Ако Трамп воведе царини за Канада, Онтарио ќе воведе за санкции за извоз на електрична енергија


Онтарио, најнаселената провинција во Канада, би можела да забрани увоз на алкохол произведен во САД и да го ограничи извозот на електрична енергија и критични суровини за електрични батерии во американските сојузни држави Мичиген, Њујорк и Минесота, доколку новоизбраниот претседател Доналд Трамп воведе царини за сите канадски производи, изјави синоќа висок функционер на Онтарио. Претставникот, […]

Синот на Трамп објави монтирана снимка од неговиот татко како го клоца Зеленски во главата


Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, објави видео на Инстаграм како одговор на најавите дека неговиот татко ќе биде прогласен за личност на годината од магазинот Тајм. На почетокот на видеото е прикажана насловната страница на Тајм од 2022 година на која е украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тогаш една нога го […]

Трамп избра тврдокорна републиканка за да води Глас на Америка- медиум финансиран од владата


  Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ја избрал Кeри Лејк, поранешна водителка на вести и републиканка која не успеа да освои место во Сенатот минатиот месец, за директор на медиумот Глас на Америка финансиран од американската влада. Во објавата на неговата страница „Truth Social“, Трамп објави дека Лејк „ќе обезбеди фер и прецизно […]

Трамп го покани кинескиот претседател на инаугурацијата


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го покани кинескиот претседател Си Џинпинг на неговата инаугурација следниот месец, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на повеќе извори. Покана за инаугурацијата на 20 јануари во Вашингтон била испратена на почетокот на ноември, непосредно по претседателските избори на 5 ноември, а не е јасно дали е прифатена, јави Си-Би-Ес. Во […]

Трамп планира да потпише 25 укази на првиот ден од своето претседателство


Во првиот ден од своето претседателство Доналд Трамп планира да потпише 25 укази и директиви и со тоа да направи значајни промени во државната политика на САД, јавија денеска  дел од американските медуми. Уште на првиот ден од своето владеење Трамп планира да даде раширени надлежности на вработените во имиграциската служба, обнова на изградбата на […]

Трамп вели дека решавањето на украинската криза е негов главен приоритет


 Доналд Трамп рече дека решавањето на украинската криза ќе биде негов главен приоритет откако ќе ја преземе функцијата следниот месец, опишувајќи го Блискиот Исток како „помалку тешка ситуација“. „Мислам дека треба да го решиме проблемот со Украина со Русија“, изјави новоизбраниот американски претседател за францускиот магазин Paris Match во интервју снимено во саботата и објавено […]

Јавната обвинителка на државата Њујорк, Летиција Џејмс, нема да ја повлече тужбата против Трамп


Обвинителката на државата Њујорк Летиција Џејмс денеска соопшти дека нема да ја повлече граѓанската тужба против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека претседателите „не се имуни на граѓанските тужби“. Трамп и неговите адвокати минатиот месец побараа Џејмс да се откаже од граѓанската тужба за измама во која наводно биле вклучени Трамп, неговото семејство и […]

Трамп: Украина не треба да очекува ист обем на воена помош од САД како во времето на Бајден


 По промената на власта во Вашингтон, Киев не би требало да смета на истиот обем на воена помош кој беше достапен за време на администрацијата на Џозеф Бајден, рече новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за Ен-Би-Си Њуз. Тој, меѓу другото, истакна дека Украина „веројатно“ треба да очекува дека поддршката од САД ќе се […]

Трамп: Асад избега затоа што Русија го напушти


Сириските опозициски сили денеска ја презедоа контролата врз Дамаск, додека претседателот Башар ал Асад наводно избегал од главниот град. Опозициските борци ги повикаа сириските граѓани да се вратат во земјата и прогласија почетокот на „нова ера“. Хади ал-Бахра, лидер на сириската политичка опозициска коалиција во странство, изјави дека Дамаск е „ослободен од Асад“ и му […]

Украинската делегација имала разговор со советникот на Трамп


Украинска делегација синоќа се сретна со високи претставници на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјави за американски медиуми извор запознаен со состанокот. Делегацијата ја предводеше Андриј Јермак, близок соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. -Состанокот се одржал во Вашингтон со советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Волц и неговиот пратеник во Украина Кит Келог, изјави […]

Три плана на сојузниците на Трамп за завршување на војната во Украина


  Доналд Трамп сè уште нема развиено конкретни предлози за решавање на војната во Украина. Но, неговите сојузници и советници разговараа за неколку идеи јавно и приватно, вклучително и меѓусебно и со самиот Трамп. Тие имаат некои заеднички елементи, пренесува Ројтерс врз основа на анализа на изјави и разговори со неколку луѓе блиски до новоизбраниот […]

Гренел не стана ни специјален пратеник за Украина. Местото го доби Кит Келог


  На миленикот на повеќе балкански влади, поранешниот американски амбасадор во Германија, Ричард Гренел, му се лизна уште една функција која ја посакуваше во новата американска администрација. Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска го именуваше поранешниот помошник за национална безбедност и пензионираниот генерал-полковник Кит Келог за специјален пратеник за Русија и Украина, назначувајќи го да ги […]

Левит: Кандидатите за администрацијата на Трамп добија закани, меѓу кои и со бомба


Неколку номинирани и именувани функционери во идната администрација на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, биле цел на насилни закани, вклучително и закани со бомби, изјави денеска портпаролката на Трамп, Каролин Ливит. Според неа, заканите биле упатени синоќа и денеска, а органите на редот реагирале брзо за да ја осигураат безбедноста на луѓето […]

Анкета на ИФО: Реизборот на Трамп ќе влијае негативно врз економиите на Европа и Германија


Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД ќе има главно негативно влијание врз економиите на Европа и Германија, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен и весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг” (ФАЗ), спроведена со 180 економисти. Како што се наведува, 20 отсто од економистите очекуваат дека реизборот на Трамп […]

Трамп потпиша Меморандум за разбирање со Белата куќа за продолжување на транзицијата на власта


Новоизбраниот претседател Доналд Трамп потпиша, по долго одложување, Меморандум за разбирање со Белата куќа, што ќе им овозможи на кандидатите за нови позиции да се сретнат со колегите во одделите и агенциите, пред јануарската транзиција на власта. Сузи Вајлс, која ќе биде шефица на кабинетот на Трамп, нагласи во соопштение дека транзицискиот тим потпишал меморандум […]

Пад на европските берзи, инвеститорите загрижени поради царините на Трамп


На европските берзи во вторник наутро цените на акциите паднаа бидејќи инвеститорите се загрижени од најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за увоз на производи од неколку земји. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,6 отсто во 9:30 часот. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за […]

Кинеските берзи во пораст откако Трамп најави помало зголемување на царините


 Азиските берзи денеска се тргуваат внимателно, бидејќи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави зголемување на царините, додека доларот зајакна во однос на кошничката валути. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции беше во минус од 0,2 отсто во 7:00 часот. Истовремено, индексот Никеи се лизна за 1,4 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во […]

Трамп најави дека на 20 јануари ќе воведе царини за производи од Кина, Канада и Мексико


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе огромни нови царини за производи од Мексико, Канада и Кина штом ќе ја преземе функцијата, како дел од напорите за сузбивање на илегалната имиграција и трговијата со дрога. Трамп на социјалната мрежа Truth Social напиша дека на 20 јануари ќе ги потпише сите потребни документи за […]

Кој ќе ги води ЦДЦ, ФДА…Трамп објави серија номинации за највисоките позиции во неговата идна администрација


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го составува персоналниот крстозбор на неговата администрација, па во петокот, покрај изборот на Скот Бесент за нов министер за финансии, објави и серија номинации за многу други водечки позиции на неговата социјална платформа „Truth Social“. . Поранешниот конгресмен и лекар Дејв Велдон е изборот на Трамп да раководи со Центрите […]

Трамп го номинираше инвеститорот Скот Бесент за министер за финансии, бил и директор на фонд на Сорос


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во петокот на својата платформа за социјални медиуми Truth Social објави дека го номинирал инвеститорот Скот Бесент за нов министер за финансии, клучна позиција во кабинетот со огромно влијание врз економските, регулаторните и меѓународните прашања. „Големо задоволство ми е што го номинирав Скот Бесент за 79-ти министер за финансии на […]