Пелоси не исклучува постапка за импичмент на Трамп


САД – Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот Нанси Пелоси изјави дека ништо не може да се исклучи, вклучувајќи и потенцијална процедура за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп. Пелоси говореше на собир во Калифорнија откако специјалниот обвинител Роберт Малер вчера изјави дека од Конгресот зависи што следува по неговиот извештај. Пелоси рече дека бара комисиите […]

Папата му порача на Трамп: Ѕидот со Мексико е грешка


Ватикан – Папата Франциск изјави дека е подготвен на американскиот претседател Доналд Трамп лично во лице да му каже дека е погрешно териториите да се бранат со изградба на ѕидови долж границите. Во интервју за мексиканската телевизија „Телевиса“ емитувано синоќа, папата исто така ги отфрли критиките на ултраконзервативните католици кои го нарекуваат еретик. – Не знам […]

Трамп лани заработил 434 милиони долари


САД – Хотелите и останатите објекти и компании во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, лани заработиле 434 милиони долари, соопшти Канцеларијата за етичка контрола на Администрацијата на САД. Оваа сума е помала од приходите во 2017 година, кога од својот имот Трамп заработи 450 милиони долари. Според податоците на Канцеларијата за етичка контрола, луксузниот хотел […]

Орбан ќе се сретне со Трамп


САД – Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за трговски и енергетски прашања, вклучувајќи и продажба на оружје. Американски официјални претставници изразија загриженост поради антисемитизмот во цела Европа, вклучително и во Унгарија, и поради ставот на Орбан против мигрантите, јави ДПА. Тие изјавиле […]

Поднесена петиција со десет милиони потписи за импичмент на Трамп


САД– Демократите и либералните организации поднесоа петиции со вкупно десет милиони потписи во Вашингтон, барајќи од Конгресот да покрене постапка за отповикување на републиканскиот претседател Доналд Трамп. Пред Капитол, седиштето на Конгресот, каде се поставени плочи на кои пишува „Трамп мора да замине“, двајцата претставници, Рашида Тлаиб и Ал Грин, со претставници на здруженија, предадоа УСБ […]

Анкета: Трамп го поддржуваат 45 отсто од Американците


САД- Популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп е над 45 отсто според Институтот Галуп. Тоа се случува првпат откако Трамп влезе во Белата куќа на 20 јануари 2017 година. Според анкетата, 46 проценти од Американци ја поддржуваат политиката на Трамп. На почетокот на март неговата популарност беше 39 отсто. Според анкетата, зголемена поддршка за политиките […]

Телефонски разговор Трамп – Путин на повеќе актуелни теми


Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин денеска  разговара на повеќе теми, соопштија од Белата куќа. Портпаролка на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека телефонскиот разговор траел  еден час и двајцата лидери разговарале за нераспространување на нулеарното оружје, денуклеаризација на Северна Кореја, за Венецуела и за извештајот на специјалниот обвинител Робарт Малер за […]

Од Конгресот побарано уште 4,5 милијарди долари за мигрантите


САД – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот дополнителни 4,5 милијарди долари поради ситуацијата на границата со Мексико, каде недостасуваат финансии за нега и сместување на мигрантите од Централна Америка, чиј прилив е зголемен. Бројот на семејствата кои пристигнуваат на границата е поголем од бројот на поединците, а потребите на семејствата се значително […]

Трамп тужи две банки за да не објавуваат негови финансиски податоци


Американскиот претседател Доналд Трамп, неговата компанија и три од неговите деца, поведоа судски процес против две банки – „Капитал уан“ и „Дојче банк“, со цел да им биде забрането да објават документи за него што ги бараат комисии на Конгресот. Податоците биле побарани од Комисија за финансиски услуги и Комисија за разузнавање. Адвокати на Трамп […]

Шефот на Твитер се сретна со Трамп


САД– Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека се сретнал со соосновачот и извршен директор на компанијата Твитер, Џек Дорси. – Одличен состанок попладнево во Белата куќа со Џек од Твитер. Разговаравме за многу теми околу нивната платформа и за светот на социјалните мрежи воопшто. Се радувам на продолжување на отворениот дијалог, напиша американскиот […]

Трамп во јуни во посета на Франција и на Велика Британија


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија ќе отпатуваат во Франција на 6 јуни, каде што првиот човек на САД ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти денеска Белата куќа. Трамп во јуни ќе ја посети и Велика Британија, каде најверојатно ќе се сретне со кралицата Елизабета во Бекингемската Палата. […]

Рекорд на Трамп: За реизборот веќе собрал над 40 милиони долари


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп ќе пријави дека за кампањата за реизбор на претседателските избори во 2020 година во првиот квартал од оваа година собрал повеќе од 40 милиони долари. Тоа е повеќе отколку што неговите двајца главни демократски противници собрале заедно. Медиумите објавија дека фондот на Трамп за претстојната кампања достигнал дури 40,8 милиони […]

Пентагон одобри средства за изградба на ѕидот на границата со Мексико


САД– Вршителот должност министер за одбрана на САД Патрик Шенахан ги овласти Воените инженерски единици да почнат со планирање и изградба на околу 92 километри долгата ограда, висока 5,5 метри, долж границата со Мексико. Оградата ќе биде поставена во Јума, во сојузната држава Аризона и во Ел Пасо, Тексас. пентагон информира дека ќе пренасочи околу […]

Трамп ја призна Голанската Висорамнина како територија на Израел


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша декрет со кој официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, која Израел ја презеде од Сирија за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. – Ова се подготвуваше долго време. Тоа требаше да се случи пред многу децении, изјави Трамп додека го потпишуваше декретот во Белата куќа во […]

„Њујорк тајмс”: Трамп позајмил две милијарди долари од Дојче банк пред да стане претседател


САД-Германската Дојче банк му позајмила повеќе од две милијарди долари на Доналд Трамп пред да стане претседател на САД. И покрај бројните сигнали, кои укажувале дека Трамп е во проблеми, пишува „Њујорк тајмс”. Весникот интервјуирал повеќе од 20 поранешни и сегашни директори и членови на управниот одбор на Дојче банк, со цел да обезбеди подобар […]

Гугл против Трамп: Не соработуваме со армијата на Кина


Компанијата „Гугл“ ги отфрли наводите на американскиот претседателот дека оваа компнија помага на Кина и нејзината армија, јави денеска „Ен-Би-Си Њуз“. – Ние не работиме со кинеската армија. Ние работиме со американската Влада, вклучувајќи го и Министерството за одбрана, и тоа во повеќе области како кибер безбедноста, кадрите и здравствто, изјави претставник на компанијата. Трамп […]

Трамп: Не знам за вас, но јас не сакам Ајнштајн да ми биде пилот


Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со главниот директор на компанијата „Боинг“, Денис Мајленбург, по падот на двата авиони од ист тип на компанијата производител. На Твитер, по средбата, Трамп објави дека „авионите станале премногу сложени за летање“. Како што пренесе АП, не е познато за што точно разговарале претседателот и директорот на „Боинг“, но потоа […]

Трамп бара во воени објекти да се сместат 5.000 мигрантски деца


Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Пентагон да најде воени објекти што би можеле да примат околу 5.000 мигрантски деца без придружба на мигранти, соопшти американското Министерство за одбрана. – Пентагон ќе ги идентификува можните места за сместување на децата, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана Џејми Дејвис, објаснувајќи дека барањето било поднесено од […]

Прикажан документарен филм кој го воздигнува самитот Ким – Трамп


Севернокорејската државна телевизија прикажа документарен филм кој ја воздигнува неодамнешната посета на својот лидер Ким Џонг-ун на Виетнам, но изоставени се неуспешните нуклеарни преговори со американскиот претседател Доналд Трамп. Документарните филм го прикажува насмеаниот Ким како разговара со Трамп и заедно се движат кон внатрешноста на еден хотел во Ханој и потсетува дека самитот е […]

Претставничкиот дом почна истрага против Трамп


САД– Одборот за правни прашања при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе започне истрага против претседателот на САД, Доналд Трамп и неговите соработници поради можни опструкции на правдата, корупција и злоупотреба на овластувањата. Претседавачот со Одборот, демократот Џери Надлер изјави дека денеска ќе бидат побарани документи од над 60 луѓе од администрацијата на Трамп, семејството […]