Трамп: Иран не би требало да настапи на СП2026 од безбедносни причини


Американски0т претседател Држави, Доналд Трамп порача денеска дека не би било соодветно иранската фудбалска репрезентација да настапи на претстојното Светското првенство од безбедносни причини. „Иранската фудбалска репрезентација е добредојдена на Светското првенство, но навистина не верувам дека би било соодветно тие да бидат тука поради нивните животи и безбедност“, објави Трамп на својата социјална мрежа […]

Трамп најде начин да ги врати царините. Покренува истрага за Кина, ЕУ и 14 земји


Администрацијата на Трамп вчера објави нови трговски истраги за Кина, Мексико, Европската Унија и повеќе од десетина други економии. Целта е да се заменат царините на Трамп, кои Врховниот суд неодамна ги прогласи за нелегални, објави Си-Ен-Би-Си. Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир им рече на новинарите дека истрагите, кои веројатно ќе се прошират и на […]

Трамп за Иран: Победивме, но не сакаме да си одиме предвреме


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „ја добиле војната со Иран, но дека САД ќе останат во борбата за да го завршат она што го започнаа“. „Никогаш не е добра идеја да се каже прерано дека сте победиле. Ние победивме“, рече Трамп на настан за време на кампањата во Хеброн, Кентаки. „Во првиот час, […]

Трамп: Отвораме прва рафинерија по 50 години. Најголем договор во историјата на САД


Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека САД ќе ја добијат првата нова рафинерија за нафта по 50 години. Објавата доаѓа во време кога глобалните цени на нафтата се зголемени поради интензивирањето на конфликтот на Блискиот Исток. Од почетокот на американско-израелската војна против Иран, цените на нафтата силно флуктуираа, а во понеделник ја пробија границата […]

Инфантино: Трамп нема ништо против од учеството на Иран на СП 2026


 Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека разговарал со претседателот на САД, Доналд Трамп, за подготовките за Светското првенство во 2026 година и учеството на иранската репрезентација. – Остануваат уште три месеци до почетокот на турнирот. За време на нашиот разговор, се осврнавме за ситуацијата во Иран и успешното квалификување на иранската репрезентација за Светското […]

Трамп ги праша донаторите кого сакаат за кандидат за 2028 година. Им понуди две имиња


Американскиот претседател Доналд Трамп во раните утрински часови на 28 февруари му се придружи на Израел во лансирањето воздушни напади врз Иран што одекнаа низ целиот Блиски Исток. Истата вечер во неговата резиденција Мар-а-Лаго во Флорида, тој се дружеше со претставници на администрацијата и донатори, каде што отворено зборуваше за иднината на Републиканската партија: „Марко […]

Трамп: Војната со Иран почна поради нов објект за материјали за нуклеарно оружје


 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран започнала откако Техеран почнал да работи на нов објект за производство на материјали за нуклеарно оружје. Трамп рече дека новиот објект требало да ги замени постројките што САД ги бомбардирале минатата година. – Но тие почнаа да работат на друг објект – поинаков објект, различен тип […]

Трамп се закани дека ќе го удри Иран „многу посилно“ ако Техеран го блокира снабдувањето со нафта


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се закани дека ќе го удри Иран „многу посилно“ ако властите во Техеран одлучат да го блокираат снабдувањето со нафта во регионот. „Нема да дозволам терористички режим да го држи светот како заложник и да се обиде да го спречи снабдувањето со нафта. Ако Иран направи нешто такво, ќе бидат […]

Трамп: Војната со Иран е „речиси целосно завршена“


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска за американската телевизија CBS News изјави дека смета оти војната со Иран е во голема мера завршена. – Мислам дека војната е многу завршена, речиси целосно – рече Трамп во телефонско интервју, пренесе ДПА. – Тие немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздухопловни сили. Нивните ракети се сведени на поединечни истрели. […]

Трамп: Краткорочниот скок на цената на нафтата е мала цена што треба да се плати за светскиот мир


Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи на социјалната мрежа Truth Social откако светските цени на нафтата се искачија на повеќе од 100 долари за барел, како резултат на војната што САД и Израел ја водат против Иран од минатата недела. Како и секогаш, Трамп ги минимизираше негативните ефекти од војната, велејќи дека дури и […]

Трамп за новиот ирански лидер: Ќе видиме што ќе се случи


 Американскиот претседател Доналд Трамп даде краток коментар по веста дека Моџтаба Хамнеи е избран за нов врховен лидер на Иран, изјавувајќи во интервју за „Тајмс оф Израел“: „Ќе видиме што ќе се случи“. Трамп рече дека одлуката кога ќе заврши војната со Иран ќе ја донесе „заедно“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но притоа навести […]

Трамп сака „безусловна капитулација“ на Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да биде постигнат договор со Техеран доколку Иран „безусловно не се предаде“, една недела по почетокот на војната на САД и Израел против Иран. „Потоа, и по изборот на голем и прифатлив лидер, ние и многу од нашите прекрасни и многу храбри сојузници и партнери ќе работиме неуморно […]

Видео од Белата куќа го запали интернетот: Пастори се молат за Трамп


Група христијански пастори се собраа во Овалната соба на Белата куќа за да се молат за американскиот претседател Доналд Трамп, додека американско-израелската воена операција против Иран влегува во втората недела. Според достапните податоци, досега во судирите се убиени повеќе од илјада луѓе. Видео од молитвениот собир беше објавено на социјалните мрежи од заменик-шефот на пероналот […]

Трамп: Иран се обидува да постигне договор, но малку е доцна за тоа


 Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека Иран се обидува да постигне договор со САД, но „малку е доцна за тоа“. – Тие се јавуваат, прашуваат: Како можеме да постигнеме договор? Јас реков: Малку доцните, посочи Трамп, додавајќи дека САД во моментов повеќе од Иран сакаат да продолжат да се борат, истакна Трамп. Тој […]

Трамп: Не сум загрижен за зголемувањето на цените на бензинот поради војната со Иран


Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не е загрижен за зголемувањето на цените на бензинот во земјата поради војната со Иран, наведувајќи дека ова зголемување е помалку важно во однос на поширокиот контекст на конфликтот. „Немам никакви загрижености за тоа. Тие ќе паднат многу брзо кога ќе заврши ова, а ако се зголемат, нека се […]

Трамп бара да учествува во изборот на новиот ајатолах, синот на Хамнеи бил слабак


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека мора да учествува во изборот на новиот врховен лидер на Иран откако досегашниот лидер Али Хамнеи беше убиен во нападите на САД и Израел. Изјавите на иранските претставници вчера и денеска укажуваат дека се приближува објавувањето на наследникот на Хамнеи, а неговиот син Моџтаба Хамнеи се смета за […]

Трамп вели дека американските сили се во многу силна позиција во Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили се во многу силна позиција во Иран, објавија светските агенции. Трамп рече дека е постигнат голем напредок по помалку од една недела војна. „Сега сме во позиција на сила и иранските претставници брзо исчезнуваат. Секој што сака да биде лидер брзо умира“, рече Трамп за време на […]

Трамп: Ќе обезбедиме  слободен проток на енергија во светот 


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави преку социјалната мрежа Truth Social дека САД се подготвени да обезбедат воена заштита на танкерите за нафта и гас што минуваат низ Ормутскиот теснец „Со стапување во сила веднаш, ѝ наложив на Корпорацијата за финансирање на развој на САД (DFC) да обезбеди осигурување од политички ризик и гаранции за […]

Трамп: САД имаат неограничени резерви на оружје, подготвени сме за голема победа


 Американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа Truth Social напиша дека американските резерви на муниција се на историски максимум што аналитичарите го толкуваат како јасна порака до Техеран и светската јавност за воената моќ на САД. Трамп тврди дека САД се подготвени за долготрајни операции доколку тоа биде потребно. „Имаме практично неограничени резерви на муниција […]

Трамп: Ајатолахот е мртов


Иран потврди дека ајатолахот Али Хамнеи, врховниот лидер на Иран, е мртов. На неговиот профил на Твитер беше објавена порака: „Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мир нека биде врз него. Без него нема ниту небо ниту земја. Без него нема љубов како онаа на Зејнаб.“ „Хајдар“ е едно од имињата/имињата на честа на […]