САД: Тајната служба призна дека ги одбила барањата на тимот на Трамп за засилено обезбедување


Тајната служба на САД соопшти дека отфрлила некои барања од предизборниот тим на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да ја зголеми безбедноста на неговите митинзи во годините пред обидот за атентат на 13 јули, пренесе Бета. Веднаш по неуспешниот атентат на 13 јули, агенцијата негираше дека ги одбила таквите барања. Но, Тајната служба една недела […]

Трамп: Никој не ми кажа пред говорот во Пенсилванија дека има проблем


Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп изјави дека пред неговиот говор на митинг во Пенсилванија минатата недела, кога напаѓач го рани во увото, никој не го предупредил дека има проблем. Тој додаде дека мислел дека е грешка и прашал како некој се качил на тој покрив (од кој пукал напаѓачот) и зошто […]

Не е само Трамп: Изолационистичките ставови на Венс поттикнуваат загриженост за иднината на односите ЕУ-САД


Изборот на Доналд Трамп на 39-годишниот републикански сенатор од Охајо, Џеј. Ди. (Џејмс Дејвид) Венс за негов кандидат за американски потпретседател и можноста оваа двојка да „ја освои“ Белата куќа во Вашингтон на претседателските избори во ноември, предизвикува дополнителна загриженост во ЕУ околу иднината на посветеноста на САД на европската безбедност. Политичките убедувања на Венс, […]

Куршумот не го смени умот на Трамп: Кои беа неговите главни ветувања на конвенцијата?


И покрај сите тврдења од неговите поддржувачи дека преживеаниот обид за атентат го остави Доналд Трамп „променет“ човек, помек и подуховен, Трамп кој ја прифати номинацијата на неговата партија во четвртокот навечер беше длабоко познат: истата реторика на поделби, истите политики на поделби.Но, републиканската толпа што го опкружуваше Трамп беше секако весела и енергична. „Никогаш […]

Трамп официјално ја прифати номинацијата: Бог беше на моја страна


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и официјално ја прифати номинацијата за кандидат на претседателските избори на конвенцијата на Републиканската партија, нагласувајќи дека се кандидира да биде претседател на цела Америка, а не само на половина од земјата. Трамп, кој носеше бел завој на десното уво, во говорот на конвенцијата во Милвоки истакна дека нема победа […]

Трамп вети најголема депортација во историјата на САД


Поранешните ривали на Доналд Трамп за републиканската претседателска номинација Ники Хејли и Рон ДеСантис ја дадоа својата целосна поддршка на неговата кандидатура на партиската конвенција во знак на партиско единство неколку дена откако тој преживеа обид за атентат. Хејли, која го опиша Трамп како неподобен за функцијата за време на нејзината кампања, ги повика своите […]

Борис Џонсон се сретна со Трамп, не се сомнева во продолжувањето на американската поддршка за Украина


Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека „нема сомнеж“ оти кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, ќе продолжи да ја поддржува Украина. „Разговаравме за Украина и не се сомневам дека ќе има силна и решителна поддршка за таа земја и одбрана на демократијата“, напиша Џонсон на својот […]

(Видео) Трамп се појави во јавноста за прв пат по атентатот, погледнете како го пречекаа


Доналд Трамп триумфално се појави за време на првата вечер на републиканската национална конвенција во понеделникот со овации од партиските верници два дена откако обидот за атентат му го повреди десното уво. Трамп влезе во Форумот Фисерв во центарот на Милвоки со дебел завој преку увото додека толпата извикуваше „Борба, борба, борба“. Поранешниот претседател изгледаше […]

Отфрлен важен случај против Трамп


 Судот во Флорида ја отфрли кривичната постапка против Доналд Трамп, во која се обвинува дека незаконски чувал доверливи документи по напуштањето на функцијата, што за републиканскиот поранешен претседател и официјален кандидат за реизбор е уште една голема правна победа. Американската окружна судијка, Ејлин Канон, која беше назначена од Трамп на оваа функција, одлучи дека специјалниот […]

Мета ги отстранува ограничувањата на профилите на Трамп на Фејсбук и Инстаграм


Компанијата Мета денеска објави дека ќе отстрани некои ограничувања на профилите на Фејсбук и Инстаграм на поранешниот американски претседател и кандидат за нов претсеадателски мандат, Доналд Трамп. Мета ги блокираше профилите на Трамп на неодредено време, откако тој ги пофали луѓето кои упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година. Компанијата му ги врати профилите […]

Тимот на Бајден ја сакаше оваа дебата, но беше многу лоша за него: „Не успеа“


Пред дебатата, многу Американци изразија загриженост за возраста и способноста на Џо Бајден да биде претседател. Многумина ќе речат дека оваа дебата не ги смири тие размислувања и дека беше многу лоша за Бајден. Претседателот влезе во дебатата без големи очекувања, но не успеа да ги исполни ниту тие мали очекувања. Беше бавен, некохерентен и […]

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Трамп подобар кандидат за економски прашања, Бајден за зачувување на демократијата


Гласачите во САД сметаат дека кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, е подобар кандидат кога станува збор за економијата, но сметаат дека кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден, е подобар кандидат кога станува збор за зачувување на демократијата. Анкетата на Ројтерс/Ипсос покажа дека двата клучни проблема за гласачите во САД се […]

Нови правила за првата претседателска дебата меѓу Бајден и Трамп


 Првата претседателска дебата меѓу двајца кандидати за претседател на САД, актуелниот шеф на државата Џозеф Бајден и неговиот претходник Доналд Трамп, ќе се одржи на 27 јуни во Атланта, Џорџија, со нови правила. Кабелската ТВ мрежа Си-ен-ен која ќе ја емитува првата дебата, објави дека изборниот штаб на кандидатите се согласил со новите правила, што […]

Предлогот на Трамп за ослободување на бакшишите од оданочување ќе го чини буџетот до 250 милијарди долари


Најавата на поранешниот претседател Доналд Трамп дека ако повторно стане претседател, ќе стави крај на оданочувањето на бакшишите, според првичните проценки ќе ја чини федералната влада до 250 милијарди долари во текот на 10 години. Предлогот – првпат изнесен од Трамп пред нешто повеќе од една недела во Невада – ќе го зголеми буџетскиот дефицит […]

Апелациски суд во Џорџија го запре процесот против Трамп за вмешаност во изборите


Апелациски суд во Џорџија синоќа нареди запирање на процесот против поранешниот претседател на САД Доналд Трамп во кој тој и уште осуминна останати се обвинети за вмешаност во изборите. Судската одлука, донесена синоќа, значи дека процесот против Трамп, во кој тој се обвинува дека сковал криминален заговор да влијае врз резултатот од изборите во Џорџија […]

Трамп има право да се кандидира за претседател, да гласа, но нема право да носи оружје


Доналд Трамп сега е престапник. Еве што значи тоа за правата на поранешниот американски претседател – првиот некогаш осуден за кривично дело – додека тој се обидува да ја врати Белата куќа во ноември: – Се очекува Трамп да ја добие републиканската претседателска номинација на партиската конвенција во Милвоки, што треба да почне само четири […]

Трамп побара од судот да му дозволи да зборува јавно за случајот со фалсификувањето документи


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од судијата задолжен за неговиот случај за обвинението за фалсификување деловни документи за да ги прикрие плаќањата на поранешната порно актерка Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година, да му ја укине забраната јавно да зборува за случајот. Трамп беше прогласен за виновен минатата недела, а пред почетокот на […]

Трамп: Моето одење во затвор би било пресвртната точка


Доналд Трамп рече дека ќе ја прифати одлуката за домашен притвор или ќе оди во затвор, откако поротата во Њујорк го прогласи за виновен по 34 точки минатата недела, но тој смета дека на јавноста ќе и биде „тешко“ да го прифати тоа. „Не сум сигурен дека јавноста би го прифатила тоа лесно“, рече републиканскиот […]

Трамп тврди дека ако стане претседател, Путин ќе му направи услуга и ќе го ослободи новинарот Гершкович


Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп соопшти денеска дека ќе ги искористи своите врски со претседателот Владимир Путин кој ќе му направи „бесплатна“ услуга и ќе го ослободи Иван Гершкович, новинар на „Волстрит журнал“ кој е во руски затвор веќе 14 месеци. На својата платформа „Трут соушл“ Трамп напиша дека тоа ќе го направи набргу […]

Доналд Трамп најави правни мерки против автори на филм за неговиот живот


Новиот филм за Доналд Трамп, „Приправник“ (The Apprentice) вчера ја имаше својата светска премиера на Канскиот филмски фестивал, привлекувајќи главно добри оценки од критичарите, но и закани за правни последици од поранешниот претседател на САД. Филмот е издаден додека судењето на Трамп во Њујорк сѐ уште трае, како и во пресрет на претседателски избори во […]