Тешка сообраќајка во Турција: Автобус излета од патот, осум загинати и 35 повредени


Најмалку осум лица загинаа, а околу 35 се повредени, од кои четворица во критична состојба, кога меѓуградски автобус излетал од автопат во западниот турски округ Афионкарахисар, изјави гувернерот на Кубра, Гуран Џигитбаси за државните медиуми. Возачот изгубил контрола над возилото, изјави Џигитбаси, пренесе ТРТ. Патничкиот автобус сообраќал од Дијарбакир на истокот на земјата кон Бодрум […]

Германскиот конзулат во Истанбул затворен поради опасност од напад


Германскиот конзулат во Истанбул денеска е затворен поради зголемена закана од напад во најголемиот турски град, соопшти германското Министерство за надворешни работи. Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим. Германското МНР соопшти дека потегот за затворање […]

Претседателските и парламентарните избори во Турција ќе се одржат на 14 мај


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека изборите во Турција ќе се одржат на 14 мај, еден месец порано од планираното. Кабинетот на претседателот денеска објави видео на кое Ердоган го објавува датумот на изборите за време на состанокот со младите гласачи во северозападната провинција Бурса доцна синоќа, објави Ројтерс. Благодарен сум на Бога […]

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари


Турската компанија „Бајкар“ планира да достави одреден број вооружени дронови во Кувајт, како дел од договор вреден 370 милиони долари, соопштија денеска претставници на компанијата. Меѓународната побарувачка за беспилотните летала „Бајрактар ТБ2“ на Бајкар се зголеми откако беа користени во конфликти во Сирија, Либија и Азербејџан, а интересот дополнително скокна откако украинската војска ги употреби […]

Поради инцидентот со куклата, Турција не дозволува Шведска да влезе во НАТО


  Турција „не е во позиција“ да го ратификува членството на Шведска во НАТО во сегашната ситуација, рече во саботата Ибрахим Калин, близок советник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, по новиот инцидент оваа недела. „Не сме во позиција да го испратиме законот во парламентот на ратификација бидејќи имаме реален проблем во тој поглед“, изјави Ибрахим […]

Земјотрес кај Измир во Турција


  Утрово, нешто по 8.30 часот (10.30 по локално време) во Турција забележане земјотрес од 5 степени според Руихтер. Како што јавува ЕМСЦ, епицентарот бил во морето, 192 км од Измир, третиор најголем град во Турција. Забележан е на длабочина од 10 км, а потресот се почувствувал по западниот брег на Турција, Истанбул, но и […]

Столтенберг: Време е Шведска да влезе во НАТО, таа направи сè што бара Турција


Време е Шведска да стане членка на НАТО, бидејќи направи сè што е потребно Турција да го одобри нејзиното приклучување, изјави денеска генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг. – Дојде време процесот на ратификација за Шведска да заврши. Уверен сум дека Шведска ќе стане членка на НАТО. Не сакам да дадам прецизен датум кога тоа […]

Годишната инфлација во Турција во декември 2022 година изнесуваше 64,27 отсто


Годишната инфлација во Турција во декември 2022 година изнесуваше 64,27 отсто, покажуваат податоците на турскиот статистички институт. Индексот на потрошувачките цени на Турција забележа раст од 64,27 отсто во декември 2022 година во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат денеска објавените податоци на турскиот статистички институт – Туркстат. Зголемувањето на цените во однос […]

Туристите во Турција ќе плаќаат плус два отсто туристичка такса


  Во Турција од денеска се воведува туристичка такса односно ќе се наплаќа два отсто за сместување во хотели, туристички села, мотели, пансиони, како и туристички тури од туристички агенции. Туристичка такса нема да плаќаат претставниците на дипломатските претставништва и меѓународните организации кои имаат дипломатски статус. Одлуката за туристичката такса е донесена во 2019 година, […]

Турција: Забраната за пристап на жените до високото образование во Авганистан не е ниту исламска ниту хумана


Турција ја отфрла и е „тажна“ поради новата забрана на талибанската влада во Авганистан, според која жените во земјата немаат право да студираат на универзитетите, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. – Оваа забрана не е ниту исламска ниту хумана. Ние ја отфрламе таквата забрана, рече Чавушоглу на прес-конференцијата со неговиот јеменски […]

Турција успешно ја тестираше својата прва хиперсонична ракета


 Турско беспилотно летало „Бајрактар ​​Аканџи“ ја тестираше првата хиперсонична турска ракета воздух-земја, објави „Хуриет дејли њуз“, посочувајќи дека тестирањето било успешно. Ракетата ТРГ-230 ја разви компанијата Рокетсан со седиште во Анкара и успешно ја погоди целта на оддалеченост од 100 километри од местото на лансирање. – Бајрактар ​​Аканџи успешно ја погоди целта со TRG-230-iHA, првата […]

Во Турција откриено нафтено поле вредно околу 12 милијарди долари


  Нафтено поле со резерви од околу 150 милиони барели е откриено на југоистокот на Турција, во провинцијата Ширнак, соопшти турскиот претседател Таип Ердоган по денеска одржаната владина седница. „Откривме 150 милиони барели нафтени резерви околу планината Габар. Ова е едно од десетте најголеми наоѓалишта откриени годинава на копно. Вредноста на резервите достигнува околу 12 милијарди […]

(Видео) Тепачка во турскиот парламент поради буџетот, еден пратеник заврши на реанимација


  Пратеник од турската опозиција итно бил префрлен во болница и сместен на интензивна нега во Анкара, откако бил погоден во главата за време на тепачка во Парламентот. Тепачката изби на расправата за државниот буџет за 2023 година. На снимките во турските медиуми се гледа како Хусеин Орса, пратеник од Трабзон е погоден од член […]

Инфлацијата во Турција во пад првпат по повеќе од една година


  Годишната инфлација во Турција во ноември е благо намалена, првпат по константниот раст пред повеќе од една година, соопшти денеска турскиот институт за статистика. Потрошувачките цени за оваа година се зголемиле за 84,39 отсто во ноември во однос на растот од 85,51 отсто во октомври. Месечната стапка на инфлација во ноември изнесувала 2,88 отсто, […]

Официјална Анкара: Шведска и Финска мора да направат повеќе за да влезат во НАТО


Официјална Анкера верува дека Шведска и Финска презеле „позитивни чекори“ во борбата против тероризмот, што беше услов поставен од Турција за поддршка на нивниот влез во НАТО, но дека треба да направат повеќе за да ги исполнат барањата на Анкара, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу. – Новата влада во Шведска е порешителна […]

И покрај високата инфлација, во Турција повторно намалена референтната каматна стапка


  Турската централна банка денеска повторно ја намали референтната каматна стапка за 1,5 процентен поен, иако инфлацијата во таа земја достигна 85 отсто. Централната банка одлучи да ја намали каматната стапка на 9 отсто, по серијата слични големи намалувања. Овој потег е во согласност со економските ставови на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кој тврди дека […]

Силен земјотрес во северозападна Турција, најмалку 35 повредени


Силен земјотрес утрово ја погоди северозападната турска провинција Дузче во кој се повредени 35 луѓе, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Тој на Твитер напиша дека вкупно 32 лица се повредени во Дузче, каде бил епицентарот на земјотресот, а три лица се повредени и во провинциите Истанбул, Болу и Зонгулдак. Коџа додаде дека еден од повредените во Дузче е во […]

Турција најавува одмазда по терористичкиот напад во Истанбул


  ИСТАНБУЛ – Турската полиција во понеделникот соопшти дека привела една Сиријка за која се сомнева дека е поврзана со курдски милитанти и дека таа признала дека поставила бомба што експлодирала на раздвижената пешачка авенија во Истанбул, при што загинаа шест лица, а неколку десетици други се ранети. Експлозијата во неделата се случи на авенијата […]

Жената осомничена за нападот во Истанбул ја признала својата поврзаност со терористичка група


Турската полиција соопшти дека извршител на бомбашкиот напад во Истанбул е Ахлам Албашир, државјанка на Сирија. Таа е уапсена за време на полициска акција и приведена. – Лицето кое го изврши нападот, сириската државјанка Ахлам Албашир, беше фатена жива. При сослушувањето, таа призна дека била обучена како специјален разузнавач од терористичката организација ПКК/ПИД/ИПГ и дека […]

Турција го уапси извршителот на пукањето на границата со Бугарија во која загина граничен полицаец


Амбасадорката на Турција во Софија, Ајлин Секизкок, го информира бугарското МВР дека нејзината земја го привела извршителот на пукањето на границата со Турција, во кое загина бугарски граничен полицаец. Како што јави дописникот на МИА од Софија, турската амбасадорка Секизкок во интервју за БНТ вели дека истрагата на турското обвинителство веќе е започната и на […]