешки производи денеска информираше дека повторно издава дозволи за извоз на воена опрема во Турција, со тоа е укинато ембаргото што беше на сила од 2019 година. Ваквиот потег е поврзан со напорите на Шведска да влезе во НАТО. Нордиската земја поднесе барање за членство во воениот сојуз по руската инвазија на […]

Анадолија: Грција префрла оклопни возила на демилитаризираните острови во Егејското Море


Грција го крши меѓународното право и испраќа оклопни возила на егејските острови кои имаат статус на демилитаризирани зони, јави агенцијата Анадолија. На фотографиите што ги објавило турското Министерство за одбрана се забележува како десантни бродови на островите Лезбос и Самос доставуваат воени возила донирани од САД. Според информациите кои Анадолија ги добила од безбедносни извори, […]

Турската лира потона на рекордно ниско ниво по намалувањето на каматните стапки


Откако централната банка неочекувано ги намали каматните стапки уште еднаш, овој пат за 100 базични поени, турската лира вчера падна на ново рекордно ниско ниво, пренесува СЕЕбиз. Додека на други места во светот централните банки брзаат да ги зголемат каматните стапки за да се справат со зголемената инфлација, централната банка на Турција ја намали својата […]

Турција ја повика новата шведска Влада да преземе мерки против терористичките групи доколку сака влез во НАТО


 Новата шведска влада сега би требало да се позанимава со безбедносните проблеми што Турција ги изнесе како замена за отстранување на ветото за членство на Шведска и Финска во НАТО, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Двете земји поднесоа барање за приклучување на Сојузот, како одговор на руската инвазија врз Украина. Но, тие […]

Шумскиот пожар во јужна Турција под контрола, осуммина повредени


Противпожарните единици го ставија под контрола големиот шумски пожар во јужната турска провинција Мерсин, пренесе ДПА повикувајќи се на турската државна новинска агенција Анадолија. Осум лица, меѓу кои и едно тешко повредено, се во болница, објави министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер. Пожарот гори од вчера а зафати и станбени области и принуди вкупно […]

Инфлацијата во Турција достигна рекордни 80,2 отсто


Во Турција годишната инфлација во август достигна 80,2 отсто, што е за 0,5 отсто повеќе отколку во јули кога изнесуваше 79,7 отсто, објави турскиот државен завод за статистика. Ова постави нов рекорд од 1998 година. На крајот на годината се очекува забавување на растот на цените. Потрошувачките цени во Турција растат од март 2021 година, […]

Советник на Ердоган поднесе оставка откако мафијаш го обвини за корупција


  Висок член на турската владејачкаа партија и советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе оставка по низата обвиненија за корупција изнесени преку социјалните мрежи од страна на мафијашкиот бос кој е во бегство. Осудениот криминалец Седат Пекер стекна култ во Турција со обвинувањата на Јутјуб и Твитер против високи членови на тимот на […]

Бројот на имоти продадени на Руси во Турција е двојно зголемен


  Двојно е зголемен бројот на имоти во Турција продадени на Руси, јавува турската телевизија НТВ. Во првите седум месеци од годината, бројот на имоти купени во Турција од руски државјани изнесува 6.877, што е зголемување за 223,4 отсто на годишно ниво, покажуваат статистичките податоци на Турскиот институт за статистика (Туркстат). Во текот на тој […]

Фајненшл тајмс: ЕУ загрижена поради зголемениот обем на трговија на Турција со Русија


  Земјите од Европската Унија се сè позагрижени поради зголемениот обем на трговија на Турција со Русија и можноста таа да послужи како замена за увозот и извозот на Москва со други европски земји, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се двајца претставници на ЕУ. Дел од државите-членки побарале информации од Анкара за нејзините односи со Кремљ. […]

Ердоган: Турција работи на воспоставување стабилност и просперитет на Балканот


Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја работи на воспоставување стабилност и просперитет на Балканот. -Работиме на воспоставување стабилност, соработка и просперитет на Балканот, со кој имаме длабоки врски, рече турскиот претседател на отворањето на 13. конференција на амбасадори во Анкара. Како што пренесува „Анадолија“, Ердоган истакнал дека Турција го обезбедила спроведувањето […]

Турција го ослободи од притвор мажот вмешан во атентатот на претседателот на Хаити


Турција го ослободи и испрати во САД лицето по кое трагаше Хаити поради неговата вмешаност во атентатот на претседателот на земјата Жовенел Моиз, потврди денеска еден од неговите адвокати. Моиз (53) беше убиен пред една година, на 7 јули во својот дом, а во нападот беше ранета и неговата сопруга. Бизнисменот од Хаити, Самир Хандал, […]

Инфлацијата во Турција достигна речиси 80 отсто


Инфлацијата во Турција во јули достигнала годишна стапка од 79,6 отсто, што е нејзината највисока вредност во изминатите 24 години, покажаа во средата објавените резултати на турската агенција за статистика, а тоа е последица од континуираното слабеење на националната валута лирата и високите глобални трошоци за енергијата и суровините. Претходно се предвидуваше дека на годишно […]